Gipsy Kings

Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Џипси Кингс е француски бенд на чиј репертоар можат да се најдат жанрови како фламенко,
поп и различни традиционални песни.Нивната музика може да се опише како место каде што
се сретнуваат фламенко и ромската рапсодија,исполнета со салса фанк.

Двете фамилии од каде потекнуваат членовите на бендот,имаат потекло од Каталонија,но за
време на шпанската граѓанска војна,како и многу други фамилии пребегнуваат во Франција.
Нивни први песни се "Djobi Djoba" и "Bamboleo" кои биле популарно во Франција.

Нивниот албум Gipsy Kings доживеал голем успех во Европа,посебно во Франција и Англија.
Во 1989 доживуваат голем успех во САД,ретко кој шпански артист може да се пофали со тоа.
Други нивни албуми се:Estrellas,Mosaique,Love and Liberte и Esto Mundo.
Нивната верзија на песната "Hotel California" е саундтрак на култниот филм The Big Lebowski.
Нивната обработка на песната "You've got a friend in me" може да се слушне во филмот
Toy Story 3.




 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
За бендов дознав преку мое пријателче ром. Тој често знаеше да си слуша на јутјуб некои песни и еднаш кога бев кај него дома имаше пуштено некоја си песна и јас целиот :eek: < ваков во фацата го прашувам: Што песна е оваа? тој: Ова тие џипси кингс нешто наводно како ромска група. Јас не сум фан на нив но сепак имаат добра музика и добри песни кои мене ми се допаѓаат, не слушам премногу, но сепак знам понекогаш да си пуштам нешто чисто нешто да си сменам и да слушнам нешто поинакво но сепак добро. Од песниве на антена5 знам едно време беше како Poweplay песната bamboleo. Овие песни кои ги постави најслушани чинам им се но имаат исто така и останати добри песни.

Ајде да додадам:


Искрено јас би ви ги предложил да слушнете нешто од нив секако доколку слушате песни кои се на шпански јазик а исто така и песни кои се добри за играње.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom