David Bowie

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

15 непобитни факти

1. David Bowie е роден на 8 јануари 1947 година како David Robert Jones. Роденденот го слави на истиот ден како и Елвис.

2. Лудите ( или диви како сакаш наречи ги) школски денови го чинеа скоро губење на видот.Имено неговиот пријател George Underwood во текот на жестока расправија околу една девојка, го удира во око. Последица – неговата десна зеница останува трајно проширена и покрај напорите на докторите ( не можеле целосно да ја санираат повредата). Успеале да му го спасат видот, но тој останува практично слеп за бои.

3. Ки знае кој ја освоил девојката ( смртно ме занима како е изгледала), али Bowie и Underwood останале добри пријатели, дури George подоцна и ликовно средил некои од неговите први албуми.

4. На возраст од 17 години, Боуви како основач на Здружението за спречување на суровоста кон мажи со долга коса даде интервју за BBC. Тогаш тој се пожали на непријатностите на кои наидуваат припадниците на машкиот пол ради фризурата.

5. Првиот албум го издал 1967 година, а истата година следел и синглот 'The Laughing Gnome', која за жал не помина добро кај обожавателите( дури некои одат до таму шо ја сметаат за негова најлоша песна).

6. Кога во 1990 година било организирано телефонско гласање во кое неговите обожаватели ќе можат да ги одберат песните кои Bowie ќе ги свири на турнејата, најмногу гласови добила баш гореспоменатата песна. Секако дека Bowie не ја одсвирел.

7. Прва песна која стигнала до врвот на американските топ листи е била 'Fame' од 1975 година. Шизички у песнава е шо како коавтор се јавува John Lennon , кој ги отпеал и пратечките вокали.



8. Се смета дека David Bowie во текот на својата кариера продал повеќе од 150 милиони копии на своите албуми.

9. И така, пошо на целата таа Бритиш империја им се најрелевантни, вредно е да се спомене дека на неодамнешната анкета која ја спроведоа BBC, David Bowie го зазема 4 место на листата – најголеми живи британски икони. Над него се најдоа луѓе од рангот на David Attenborough, Morrissey и Paul McCartney.

10. За време на негов настап во Осло пред некаде 2 години (плус минус некоја година), е погоден со лижалче – ај погодете каде ( во око).

11. Неговиот постар полубрат Terry, кој боледувал од шизофренија и извршил самоубиство во 1985 година му бил гадна инспирација за 'Aladdin Sane', 'All the Madmen', 'The Bewlay Brothers' и 'Jump They Say'.

12. Песната 'Space Oddity' можеме да ја најдеме и во италијанска верзија под наслов
'Ragazzo solo, ragazza solo' (Осамен момак, осамена девојка).

13. Една од неговите најзанимливи филмски улоги е улогата на Пилат у филмот на Скорсезе “Последното Христово искушение ”

14. Bowie своето слободно време го користи за цртање, сликање, пишување и изработка на скулптури. Негови омилени уметници се: Tintoretto, John Bellany, Erich Heckel, Picasso и Michael Ray Charles.

15. Синглот 'Telling Lies' Bowie во 1997 година го издал само на интернет. Година дена подоцна го лансираше сопствениот интернет сервис провајдер Bowienet.




David Bowie 60-ина години rock & roll

Некако се осеќам должен и за ова. Значи, роден е како шо споменав на 8 јануари 1947 година во лондонскиот Brixton како David Robert Jones. На почетокот на новиот милениум, британскиот музички неделник NME radio спроведе истражување за највлијателните музичари на денешниве уметници и изведувачи. Секако дека David Bowie се најде неприкосновено на врвот (пресуден факт се биле Radiohead и U2 кои се позиционирале веднаш зад Bowie, а го навеле баш него како главна инспирација.)​
Неговата големина се гледа и во тоа шо зад него се нашле уметници од типот на The Beatles, Miles Davis, Kraftwerk, Sex Pistols, The Smiths… Денес камелеонот на rock 'n' roll музиката се наоѓа во седмата деценија на животот, али фраерски го прави и тоа, без ни малку да изгуби од кредибилитетот како автентична современа појава која подеднакво силно и исто инспирира некои нови клинци ( тинејџери) и широк спектар на разни уметници.​
Вокалниот инструктор Џо Томпсон ја опишува вибрато техниката на Боуви како “особено препознатлива.” Шиндер и Шварц го нарекле него “вокалист со извонредни технички можности, кој може да го доведе неговото пеење до одредени ефекти.” Овде исто така како и во неговите сценски вештини и пишување на песни, очигледна е камелеонската природа на Боуви: историографот Мајкл Кемпбел рекол дека текстовите на Боуви “ги заробуваат нашите уши, без прашање. Но Боуви континуирано се префрла од личност во личност како што ги донесува и текстовите... неговиот глас се менува драматично од една во друга секција.”

Боуви свири многу инструменти, меѓу кои електрични, акустични и гитара со дванаесет жици, алт,тенор и баритон саксофон, клавијатура вклучувајќи и пиано, синтисајзер и мелотрон, хармоника, стилофон, ксилофон, вибрафон, кото, тапани и перкусија, и жичани инструменти вклучувајќи виола и чело.

Овој мултиталент му запркоси дури и на инфрактот кој го доживеа пред неколку години и покажа дека не чувствува знаци на умор, бидејќи себеси се доживува како “ трагач кој не запира пред ништо ”, а тука се наоѓа и клучот за неговата виталност.



Дискографија:

David Bowie (1967)
- Space Oddity (1969)
- The Man Who Sold the World (1970)
- Hunky Dory (1971)
- The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars (1972)
- Aladdin Sane (1973)
- Pin Ups (1973)
- Diamond Dogs (1974)
- Young Americans (1975)
- Station to Station (1976)
- Low (1977)
- "Heroes" (1977)
- Lodger (1979)
- Scary Monsters (and Super Creeps) (1980)
- Let's Dance (1983)
- Tonight (1984)
- Never Let Me Down (1987)
- Black Tie White Noise (1993)
- Outside (1995)
- Earthling (1997)
- 'Hours...' (1999)
- Heathen (2002)
- Reality (2003)



И така дечки сметајте го мојот обид за негова биографија за храбар и дрзок. Кој и да се обиде, секогаш биографијата ќе изгледа сиромашно и бедно во споредба шо се не направил батево у неговата кариера. Можеме да го наречеме и Зиги Стардаст ако сакаме, можеме да го набљудуваме и како напален и ненаситен бисексулаец ( подоцна ќе изјави дека тоа му е најголемата грешка шо така јавно си кажал све), и како фанатик на Хитлер и кралот Артрур ( до душа еднаш се десил тој фамозен потег за шо подоцна ќе се огради) , и како пругасти костуми и џиш црвена коса, и како најголемиот двигател на креативноста и како икона на рок музиката ( колку смешно ми изгледа од оваа перспектива неговата изјава дека рок енд ролот е демонска музика) и како еден од најмоќните и најспецифичните вокали... Како сакате, никој нема да ви замери. Се е тоа David Bowie.

Значи идеме со ред:







 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Браво за темата, Дејвид е легендарна личност, икона....според мене подценет музичар иако познат на многумина сепак никогаш не ја доби заслужената почит кај кежуал слушателите.

За мене најдобрата песна на Дејвид е синглов,

:cuc:


И се разбира да не ја заборавам легендардната...

 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најинтересната констатација кога се зборува за Дејвид Боуви е што или можеш да го слушаш или неможеш. Значи толку специфичен вокал не е за сечие уво, неговите песни едни ги обожаваат другите органски неможат да ги смислат. Јас сум голем обожавател на Дејвид, одсекогаш ме фасцинирала неговата боја на глас, перфекцијата на сценските настапи и неговиот изглед се разбира. Според последните информации кои кружат изминатите години, Боуви речиси се откажа од настапи. Имаше изјава дека повеќе никогаш нема да запее, што е навистина штета, плус ќе ми ја уништи надежта дека некогаш ќе го слушам во живо.

Од многуте прекрасни песни ја одвојувам мојата омилена, каква емоција пренесува ѕверкава тоа е неописливо:


Се разбира неможам без Absolute beginners во оваа листа:


Или без совршениот сценски настап со Ени во чест на Фреди:


Без Heroes, Let's dance, China girl.....

Сите овие ликови веќе се во својот залез, дел се откажаа, дел починаа, дел се премногу стари. Би сакала да живеев во нивното време, а не во времето на Сузана Гавазова, али тоа е што е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom