Kerber (Band)

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Кербер е српска хард - рок екс ју група која е основана во Ниш 1981 година. Составот со кој била освонава групата бил Горан Шепа - Гале (вокалист познат по својот мелодичен глас), Томислав Николиќ - Тома (гитара), Бранислав Божиновиќ - Бане (клавијатура), Зоран Стаменковиќ - Зока (тапани), Зоран Зикиќ - Соса (бас гитара). Всушност оваа петорка е последната постава на групата Топ, значи последниот состав на групата Топ ја основа групата Кербер. Името е земено од грчката митологија, Кербер значи троглаво куче со змиска опашка кое го чува подземниот свет Хад, ова е и нивното лого по кое се препознатливо, еве клик.



Во 1983 на младинскиот фестивал со песната „Мезимац„ го освојуваат убедливо првото место и од страна на публиката и од страна на жирито, со што се стекнуваат со голема слава и отворени врати за понатамошен успех.

Потоа во истата година после напорна работа го издаваат нивниот прв албум „Небо је мало за све„, со кој се стекнуваат со голема слава. Овој албум е продаден во над 10 000 примероци.


Кербер веќе стануваат ширум познати низ бившите екс ју држави, особено во Босна, Србија и Македонија. Организираат концерти низ цело ова подрачје заедно со светски познати рок групи како Uriah Heep, Ten Years After и Nihtwing. Нивните концерти стануваат препознатливи по тогашниот басист Зоран Зикиќ - Соса кој свирел гитара како секира и изведувал разни опасности со оган. При еден концерт тој добива изгореници од втор степен при изведување на сцена со голтање на оган, но тој го продолжува и завршува концертот.

Во 1984 заминуваат во Англија каде што го снимаат својот втор албум „Ратне Игре„. Времето поминато во Англија (два месеци) го поминале во правење концерти и во снимање на нови албуми. Кербер се единствениот бенд на овие простори што може да се пофали со одржан концерт во Warehouse, Ливерпул, Англија. Нивниот втор албум е продан во над 50 000 примероци, и Кербер во тоа време доаѓаат на врвот на екс ју рок сцената на нашите простори. Одма после вториот албум групата ја напушта Зока - тапанарот, и на негово место доаѓа тапанарот на Генерација 5 (и за нив ќе отворам тема еден ден ако нема :love:) - Бобан Џорџевиќ - Боза.

Потоа следува еден период на правење паузи и на менување многу нови членови во бендот. Во следниот период ги издаваат своите албуми Seobe 1986 што е најверојатно најдобриот нивни албум бидејќи во него се најпознатите и најдобрите нивни песни бар според мој вкус. Составот со кој е издаден овој албум е : Горан Шепа, Томислав Николиќ, Бранислав Божиновиќ, Зоран Жикиќ, Драгољуб Џуриќиќ. Потоа со истиот состав но и со 3 нови женски попратни вокали го издаваат и албумот "Ljudi i bogovi" во 1988 година.

Потоа издаваат уште два студиски албуми. „Peta Strana Sveta„ во 1990 и „Zapis„ во 1996.

Истотака важно што морам да напоменам е дека се појавуваат на големиот рок маратон во Белград „RnR Forever", организираат легендарни концерти за 15 и 20 годишнина може ги има цели на Јутуб може да си пребарате. Се појавуват и во Софија како предгрупа на Ronnie James Dio. И воглавно тоа е се што за нив треба да се издвои, да не ве малтретирам више со читање, одиме со малку музика :D


Овие ми се така поомилени, ставете ги и вие кои ви се допаѓат највише од нив или ви се нај при срце. Па пишете нешто за нив ако сум испуштил, дали ги слушате и така натаму (y)

И би го замолил модераторот/модераторите на подфорумот Музика да ја префрлат оваа тема како и мојата прва тема за Тути Фрути во темата Странски Изведувачи. Благодарам однапред :)
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Како да расипеш име?
Ставаш пред него MC, DJ или Група или пак после него Бенд, Састав/ф или исто MC и тн...
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Како да расипеш име?
Ставаш пред него MC, DJ или Група или пак после него Бенд, Састав/ф или исто MC и тн...
Не им е тоа името. Името им е Кербер. Тоа бенд во насловот е да се дообјасни за да не помисли некој дека станува збор за митолошкото суштество Кербер.
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Не им е тоа името. Името им е Кербер. Тоа бенд во насловот е да се дообјасни за да не помисли некој дека станува збор за митолошкото суштество Кербер.
Ааа, епа тогаш не е уништено името :LOL:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom