Едноставна храна за наутро која дава доста енергија, плус те држи сит. 100грама овесни снегулки=370ккал + 250мл јогурт (во зависност од масленоста од 40ккал на 100мл до 65ккал на 100мл) значи имаш оброк од околу 500-550ккал (ова е за машките, верувам дека ти се многу на девојка овие количини бидејќи кога ги оставам пола саат да отстојат 100гр овесни и 250мл јогурт и мене ми се дури многу за наутро да ги изедам). Може да му додадеш и 1 лажица ленено семе во истите и да си го ротираш јогуртот со млеко или вода ептен ако ти се брза во фазата на слабеење (јас дури и со зелен чај ги имам правено, грди се за јадење али да сменам чат пат
)
Слабеењето како што си кажа и самата ти се сведува на многу проста математика помалку јадеш-повеќе трошиш, намалуваш јаглехидрати зголемуваш протеинска храна. Нема некоја голема филозофија за слабеење на луѓе кои не се замараат нешто повеќе. Оние кои се бават со бодибилдинг, фитнес и тн веќе имаат повеќе замарање и малку посложен дел во слабеењето („чистењето“ популарно кажано) и треба да се запазат многу работи ако сакаат да намалат на телесни масти. Гледајте да го изведувате процесот преку храна, шејковите се само добар бизнис со одлична реклама и мачкање на очите на луѓето, храната и дисциплината околу тој дел во комбинација со некаква физичка активност ќе ви донесе добро градено тело и затегнато тело. Топачите на масти и апчињата за слабеење се уште поголемо мачкање на очи, поголемиот дел се сведуваат на големи количини на кофеин со што ви го намалува апетитот исфрлате вода и на вага гледате дека губите килажа, ако не се среди храната џабе е се.