EP10

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

EП10 (ептен) е рок состав кој го сочинуваат четворицата млади членови Дарко Трајковски вокал, Александар Краљевски на соло гитара, Данило Секуловиќ бас гитара и Милош Краљевски на тапани.
Овој рок бенд настанал во февруари 2010-та година во Куманово, за чие име има интересна приказна. „EP10“ претставува игра на букви и бројки, кои читање на англики јазик звучно се поистоветува со македонскиот збор (турцизам) кој се користи како придавка за суперлатив (многу, најмногу). Името го следи глобалистичкиот тренд на англизми, а во исто време ја содржи и локалната традиција и историја.


Првиот настап на овој бенд бил под старото име „KuRiders“, и тоа интернационален настап кој се случил во март 2010-та година во Загреб во еден култен клуб на „Здружението на хравтски музичари“- „SAX“. Таму ги забележува хрватскиот продуцент Рејхан Окановиќ кој станува и продуцент на нивниот прв самостоен авторски албум насловен под името „Доста е“. Албумот е снимен во студиото „Prophaganda’s“ во Загреб во периодот од јули до декември 2010-та година и мастериран, кој го сочинуваат осум композиции. Комплетни автори на најголемиот број од песните се членовите на „EP10“.
Како гости-автори на албумот се појавуваат Кирчо Арсовски, композитор и фронтмен на ТБ Трачери, Дарко Даутовиќ хрватски радио водител, композитор и гитарист на загребскиот бенд Q-pack, Рејхан Окановиќ композитор, продуцент и гитарист на загребскиот бенд „Prophaganda“. Како гостин изведувач на една од композициите се јавува Арбен Шаќири- Бени познат како композитор и вокал на групата Нон Стоп.


Биографијата така процедурално и задолжително, мање више битна :) Сум им бил едно 3-4 пати на настапи и можам да кажам дека секогаш пукаат од енергија, дрмаат со својата синхронизираност (и уиграност) и ЕP10 моќно звучат у живо. Сеа не дека се оноа нај хард кор рокери (има тука добро кокетирање со поп) и имаат некои песни кај шо звучат млако, али би се послужил со зборовите на нивниот член Милош: "Момци во овој денешен кичерај од секакви песни, убаво е да види некој што си ја сака својата музика :)". Е така, во оваа поплава од српскиот и бугарскиот шунд, дајте бе да си ја изфорсираме нашава музика, сепак дечкиве ЕП10 добро си играат рок и храбро и пркосат на шабанаријата (башка слободно можам да ги наречам - иднината). Добри, добри, одлично ја бранат честа на Куманово.


 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Еве ги со се новото спотче ( да не биде после подфорум музика без 50 проценат маседониан мјузик)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom