Kylie Minogue

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357


Кајли Ен Миног (на англиски : Kylie Ann Minogue, родена 28 мај 1968) е австралиска пејачка, текстописец и актерка, која е добитник на Британските и Греми наградите. СпоредWarner Music Australia Кајли има продадено околу 40 милиони плочи ширум светот. Кајли направи една од подолгите и поуспешните кариери како поп исполнувач во современата музика, а во Европа и Австралија е една од најпрепознатливите славни личности и секс симболи на својата генерација.
Кајли е родена на 28 мај 1968 во Мелбурн, Австралија, како дете на Рон Миног, сметководител со ирско потекло и Керол Џонс, танчерка од Велс. Таа е најстара од трите деца; нејзината сестра Дани е исто така поп пејачка, а братот Брендан е камерман на вести во Австралија. Кајли има завршено средно образование во гимназијата Camberwell во Мелбурн. [4]
Сестрите Миног уште како деца ја започнале својата кариера на австралиската телевизија. Oд 11 години Кајли настапува во сапунски серии како што се: Skyways, The Sullivans и The Henderson Kids. Кајли за првпат има музичка изведба во 1983 во една неделна музичка емисија за млади таленти. Во 1986 постигнува успех со сапунската серија Neighbours.Нејзината популарност во Австралија беше демонстрирана кога таа стана првата личност која доби 4 награди Logie на само една манифестација. Во кариерата и во животот наидува на многу пречки, како на пример борбата со рак на дојка.

Била девојка на пеачи како Jason Donovan и еден од најпознатите поп-рок икони Michael Hutchence.

Пејачка кариера

Во текот на нејзината кариера како пејачка можат да се издвојат неколку фази.

1987 - 1992 : Stock, Aitken и Waterman

Во 1987 Кајли настапува со песната “The Loco-Motion” на добротворниот концерт “Fitzroy Football Club” со некои други попознати луѓе од серијата Соседи. Оваа изведба ја забележуваат од Mushroom Records и Кајли добива договор за снимање. Песната е издадена како сингл, со изменето име “Locomotion”, и поминува седум недели на врвот на Австралиските топ листи. Оваа песна исто така ја добива и титулата најпродаван сингл во Австралија за осумдесеттите.
После овој успех, Кајли патува во Лондон со извршниот директор на “Mushroom Records” за да преговараат со Stock, Aitken & Waterman. Тие не знеле многу за Миног, па случајно заборавиле дека таа доаѓа. Кога таа пристигнала тие биле изненадени, па напишале песна додека ги чекала надвор од студиото. Песната била “I Should Be So Lucky “. Оваа песна доживеала голем успех како број еден на топ листите во Велика Британија, Австралија и многу други земји. После ова Кајли го снима својот прв албум “Kylie”. Албумот е колекција од денс-поп ориентирани песни и го достигнува врвот на топ албум листа во Британија. Овој албум истовремено претставува и најпродаван албум на годината. Сепак, преработката на “Locomotion” го осовојува третото место на Американската Billboard Hot 100 листа и третото место на Канадската листа на синглови. Во 1988 Миног ја напуста серијата Соседи со цел целосно да се посвети на нејзината музичка кариера. Во 1989 Кајли и Џејсон Донован снимаат дует со наслов “Especially for You” кој се продава во над милион копии во Велика Британија. Следуваат неколку напади од музичките критичари. Кевин Килиан го опишува нејзиниот албум како “majestically awful”.
Вториот албум на Кајли е насловен “Enjoy Yourself” и е издаден во 1989 година. Овој албум достигнува голем успех во Велика Британија, Европа и Австралија, но се покажува како неуспех во Северна Америка. Нејзината прва турнеја претставува вистински спектакл. Турнејата е насловена “Enjoy Yourself Tour”. Нејзините концерти низ Велика Британија, Франција, Белгија и Австралија ги оставаат фановите без здив. Списанието Herold Sun пишува “Време е да се признае и да се соочиме со фактите – ова девојче е ѕвезда”. Кајли Миног набрзо ќе стане Stock, Aitken and Waterman заштитен знак. Кајли станува најпродавана ѕвезда на сцената, па заради многубројните коментари дека вториот албум е бледа копија на првиот, менаџерите рашаваат да поработат на нејзиниот стил на музика.
Во 1990 излегува во продажба нејзиниот трет албум “Rhythm of Love”. Нејзиниот трет албум претставува софистицирана и созреана страна на денс музиката со јасно изразени знаци на бунтовничка страна против сликата на девојче од соседството. Предодреден за да биде прифатен од позрела публика, новиот албум на Кајли настапува и со тотална контрола врз видео спотовите.
Стартниот спот “Better the Devil You Know” ја претставува како возрасна личност со слободно изразена сексуалност. Врската со вокалот на INXS Мајкл Хутченс и помогна за јавноста да ја прифати како сериозен изведувач. Со излегувањето на песната на Хутченс “Suicide Blonde”, посветена на Кајли, сериозноста беше потврдена. Хитовите од овој албум се добро продавани и прифатени во Европа и Австралија, посебно во нокните клубови во Британија, каде Миног почнува да биде признаена како модна икона од постарата публика. Во мај 1990, дваесет и двегодишната Кајли ја изведува познатата хит песна од Биталси “Help” пред публика од 25000 обожаватели на концертот посветен на Џон Ленон, на бреговите на реката Мерси во Ливерпул. Јоко Оно и Шон Ленон искажуваат благодарност за нејзината подршка на фондот Џон Ленон.
Договорот на Кајли со продуцентста куќа бил за три албуми, но поради нејзиниот успех, таа е убедена да сними и четврти. Четвртиот албум носи наслов “Let’s Get to It” и е издаден во 1991 година. Овој албум е дизајниран да ја прикаже Кајли во стил на побавни денс песни. И покрај позитивните оценки на критиката, албумот не доживува да се најде на Британскиот топ 10, иаконекои поединечни песни доживуваат успеси како “If You Were with Me Now”, која што се пласира на Британскоит топ 5 на синглови. Со ова Кајли ги исполнила должностите кон договорот со Stock, Aitken and Waterman, и одлучува да не го обнови. Подоцна за овие времиња Миног изјавува дека биле слични со времето кога била во серијата Соседи, и го опишува како “научи ги своите реплики, . . . , кажи ги своите редови, . . . , нема место за прашања, . . . , рекламирај го овој производ. . . ” и слично. Согледувајќи дека нејзините фанови се жедни кон нејзините изведби и нејзините албуми, и свакајќи дека може да созрее во озбилна ѕвезда само ако се раздели од Stock, Aitken and Waterman , Кајли одлучува да не потпишува нов договор. Таа се согласува да сними три нови песни и колекција “Greatest Hits”, со што го означува нејзиното заминување од оваа продукциска куќа во 1992.

1993 - 1998 : Deconstruction
Со потпишувањето на договорот со “Deconstruction Records”, медиумите нагласуваат нова фаза во кариерата на Кајли, но издавањето на ремиксите “Kylie Minogue” во 1994 е со најразлични критики во музичките списанија. Албумот се продава во 2 500 000 копии низ светот. Синглот “Confide in Me” поминува пет недли како број еден на Австралиските топ листи. Други попознати хитови од оваа издание се : “Put Yourself in My Place” и “Where Is the Feeling?”.
Австралискиот музичар Ник Кејв покажува интерест за соработка со Кајли. Тој бил запрепастен од песната “Better the Devil You Know”, и има изјавено дека таа песна ги содржи најнасилните и најстресните текстови што една поп песна може да ги содржи. Хитот “Where the Wild Roses Grow” издаден во 1995, претставува прекрасна балада, во чиј текст се опишува убиство доживеано од страната на убиецот (Ник Кејв) и страната на жртвата (Кајли Миног). Успехот на оваа песна докажа дека Миног може да биде прифатена надвор од границите на поп музиката. Песната привлече огромно внимание во Европа, каде достигна место во првите 10 најслушани песни, и во Австраилија, каде ја освојува наградата “Aria” за песна на годината и најдобро поп издание. Кајли ја продолжува соработката со Кејв со настап на рок фестивалот во Австралија “The Big Day Out” пред публика на фанови на алтернативна музика. Иста така, Кајли настапува како гостин на турнејата на Кејв низ Европа. Од овие настапи може да се издвои настапот во Шкотска на фестивалот “T in the Park”, којшто и дава на Кајли едно извонредно искуство во изведба пред публика која не е нејзин фан. На предлог на Кејв, таа настапува со рецитирање на текстот на “I Should Be So Lucky” во Лондон на “Robert Albert Hall Poetry Jam”. Подоцна Кајли ке му искаже голема благодарност на Кејв за неговата подршка во нејзиното изразување како уметник. За Кејв Кајли има изјавено: “Тој ме научи никогаш да не се одалечувам од самата себеси, а сепак да одам понатаму, да пробувам нови работи, но никогаш да не ја изгубам од вид мојата суштина, мојата срж, моето битие. За мене, најтешкиот дел беше да го откријам моето битие, да ја откријам мојата суштина, и да бидам потполно верна на мојата музика”.
Во текот на 1997 Миног е во врска со францускиот фотограф Стефан Седнауи, којшто ја опишува како мешавина на гејша и суперхероина. Тој почнува да издава фотографии од Кајли во гламурозно издание, привлекувајќи се повеќе публика. Кајли во ова време е инспирирана од уметници како што се Shirley Manson, Garbage, Bjork, Tricky, U2 и јапонски изведувачи како што се Pizzicato Five и Towa Tei.
Во Австралија Кајли од почетокот на својата кариера задржува статус на ѕвезда со висок профил на концертни изведби. Во 1998 таа настапува на “Sydney Gay and Lesbian Mardi Gras”. Во 1999 настапува на отварањето наFox Studios во Сиднеј, каде изведува ремикси од Мерилин Монро.

1999 - 2005 : Parlophone
Кајли продолжува со нејзината соработка со различи изведувачи. Во април 1999, снима со Pet Shop Boys на нивниот Nightlife албум. Таа потпишува договор со Parlophone. Под влијание на на изведувачите од седумдесетите го издава албумот Light Years во 2000 –та година. Во овој албум таа вклучува песни напишани од Гај Чамберс и Роби Вилијамс. Овие автори ги зачинуваат нејзините текстови со мала доза на хумор. Овие изведби ги продуцираат најдобрите критики во кариерата на Кајли. Набргу новите звуци на Кајли стануваат хитови во Азија, Европа и Австралија. Синглот "Spinning Around" постигнува прво место на британските топ листи, за прв пат во десет години. Од овој албум можат да се издвојат повеќе хитови во кои може да се вклучи "Kids", дует со Роби Вилијамс.
Во 2001-та Parlophone го издава албумот Fever, кој вклучува елементи од диско музиката од осумдесеттите. Водечкиот сингл “Can’t Get You out of My Head” станува најголем хит во кариерата на Кајли. Овој хит го достигнува првото место во преку дваесет земји. Албумот се продава во над четири милиони копии. Музичката критика го оценува како “перфектен албум со прекрасна денс музика”. Со овој албум Кајли дебитира наBillboard 200 топ листа на албуми на трето место. Други позначајни хитови од овој албум се :”In Your Eyes”, “Love at First Sight” и “Come into My World”. Во 2003 Миног добива Греми награда за најдобар денс албум. Во јануари 2007, после подолга пауза поради здраствени причини, Кајли го издава албумот “X”. Албумот е снимен во Лондон и во Ибица. Со новиот албум следува и светска турнеја.

Aлбуми:

Kylie (1988)
Enjoy Yourself (1989)
Rhythm of Love (1990)
Let's Get to It (1991)
Kylie Minogue (1994)
Impossible Princess (1997)
Light Years (2000)
Fever (2001)
Body Language (2003)
X (2007)
Aphrodite (2010)

Koрисни линкови:

http://www.kylie.com/
https://www.facebook.com/kylieminogue
http://en.wikipedia.org/wiki/Kylie_Minogue
http://mk.wikipedia.org/wiki/Кајли_Миног


и мојата омилена

 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Освен тоа што е пејачка, една е од ретките кои ја пронашле the fountain of youth.
Пошо е баба од 100 години а изглеа подобро од мене -.-
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Не би рекол дека некој роден 1968 е баба од 100 години. Татко ми е 1962-ра, сакаш да ти покажам слика? Не изгледа ни за 40. Можеби и он ја пронашол фонтаната, не знам
 

Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
Супер се држи за годините и покрај опаката болест со која се бореше. Нема некоја вонсериска убавина или јак вокал , ама ете харизма. Дуетот со Nick Cave единствено ми се свиѓа.
 
P

parvati

Гостин
Mене ми се сфиѓа само трака сс Колдплеј што ву е
Да е јака јака бомбетина е, a боље пое од ЛејдиКраву у главу,
сфите спиеф сс минѓушку само Бртини С'пирс, Кристину Агилеру да ву ебу ниедну веру и тија такој даље никакфи
Еве гу трака која ми се лајк ит
Coldplay vs Kylie Minogue - Lhuna
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ако Кајли нема добар вокал, идете убијте се.

Дали ви се допаѓа нејзината музика или не, вокалот е факт, не субјективна оценка.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Читав нешто се скарала со дечко и, па не можела да го преболи... ама не знам дали е вистина.
Сепак, за годините што ги има се држи јако добро... како жена пред се.
За мене не е чудо од пејачка, иако се проби во светски рамки.
Висината + гласот = Ноне фром Мацедонија :icon_mrgr:

Еве ја мојата... Валтцинг Матилда (y)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom