RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Пошто на форумов нема тема за КОL, ја имам честа да ја поставам темата за еден од моите најомилени бендови..
КОЛ се рок бенд со потекло од Нешвил, Тенеси, оформени во 1999 година. Во составот на групата влегуваат тројцата браќа Фоловил, Кејлеб (главен вокал и гитарист), Нејтан (тапанар и придружен вокал), Џеред (басист и придружен вокал) и нивниот братучед Метју Фоловил (гитарист и придружен вокал). Името на бендот е поставено во чест на таткото на тројцата браќа членови на бендот , кој бил свештеник и чие средно име е Леон.
Во почетокот биле само двајца членови и тоа Нејтан и Кејлеб, кои успеале да потпишат договор со продуцентската куќа RCA Records. Меѓуто, продуцентите инсистирале на дуото да му најдат уште неколку членови за да може да оформат бенд. Момците одбиле некој друг да им ги бира членовите, па така решиле бендот да го направат буквално семеен и го повикале својот брат Џеред, на кого му купиле бас гитара, а Метју бил повикан како гитарист.
КОЛ досега имаат издадено пет албуми.
1.Youth and Young Manhood (2003)
2. Aha Shake Heartbreak (2004)
3. Because of the Times (2006)
4. Only by the Night (2008)
5. Come Around Sundown (2010)
Од сите овие албуми убедливо најуспешен беше Only By the Night кој лансираше два хитови Use Somebody и Sex on Fire кои ги вивнаа момците на врвот на топ листите. Членовите на бендот имаат изјавено дека постојат два типа на фанови кои ја сакаат нивната музика. Првите се оние кои уште на почетокот биле со нив, и кои го забележале нивниот квалитет додека се уште биле само предгрупа на бендови како Pearl Jam, U2 како и на Боб Дилан. Вторите се оние кои почнале да ги слушаат заради албумот Only By The Night и истите тие го користат текстот на песната Sex On Fire како Фејсбук статус..
За мој вкус, од овој албум можам да ги издвојам Revelry, Manhattan, Notion и една од моите најомилени песни од нив, ако не и најомилена, Closer. Досега овој албум на КОЛ е најкомплетен и најприфатен (воедно албум кој стана платинест). Стојам на ставот дека нивните најдобри музички парчиња се многу малку експлоатирани, можеби зашто немаат комерцијална нишка во себе.
Од последниот албум, убедливо најомилена ми е The End.