Faith No More

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
незнам колку ви се познати но се стварно многу добар бенд и по тоа што се добри инструменталисти и по тоа што многу експериментираат со стилови но вокалистот Мајк Патон ми е закон !

Epic - таман епика е песнава


Easy - обработка од Lionel Richie


Stripsearch - малку по чил аут :smir:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618


Некаде во ( од оваа дистанца) далечните 80-ти , повеќе или помалку непознатите калифорниски музичари Mike "Puffy" Bordin, Bill Gould, Mike Morris и Wade Worthington го основале Fate No Man, јбг најверојатно ништо посебно. Но, така се поставија темелите, на оваа рок бајка која ќе се распуца неколку години подоцна.

Во почетокот групата ќе се соочи со многу турболенции , главно кадровски (Mike Morris си отишол, a Wade Worthington го заменил Roddy Bottum) , но клучната промена се дешава во 1982 г. кога се раѓа името Faith No More. Многу лутаат и имаат изразит проблем за пронаѓање на моќен вокал. Една од многуте е и сопругата на Kurt - Courtney Love, но секако дека она не е била адекватното решение. По изгубената цела година го ангажираат Chuck Mosely ( другарче инаку на басистот Bill Gould со кој заедно свирел клавијатури во локалниот бенд The Animated) кој официјално станува главниот вокал у групата во 1983 г . Батево е роден у Hollywood, а уште како клинец научил да свири на пијано. Истата година на групата се придружува гитаристот James B. Jim Martin и конечно почнуваат со озбилната ствар. Првиот конкретен момент е демото за 4 песни, кој веднаш го свртува вниманието кај музичките кругови. Дебитанската плоча "We Care A Lot" снимана под палката на Matt Wallacea (Los Lobos) во Praire Sun студио, Cotati, Californija, е објавена za Mordam Records и со својот микс од фанки, рап, хип хоп, треш, прогресив, хард кор, поп, рок и хеви метал ги изненадила медиумите, критичарите, но најбитно слушателите. Се памети изјавата на една критичарка од тоа време : “ Faith No More звучат како некој кој во погрешно време е дошол во погрешен град, влегол во погрешен локал и сето тоа го направил во потполно погрешен период”. Нејзината изјава е само доказ дека многумина биле затечени од таквиот sound, бидејќи ретко кој очекувал дека тој колорит од музички стилови може да се спои, а згора на се па и да се слуша. Истрошениот вокал во спој со со heavy рифови им биле најјакиот адут, а главен фаворит им била насловната песна, благодарение на што добро поминале на сите полиња. Успешното деби им овозможило да потпишат договор со Slash Records, а првиот конкретен момент од нивната соработка е "Introduce Yourself, втората по ред плоча која излегла на 1 април 1987 и тоа под продуцентската палка на Los Lobos dueta Steve Berlin - Matt Wallace (озбилен хит од плочава е "We Care A Lot"). Успехот на вторава плоча сам по себе им наметнува турнеја (голема америчка турнеја) со до тогаш прилично анонимните Red Hot Chili Peppers.

И идеме пак со турболенции и проблеми. Chuck Mosely и неговиот самоубиствен флерт со алкохолот, кој му донел чести испади и бројни караници со останатите членови на бендот (кои меѓу другото му префрлале и за неговата вокална лимитираност). Исходот го знаете (претпоставувам), но од навидум безизлезната ситуација започнува светлата иднина на бендот со доаѓањето на Mike Patton. Faith No More добиваат фронтмен со харзима, со вокал како создаден за нивната музика, али уште повеќе мен што пука од креативност (само два дена по доаѓањето во бендот, почнал со пишувањето на материјал за нова плоча) и со заеднички напори на 20 јуни 1989 г. се раѓа "The Real Thing".



Hard rock ориентираната плоча добива блескави критики и популарноста на групата се проширува низ Европа и низ Австралија , но тие продолжуваат безмилосно да пердашат на топ листите. Да се биде фан во тоа време на Faith No More станало тренд, шо се почувствувало и на турнеите (особено во оној дел каде ги прателе Metallicа и Guns 'N Roses, чии членови биле нивни најголеми обожаватели). Сето тоа придонело да групата ја добие престижната Grammy номинација за "Best heavy metal/hard rock band". "The Real Thing" до крајот на 1990г. само во САД се распродал во повеќе од милион примеорци (постигнувајќи платинест тираж)."Live At The Brixton Academy", плочата со до тогаш најголемиот успех е објавена на почетокот на февруари 1991г. Таа го зацементира стекнатиот углед на групата и во нејзината уникатна музика уживале бројnи обожаватели.

Четвртата плоча "Angel Dust", објавена во средината на јуни 1992г. се карактеризира со апсолутна доминација на Mike Patton во композиторскиот дел, но и со тоа што Faith No More ги вивна во небески височини (времиња кога биле најшизици). Плочава се памети како најдоброто од нив, со посебен акцент на металот.
Metallica и Guns 'N Roses се бендовите у чие друштво Faith No More добро се чувствувале и дишеле, но и бендови со кои бандата од Сан Франциско имаат неколку забележителни настапи.

Завршетокот на "Angel Dust" турнејата го означила почетокот на пишувањето на новиот материјал за новата плоча, но и разделбата со гитаристот Jim Martin ( ноември 1994.г). Како негова замена, иако не на долги патеки доаѓа Mr. Bungle , гитаристот на Trey Spruance, кој не успеал да се задржи во бендот пред се заради долгите и напорни турнеи, но успева да заврши голем дел од работата на новата плоча "King For A Day, Fool For A Lifetime", која е издадена во март 1995. г. Trey-овото место го потполнува Dean Mentа, а плочава иако мејби послаба од претходните ради суптилното чачкање со soul (на некои од тогашните фанови овој момент ич не им се допаднал), сепак тоа е прва плоча која успеала да се искачи на место еден на било која топ листа ( во случајов австралиската).



Муабетот со новата ( шеста плоча по ред) како по дифолт донела и ново гитарско име. Овој пат тоа е бил гитаристот на System Collaps - Jon Hudson, кој го наследил Мента.
"Album Of The Year" е објавена во јуни 1997. г. и го задржала култниот статус на бендот во Нов Зеланд т.е Англија ( благодарение на "Ashes To Ashes", "Last Cup Of Sorrow" и "Stripsearch".) Последната песна на албумот е "Pristina", која се бафта со политички дешавки и тоа е една од песните која се памети од оваа плоча.

И тогаш се деси тоа од шо сите се најмногу плашеа...

На 19 април 1998г. Bill Gould на голем број e-mail и fax адреси ја пратил следнава порака: ” После 15 плодни години, Faith No More престанува да постои. Тоа е заедничка одлука , бидејќи веќе чувствуваме дека не дишеме како една целина. Членовите продолжуваат со своите соло проекти и ангажманите по останатите бендови. Им благодариме на сите кои сите овие години ревносно не пратеа.” И несакајќи се испоставило дека лисабонскиот концерт одржан ( неколку дена порано) на 7 април . е бил нивниот последен заеднички настап. Тоа изгледало практично неверојатно и невистинито и е дел од музичката историја со кој нивните обожаватели не успеале никогаш да се помират. Секако дека тоа е ненадминлив губиток, но не само за нив...
Со заминувањето на Faith No More музиката изгуби многу. Mike Bordin ја продолжува соработката со Ozzy Osbourne, Mike Patton соработува со Mr. Bungle, за да нешто подоцна ја основаат Fantomas , каде ќе им се придружат Dave Lombardo , потоа гитаристот на Melvins, Buzz Osborne и Mr. Bungleov , басистот на Trevor Dunn. Patton ги пеел back вокалите на Dillinger Escape Plan – мини албум "Irony Is A Dead Scene", а значаен ангажман има и во R & B electro pop rock групата Tomahawk, каде што бил повикан од нејзиниот основач , ex-Jesus Lizard гитаристот Duan Denison , каде што друштво му прави ex-Helmet тапанарот John Stainer и Kevin Ruthmanis басистот на Melvins.
Калвијатуристот Roddy Bottum продолжува да работи со Imperial Teen, група со која уште додека бил во Faith No More во 1996. година го објавил албумот "Seasick". Басистот Bill Gould се бавел со продуцирање на неколку непознати бендови како руските панкери Niave, Финците CMX, но и за великаните Rammstein. Еx-гитаристот Jim Martin снимил своја соло плоча, a започнал да се бави и со филмска музика.

Тоа се само некои од ангажманите на музичарите кои со престанакот на постоењето на матичниот бенд практично добиваат еден шокирачки дилит од светската метал сцена и за кои денес ретко се слуша ( исклучок е Patton). Постхумните Greatest Hits плочи "Who Cares A Lot?" од 1998.г. на која освен најголемите хитови се нашле и неколку необјавени песни и "This Is It: The Best Of Faith No More", објавена 2003 г. покажале дека сеуште постои озбилен интерес за повторна реанимација на групава ( запрепастувачки момент е и што тоа не го посакуваат само нивните истовременици туку и некои нови клинци кои сфаќаат дека современиве рок метал бендови се само бледа копија на овие великани).

Discography

Studio albums
1985 - We Care a Lot (Mordam Records: USA)
1987 - Introduce Yourself (Slash Records: USA)
1989 - The Real ThingPlatinum (Slash Records: USA)
1992 - Angel DustGold (Slash Records: USA)
1995 - King for a Day... Fool for a Lifetime (Slash Records: USA)
1997 - Album of the Year (Slash Records: USA)


Live albums
1991 - Live at the Brixton Academy (Slash Records: USA)

Compilations
1998 - Who Cares a Lot? (Slash Records: USA)
2003 - This Is It: The Best of Faith No More (Rhino Records: USA)
2005 - Epic And Other Hits (Warner Bros. Records: USA)
2005 - The Platinum Collection (Warner Bros. Records: USA)

Тие го имаа вокалниот виртоуз како свој фронтмен, тие звучеа толку генијално и толку безвременски. Остана моја халуцинација да ги видам у живо. Се надевам ќе ми се исполни...

 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Нема што да се каже, си откинал со биографијата (y) фала ти што ме потсети на бендов ги немав одамна слушнато. Ми прави ќејф што се отвараат квалитетни музички теми за бендови кои оставиле трага во музичката историја, среќа има луѓе со добар вкус и сенс за музиче, инаку овој денеш не(вкус) нервно ќе не осакати.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Не се лоши.:)
 

proud_89

Legenden sterben nie!
Член од
17 јануари 2011
Мислења
147
Поени од реакции
87
Партали бенд! Били иначе беше во Скопје и Охрид пред некој 6-7 години али како басист на Хармфул! Мислам дека уште пичат со тој бенд!
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Mike Patton е најдобриот вокал што го имам слушнато во рок музиката. Човекот може да пее оперски арии, гриндеррок, дед метал, балади со голема успешност.


Сега брзо беа во Белград но за жал имав обрски да ги погледнам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Со цела почит кон трудот за отворањето на темата, Faith no More се далеку со квалитетот зад другите бендови и музичари за кои досега ти отвори тема...

;)
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.683
Поени од реакции
866
Хммм ... со Нема повеќе верба прв пат се запознав пред 20 години , кога на MTV го видов и слушнав спотот за Epic , и останав со подотворена уста цело време додека траеше песната ... по неколку дена го најдов и преснимив на касета албумот The Real thing кој и до ден денес повремено го слушам ( одличен е дури и од денешна перспектива ) ... по неколку месеци го купив и Angel dust , кој според мене аранжмански и продукциски е уште подобар албум од The Real thing ... после тоа не ги следев баш што и како снимаат освен по некоја нивна нова песна ( Easy и слично ) ... иначе Мајк Патон има навистина моќен глас , а и остатокот од бендот се одлични музичари ... криво ми е што ги немам гледано во живо , но тоа е тоа .
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Супер се Faith... Патон е закон вокал, ги пратам и неговите други проекти, пример со Фантомас. Музиката им е супер, нешто прилично ново за во тоа време, паметам уште како помал, првата песна која ја чув нивна беше Digging The Grave, па ми остави ито како силен впечаток за бендот. До ден денес таа песна ми е сеуште омилена. Сега мислам дека во Белград ќе свират за брзо, едно мое другарче се спрема да замини :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom