Espresso Mushroom

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Еве ви одлична идеја да од ништо направите нешто ;)
Потребно е еднаш неделно да ги обиколиш кафичите, рестораните и да им го собереш талогот од кафе еспресо, капучино, макијато... - кое тие го фрлаат( тоа не е смет- туку огромен ресурс)
Во англискиот град Брајтон во кафе клубот Small Batch Coffee еспресото се троши на големо- во него местните жители преку цел ден наминуваат на чашка кафе – а вработените талогот од кафе не го фрлаат туку го собираат во пластични вреќи .
Џон работи во компанијата Espresso Mushroom Company. Два пати неделно со велосипед ги посетува 10-те местни кафичи и го собира талогот од кафе .отприлика околуо 200 кг неделно –.Потоа го носи во специјалната фарма за одгледување печурки
Така на пример сто чашки кафе даваат околу 6 кг талог кафе. Во талогот додаваат расад од печурки .Таквите пакети потоа се нумерираат им се става дата и се оставаат на темно околу еден месец .Се поливаат двапати дневно и по две недели потоа се добиваат готови деликатесни печурки
Жетвата изнесува околу 500 кг месечно, а килограм се продава по 18 евра
9000 евра - месечно :P и не е за потценување за многу малку вложен труд


http://uk.news.yahoo.com/video/coffee-perks-mushrooms-114833772.html
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Ова ако е вистина да правиш кафиња и да ги шиткаш за беспари само колку да го собереш талогот и на крај пак во плус ќе бидеш :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Убо, сега да чујат локалниве газдарии ќе си отворат додатен бизнис.Никако фрлање остатоци.

Туку, зошто пингвини новинарки во Британија?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Знае некој дали во Мк откупуваат вакви печурки?
 
P

parvati

Гостин
Ае и лажичиња апани да ги миемо и сушимо на кафемат одозгора : ) Од пиено кафе да се праи ново ?
Од мој филџан нема да добиеф ништо, ја га собирам кајмак залепен по ѕ'дови од шољу, а и кратко га пију, двe г'лтке само, што вика другар ми шатови удараш само сс кајмак

Чудно како и да е, не сам чуја дека има Власи у Брајтон : )
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Одличен бизнис модел што секако нема да функционира кај нас оти нема кој да плати 18 евра за такви печурки..

кај нас на домашен пазар смрчакот се продава по 20 евра за килограм (на запад е по 100 евра и нагоре)... јас не знам да постои домашен пазар за домашна конзумација на смрчак..скоро секоја трговија во пазарот со скапи печурки е извозно ореиентирана

просто незамисливо е да продаваш храна што вреди 20 евра кило во македонија..


пред да се исили некој да произведува ваков производ и да почнува бизнис нека купи од кај овај британецот 10 кг и да видиме колку време ќе му треба да ги продаде во МК... :)


инаку да го збираш талгот од кафето вреди само ако продаваш над 18 евра/кг.. прашање и за толку дали вреди...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom