LADA NIVA vs SUZUKI VITARA

Член од
11 јануари 2009
Мислења
68
Поени од реакции
0
Колку од вас мислат дека ладате е подбра од сузуки витара. ве молам казете сто мислите.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
318
Поени од реакции
8
lada niva..... po cvrsta e ..... iako ne izgleda ubavo kako suzukito.... no poizdrzlivo i porakticno....defintivno LADA NIVA
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Чекај чекај... Што сакаш да правиш? Ти треба теренец, или џипче за продавање пуфки низ град :smir:

Нивата како теренец е одличен. Но за возење по пат, ке си имаш мака. Од типот на бучна е, има голема потрошувачка, нема големо забрзување и крајна брзина околу 120-130 која ја достига добри 3 минути :). Нормална вожња ти е некаде околи 85-90.

Витарата пак е обратна. Има помала потрошувачка, солидно забрзување, не е многу бучна, но и за по терен е катастрофа особено ако е моделот со погон само на предните тркала.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Ќе почнам со Лада Нива, иако немав сопствена имам искуства со ладите. Како теренец е добра, голем адут и е краткото меѓуосовинско растојание и гумите. Од друга страна моторот е слаб со голема потрошувачка.
Нешто што мене лично ме нервира е тоа што нема простор во кабината, значи едвај 4 четворица покрупни и ептен малку багаж - под услов да немаш боца за ЛПГ. Ако е постара ќе си имаш мака со гниење (буквално да нема здраво место каде да се прицврсти редукторот) потрошни делови како спони, јабучици, зглобови и работи кои цело време ќе те зафркават без разлика колку често менуваш. Ако си домаќин човек може да немаш вакви маки.

Џиш го знае местото каде што ја возам Махиндрата, а таму исто така имам отидено и неколку пати со Гранд Витара (1992 год) 1.6 JLX Sidekick. За суво брка работа, троши 5-5,5 литри, моторот не се слуша како работи :) Но, лесна е и бразди и дупки буквално ќе те „растурат“ ако пробаш барем малку побрзо да возиш, за разлика од Махиндрата која спие... За асфалт е чудо, 160-170 на саат без проблем, за разлика од Нивата.

Деловите се скапи, ама ретко има некој проблем.

Е сега, за потежок терон има слабости. Предниот диференцијал се вклучува само од надвор, значи треба да излезиш во калта и да го бараш предното тркало. Си застанал - што автоматски значи си заглавил. :helou: Пак ќе речам, лесна е и многу тешко се снаоѓа во длабока кал и длабок снег.

Ладата е над Витарата во теренските способности, но јас сепак би ја избрал Витара.

И најбитното - возачот Ако немаш појма од теренско возење, ни 3 лади ниви не те спасуваат...








Видов дека сакаш да ја смениш Ладата за Витара, па би ти ја предложил Витарава, само што во последно време ја гледам во Кавадарци значи може веќе да е продадена.

http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=112478

Размисли убаво дали вреди да ја смениш Ладата со Сузуки, оти и јас бев на вакво искушение за малку да направам огромна грешка.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Сакаш да менуваш Лада за Сузуки????

Ако ја имаш купено нова (или имаш инвестирано поголема сума пари во неа и е во топ состојба) НИКАКО!

Јас мислев дека сакаш да купиш џипче па се думаш помеѓу Лада и Сузуки.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.536
Поени од реакции
695
Мислам дека ладата е неприкосновено теренско возило
 
C

cige

Гостин
Попрво би купил половен трактор со кабина, отколку Лада Нива.
 

k@z@n

RS power
Член од
3 март 2008
Мислења
997
Поени од реакции
53
Попрво би купил половен трактор со кабина, отколку Лада Нива.
Бато јас имам слушнато дека како теренец ладата била многу подобра од некои други теренци...А дека со трактор ќе одиш некаде по некоја височинка и калљива подлога се имаш многу заебано.
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
Лада нива како теренец е едно од најдобрите возила според мене. Сум видел како витара, фронтера и еден сангјонг (мислам дека нешто такво беше) имаат заглавено до гуша а ладата поминува без гајле.
Како градско возило.. не е нешто особено но затоа се прават леки коли за во град и теренци за на планина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom