INXS

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.401
За мене лично една од најдобрите групи ever... Мајкл дефинитивно е еден од најголемите шмекери на музичката сцена.

Групата е формирана во 1977 година и зад себе има низа успеси од крајот на 80-тите и во 90-тите години на XX век, а има продадено повеќе од 30 милиони плочи. Мајкл Хачинс беше 20 години пејач на групата која стана една од најголемите и најпознатите рок групи во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, благодарение на неговата привлечна харизма.
Во 1997 година, на 37-годишна возраст беше пронајден мртов во хотелска соба во Сиднеј. По неговата смрт групата се обиде да опстои со редица други пејачи, но никогаш не врати на патеките на успехот од 90-тите години на минатиот век. Засекогаш ќе ги паметиме по „Original Sin", „Need You Tonight", „Devil Inside", „New Sensation", „Baby Don't Cry", „Never Tear Us Apart", „Suicide Blonde", „By My Side", „Mystify" и тн.....

Најново е дека конечно се распаднаа... но требаше и порано да се случи, Мајкл им беше иконата

Поранешниот пејач на групата INXS и некогашен дечко на Кајли Миног беше пронајден обесен во хотел во Австралија во 1997 година на 37 годишна возраст. Во тој период групата на чело со Хачинс била на светска турнеја која требала да заврши во Австралија. Било утврдено дека се работи за самоубиство, во неговата крв биле пронајдени траги од алкохол, кокаин, Прозак и други лекарства што според вештаците биле причина да креираат депресија доволно силна за пејачот да си го одземе животот. Освен тоа, имал турбулентна врска со Пола Јејтс која пак се плеткала со Сер Боб Гелдоф што за многумина била причина да почувствува уште подлабока депресија. Мајката и полусестрата на Хачинс дале интервју во кое тврдат дека Пола носи голема вина за неговото самоубиство затоа што често се заканувала дека ќе посегне по себе и по нивното дете доколку тој не се ожени со неа изјавувајќи дека тоа му го рекла и утрото кога се самоубил. Вечерта пред да се самоубие Хачинс очекувал повик од Пола за да знае дали таа ќе ја донесе нивната ќерка во Австралија и бил поприлично растревожен. Хачинс му оставил порака на својот менаџер коjа гласела: "I've fu*king had enough." Постојат тврдења дека според форензиката направена врз телото на Хачинс има индикации дека пејачот е убиен со оглед на тоа што неговата рака била скршена, а усната расечена. Мотивите за убиството според една теорија се кријат во неговиот политички активизам, а според друг во некои финансиски договори кои ги направил со мафијата.
Поранешниот холивудски сценарист и продуцент Боби Галински најави снимање на долгометражен филм за животот на покојниот харизматичен пејач на австралиската рок група INXS, Мајкл Мајкл Хачисон.


Боби Галински, косценаристот на филмот „Тенката линија на смртта" од 1990 година на режисерот Џоел Шумахер, ги доби правата на адаптација на биографијата за Мајкл Хачинс под наслов „Just a Man: The Real Michael Hutchence", што ја напишаа мајката и сестрата на прерано починатиот пејач по неговата смрт.

Филмот би требало да се снима под насловот „Two Worlds Colliding", според една од песните на INXS, а според австралиското радио ABC, снимањето ќе започне следната 2013 година.

„Сакам да тргнам од неговото детство, и да го прикажам неговиот развој и животен пат, како и почетоците со INXS, и на кој начин пејачката кариера го трансформирала и влијаела врз неговиот личен живот", вели Галински за ABC. Хачинс, инаку, е роден во австралиската метропола Сиднеј, меѓутоа детството го минал во Хонгконг.

Мајкл Хачинс беше пронајден мртов во хотелска соба во Сиднеј на 22-ри ноември 1997 година, набрзо откако бендот го објави својот десетти албум „Elegantly Wasted". Според истрагата, причина за смртта самоубиство, најверојатно при авто-еротско задушување, што не е реткост во тој дел од светот. Сепак, околностите останаа нејасни. Неговата пепел по кремирањето е истурена во заливот Роуз Беј во Сиднеј.

Зад себе остави експлозивна кариера и ќерка од бракот со Пола Јејтс којашто по неговата смрт ја усвоија Јејтс и нејзиниот сопруг Боб Гелдоф.

Групата INXS во 1982 година го привлече вниманието на светската музичка јавност со албумот „Shabooh Shoobah", а во 1987 година го објавува албумот „Kick" од кој синглот „Need You Tonight" кој се искачи на првото место на стигна на престижната листа на музичкиот магазин Bilboard.


 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
За мене лично една од најдобрите групи ever...

Групата е формирана во 1977 година и зад себе има низа успеси од крајот на 80-тите и во 90-тите години на XX век, а има продадено повеќе од 30 милиони плочи. Мајкл Хачинс беше 20 години пејач на групата која стана една од најголемите и најпознатите рок групи во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, благодарение на неговата привлечна харизма.
Во 1997 година, на 37-годишна возраст беше пронајден мртов во хотелска соба во Сиднеј. По неговата смрт групата се обиде да опстои со редица други пејачи, но никогаш не врати на патеките на успехот од 90-тите години на минатиот век.
да, се согласувам дека беше еден од најголемите, ........ растев со нив.
него, и ти ли тепаш ноќна смена (y)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.401
Трета јбг... Уживам моментално, дечките подигаат ептен
 

Kajgana Shop

На врв Bottom