Нема да се роди уште еден Фреди Меркјури. Во документарецот направен за концертот на Квин на Вембли, има изјава на Фреди во која вели дека повеќето луѓе мислат дека тој е арогантен човек, што тој самиот го демантира. Фреди го имаше она што го бара сцената. Самоувереност која асоцира на ароганција кога ќе стапнеш на неа, што нема никаква врска со приватниот живот, за разлика од обратниот процес на кој сега сме сведоци. Сега ѕвездите изигруваат филантропи на сцена или во јавноста, а во приватниот живот се арогантни и надуени луѓе. Фреди бил свесен дека е уникатен и дека вреди. Не е грев што на глас го признал тоа.
Од харизма, до глас, до талент за создавање музика, никој не може да му го порекне тоа.
Веројатно е еден од ретките ѕвезди како Џими Хендрикс и Курт кои сфатиле дека големите ѕвезди прерано го напуштаат светов.
Според она што го имам читано за него, како ретко кој музичар разбирал каков вид на театралност бара сцената (затоа ми е смешна целава фама околу Лејди Гага. Жената е комплетен фејл). Тој го има оформено бендот онаков каков што го знаеме. Никогаш не се плашел да ризикува со музиката и ете вроди со плод.
Концертот на Вембли веројатно нема никој да успее да го повтори. Самиот Мик Џегер чекал со часови за да може да присуствува на него. Ете колкава била големината на Фреди и на Квин. Жалам што не бев сведок на музицирањето на Квин, туку отпосле ја слушам нивната музика.
"I always knew I was a star, and now, the rest of the world seems to agree with me"
"I won't be a rock star. I will be a legend."
P.S : Thank you darling...