Laibach

T

Tetro

Гостин
Laibach е авантгардна музичка група, која користи индустријални елементи, мартијална уметност и нео-класичен музички стил.

"Laibach" е германски збор за главниот град на Словенија, Љубљана.

Едно утро далечната 1980 година Лајбах (Љубљана) осамнува прелепена со плакати кои го носат крстот на Казимир Маљевич впишан во запчаник. А, под него испишано Лајбах. Со ова, како дел од уметничко (мултимедијално) - политичкото движење наречено „Neue Slowenische Kunst“ (НСК-Нова Словенечка Уметност), се обзнанува постоењето на неговата музичка секција наречена „Лајбах“. Заедно со сликарската група „Ирвин“, како и со театарот „Сципион нашице“, ја востановија таа фиктивна земја - земја без територија. И самите „Лајбах“ во една прилика ќе кажат: „Тоа е ментална конструкција во која се чувствуваме сите ние кои мислиме дека физичката, просторно ограничена земја не е доволна. Ние во таа земја живееме и тоа е се, но нашите умови се на некое друго ниво“.


Laibach (Лајбах) е бенд оформен на први Јуни 1980 година во Трбовље, Словенија (тогашна Југославија).
На почетокот делуваат во рамките на активностите на Ирвин и на театарската групација „Црвени пилоти“. Нивниот прв мултимедијален проект „Red district“ ќе има цел да ја испровоцира тогашната политичка структура во Трбовље. Но, настапот ќе биде забранет заради ’неправилно и неодговорно’ употребување на црни крстови како симболи. „Лајбах“ во тоа време ќе негуваат визуелен имиџ врзан за рударската иконографија, но подоцна ќе воведат и нови симболи: Триглав, еленски рогови, крстот на Маљевич... Првиот концерт „Лајбах“ ќе го одржат во 1982 година во Љубљана. Истата година, нивниот фронтмен Томаж Хостник ќе изврши самоубиство.
„Лајбах“ на сите подоцнежни настапи низ земјите во поранешна Југославија ќе предизвикуваат бурни реакции и револт кај јавноста заради нивната острина спрема тогашните политички збиднувања. Соцреалистичкото опкружување, ефектните концерти и дисидентниот статус дома ќе им овозможи на „Лајбах“ брз пробив на Запад.

Бројката на концертите на „Лајбах“ од основањето до денес е околу петстотини настапи низ целиот свет. Дваесет албуми (најновиот е „Волк“-преработки на национални химни), музика за многу домашни и странски филмски и театарски продукции вклучувајќи ги и холивудските е мал дел од биографијата за култниот бенд. За „Лајбах“ се снимени два целовечерни филма и неколку докумантарни, а нивните дела станаа предмет на научни и уметнички изложби, па дури и докторска работа на англискиот публицист Алексеј Монро. „Лајбах “ и денес важат за уметнички феномен од светски ранг. Нивната публика постојано се регенерира. Тие не ја изгубија острината и нивната мисија се уште трае. И понатаму живеат и творат во Љубљана.



http://www.laibach.org
http://www.laibach.nsk.si/
http://www.myspace.com/laibach
http://www.last.fm/music/Laibach
https://en.wikipedia.org/wiki/Laibach_(band)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3508A7E362DED34B8120C3E2D1F5AE34
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Учителите на рамштајн... сега приметив дека ми ги нема на хард идам да ги симнам. :)
 
M

macgowan

Гостин
Еден од првите спотови од некој бенд од екс-Југославија кој беше прикажан на тогашно MTV(на Alternative nation мислам беше). Тогаш беа други времиња и MTV Europe беше во своите почетоци и колку да имаше и тогаш отров комерцијала можеше во некој дел од денот да ги начекаш од Мај блади Валентајн до Кремпс. Сега е се уцвилено и размачкано и одвратно до бескрај. Ми е жал кога ќе видам дека децата денес се палат на некој и нешто од типот David Guetta или сл. и мислат дека е тоа нешто јако папапа...
Вакви пионери се ретки и мајката природа не `вади` појќе.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Без разлика на алудирањето на тоталитаризмот, намерно или не, во пародија или не; ова песна заедно со спотот се една неверојатно моќна комбинација:

 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Неколку работи кој ги знам за Лајбах, цензурирани се поради концертот во Загреб кога во проекција е пуштен другарот Тито како зборува и пенисот на Рон Џереми како се мафта во исто време и заради интервјуто во ТВ Тедник.
И тие како и јас еден период од својот живот го поминале во експорт импорт бизнисот, со мала разлика што тие носеле вреќи во пристаништа низ Ирска и Англија, додека јас во Прилеп градежно.
Учествуваат како статисти во Full Metal Jacket, Пол Меккартни пред неговите настапи го пушта нивниот албум со преработки на Битлси.

Еве зошто се цензурирани во бивша Ју



Статисти во Full Metal Jacket


Преработка од Битлси

 

Kajgana Shop

На врв Bottom