Fan club: Burnley FC

Резултат против Лестер на Турф Мур?

  • Победа

    Гласови: 7 33,3%
  • Пораз(или нерешено)

    Гласови: 14 66,7%

  • Вкупно гласачи
    21
Член од
15 јануари 2015
Мислења
203
Поени од реакции
176
Барнли ФК е професионален фудбалски клуб од Барнли, мал град со околу 75 000 жители во областа Ланкшир(Lancashire) во северот на Англија, 32 километри северно од Манчестер. Клубот е основан во 1882 година, а нивниот дом од 1883 е Turf Moor. Овој легендарен стадион има капацитет од 21401 гледачи. Во 1886 година овој стадион станал првиот кој што е посетен од страна на кралското семејство откако принцот Алберт Виктор отворил болница во Барнли. Се одликуваат по Бордо боја на дресовите со сини ракави(бои преземени од Астон Вила во почетокот на минатиот век кога тој клуб бил доминантен во англија).

Најголемите успеси се освоениот ФА Куп во 1914-тата година победувајќи го Ливерпул во финалето со 1-0, и освојувањето на Премиер Лигата во два наврати, 1920-21 и 1959-60, како и влезот во четврт-финалето на Европскиот куп во 1961.

Доста солидни играчи поминале низ бордо-синиот (Claret and blue) дрес, од кои по актуелни се Чарли Остин, Џеј Родригез, Стивен Флечер, како и легендата на англискиот фудбал која што никогаш не го достигнала својот потенцијал, Пол Гаскоњ.

Моментално се натпреваруваат во Премиер Лигата откако минатата сезона на крилјата на таканаречениот двоец во нападот “Вингс“ (Дени Ингс и Сем Воукс), кои што постигнаа вкупно 47 гола во Чемпионшип, беа промовирани директно како второпласирани , зад Лестер Сити.

Сегашниот менаџер е Шон Дајх, исто така познат како "Ginger Mourinho" кој што е познат по својата пасија и моќта да ги мотивира своите играчи, да ги натера да веруваат во себе дури и кога никој друг не верува. Најдобриот стрелец од минатата сезона е Дени Ингс(21 гол на 40 меча), а исто така и во досегашниот тек на оваа сезона во која има постигнато 9 гола на 30 меча во Премиер Лигата.

Клубот секогаш има огромна поддршка што го докажува следниот факт: Барнли оваа сезона има најголем процент на посетеност во однос на бројот на жители на градот низ битките со големите титани од Премиер Лигата на Турф Мур во една сезона во која безбедната зона е секогаш толку блиску, а секогаш недостасува таа една победа за да се влезе во неа.

#Believe
#believe.jpg
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
дали сте факинг сериозни? мора ли за секој е*ан никаков клуб за кој никој не навива да правите теми? исто и онаа со Карпи и со Бамбер бриџ ...
 
E

Epsilon

Гостин
Ваквите деца хипстери во средно ги праќавме по тостови да одат да купуваат.

Се знае, Барцелона, Јунајтет и Реал Мадрид и по некој миланез..
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
дали сте факинг сериозни? мора ли за секој е*ан никаков клуб за кој никој не навива да правите теми? исто и онаа со Карпи и со Бамбер бриџ ...
Се согласувам за постов. Фан клуб за Барнли, демек постои некој во Македонија што навива за клубов. Ај ако не и за клубови од втора Азербејџанска лига да отвараме фан теми, може има некои што навиваат и за нив...
 
D

dobramuzika

Гостин
гледам некој се буни зошто отварале теми за ниско рангирани тимови, па што ако бе? Еве јас навивам за нив.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Кога ќе го извадат нашето знаме на стадион да ми се јавите :P
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
203
Поени од реакции
176
ginger mourinho.jpg

Шон Дајх уште пред почетокот на сезоната јасно укажа на тоа дека нашиот клуб може да опстане само доколку психички се спремни да се борат со сите предизвици. Бордо-сините се во многу тешка ситуација откако еден од најдобрите играчи оваа сезона, Ешли Барнс доби непотребен црвен картон и нема да биде на располагање на „Црвенокосиот Мурињо“, откако по 4 меча без постигнат гол и само 1 освоен бод Барнли остана на дното на табелата за прв пат оваа сезона, но со само 2 бода негатива во однос на Хал кој што е прв над цртата. Но, мотивацијата и инстинктот за преживување ќе биде главен фактор оваа сабота кога на Турф ќе се сретнат двата директно промовирани тима од Чемпионшип минатата сезона. Формата е на страна на Лестер со 3 добиени меча едно по друго, но секако на тој терен нема фаворити - до сега неколку пати покажано и докажано откако актуелниот шампион го положи оружјето во последната победа на Барнли на средината на март.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.098
Поени од реакции
4.938
Барнли живи! Имав доста фанови у Куманово и заслужуваат фан клуб!
Ние играме под нивно име и не објавија на нивната официјална страна.
Надам се на опстанак!
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
203
Поени од реакции
176
Ваквите деца хипстери во средно ги праќавме по тостови да одат да купуваат.

Се знае, Барцелона, Јунајтет и Реал Мадрид и по некој миланез..

А ви што сте медиокритетски деца и не сте чуле за други клубови никој не ви е крив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom