EU traineeships - пракса во ЕУ институции

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Кајганџии (и сите што случајно ќе се најдат тука), дали имате било какви информации околу овие пракси, не сметајќи ги официјалните информации и официјалните страници.

Нека се развие дискусија, до крајот на август е рокот за аплицирање. Јас ќе аплицирам, тоа сигурно. Користење на сите можности за излез од тука, да, yes, of course.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Користење на сите можности за излез од тука, да, yes, of course.
мноооогу лошо...што го доведоа народот до степен да си ја замрази сопствената држава и гз преку глава да бега од неа
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Ме мрзеше да ги постирам линковите, но штом сте заинтересирани за тоа, Google it. :)

Снајдувањето се наоѓа во животот.

Околу:

мноооогу лошо...што го доведоа народот до степен да си ја замрази сопствената држава и гз преку глава да бега од неа
мислам дека низ цел форум доволно е објаснувано што и како, и зошто и како.

Не за џабе не ни даваат отворени граници низ Европа (не за влез во ЕУ, туку слободно движење), оти само пензионерите ќе останат тука. Впрочем, и тие не знам дали би сакале.
 
ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
493
Поени од реакции
317
Добро е човек да се проба на ова. Колку што разбрав ти даваат 1000 евра месечно, што се доволни за кирија и за јадење па ако може и да се тргне нешто на страна. Опуштена работа, никој не ти виси над глава, зошто да не
 
Styx

nocturnal
Член од
8 ноември 2008
Мислења
47
Поени од реакции
91

Па и не би рекла дека е опуштена работа и дека никој не ти виси над глава :) сепак станува збор за огромно поле на работа во оваа институција (секако дека нема да работиш секаде, туку каде што ќе бидеш назначен), и се бара огромно знаење за работата на ЕК. Има безброј активности кои ќе треба да бидат исполнети, од истражувања до дискусии, проекти... Како и да е, големо искуство е, ако некој бил, нека сподели.
 
Сепак, сигурно нема да ти дојде некој сo фрустрации од дома донесени и да ги истури на тебе оти нема на кого. Додуша и таму има по некој таков, барем не се масивни ко нашиве :)
 
Styx

nocturnal
Член од
8 ноември 2008
Мислења
47
Поени од реакции
91
Сепак, сигурно нема да ти дојде некој сo фрустрации од дома донесени и да ги истури на тебе оти нема на кого. Додуша и таму има по некој таков, барем не се масивни ко нашиве :)
Фала богу дека нема :D туку муабетот ми беше дека очекуваат од тебе голема подготвеност и одговорност, а и знаење.
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
И? што бидна?
Ништо. Дури и маил-от што ми го пратија (со тоа дека не сум одбран) беше толку нискобуџетно напишан што си помислив дека си имам работа со македонска администрација. :tapp:

И имав еден маил, а аплицирав во неколку комисии. Откако го добив тој маил, а ги очекував другите (што никаде ги немаше, на крајот воопшто и непратени) истражив што се случува со целиот тој процес и испадна бајаги "интересен". На скоро сите форуми беше нагласено тоа да по испраќање на апликациите и добивањето на било каков маил отпосле, на тебе останува да ги избомбардираш со лижи-газ-маилови за да те земат како практикант. Маилот требаше директно да го пишуваш до оние што би требало да земаат практиканти во односната комисија и со тоа да си ги зголемиш шансите за добивка. И тука некаде следеше ова - :facepalm:.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom