Работната позиција е во Скопје
--- надополнето: 13 февруари 2014 во 13:00 ---
Прва задача ќе му биде правење 10 интервалометри за Canon?
тоа со Canon во слободно време
--- надополнето: 13 февруари 2014 во 13:29 ---
Ако може повеќе информации за огласот ... кој град, работно време, плата итн ...
Поздрав,
Работната позиција е во Скопје, работното време е од 9-17 часот, за плата неможам да дадам инфо бидејќи не сум надлежен. Ситуацијата е следна - се работи за позната македонска ИТ компанија, но проблемот е што кога ќе се објави оглас за сервисер електроничар, има огромен број апликанти кои под сервисирање подразбираат чистење од прашина, промена на меморија, процесор или графичка карта, чистење од вируси, преинсталација на оперативни системи и слично. Во целото мноштво пристигнати апикации тешко е да ги исфилтрираш луѓето што навистина ги имаат потребните квалификации од луѓето што преинсталираат компјутери по дома и по пријатели.
Значи се бара човек што има сервисно искуство, знае да лоцира дефект, да прелеми одредени компоненти, да има познавање од електроника (струи, напони, функција на одредени компоненти и слично). Се бара човек со искуство во сервис (компјутери, лаптопи или мобилни).
Доколку имате одредено искуство со сервис на ИТ опрема пишете тука или на ПП...ќе ви пишам на ПП за која фирма се работи и каде да го испратите вашето CV.
Информации за работните услови, работни часови, плата и слично ќе ви бидат понудени на првото интервју со работодавачот.
Јас ниту вработувам, ниту можам да понудам услови, само правам услуга на компанијата да најде соодветен човек за работната позиција без да биде преблокирана од несоодветни апликации, а исто така да му овозможам на некој невработен форумџија да најде вработување или некој вработен форумџија да најде работа со подобри работни услови.