Cesária Évora

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Цезарија Евора (Cesária Évora) (1941 – 2011) беше најталентираниот женски изведувач од Зеленортските острови (Cape Verde) која имавме прилика во 2 наврати да ја слушнеме и во Скопје. Меѓу своите обожаватели беше позната како „Босоногата Дива“ поради нејзиниот обичај да настапува боса. За оваа жена не е фасцинатен само нејзиниот глас, туку и нејзината бурна животна приказна. Родена е во сиромашно семејство. Како мало девојче го губи својот татко и на 10 години е пратена во дом за сирачиња бидејќи нејзината мајка не можела да се грижи за сите 6 деца. Токму во домот бил забележат нејзиниот талент.



На само 16 години почнала да настапува во локални барови и хотели и на тој начин стекнала широк круг на пријатели. Меѓу нив е и композиторот Франциско Хавиер де Круз кој се смета за еден од основоположниците на посебниот зеленортски музички стил наречен морна. Морната претставува спој на португалската фада со звуците на малата португалска гитара, виолина и кларинет и ритамите на Афричкото поднебје, но и на далечниот Бразил. Прифаќајќи ја морната, во брзо време Цезарија ја добива титулата „Кралица на морната“, нешто што и покрај тоа што претставува голема чест, нема да и донесе апсолутно никакво финансиско подобрување земајќи го в предвид фактот дека Зеленортските острови во тој период се под раководство на Португалија, а низ цела Африка имаме бран на борби за независност.
Во 1975 година, Зеленортските острови ја добиваат својата независнот што резултираше со економски крах кој влијаеше врз кариерата на Цезарија. Таа била принудена да се повлече од јавноста и да се посвети на своето семејтво. Следуваат 10 години неактивност за кои Цезарија во една прилика има кажано дека биле најцрните години на нејзиниот живот. Во овој период имала големи проблеми со алкохолот.


Францускиот музичар Хозе де Силва ја наговара да замине во Париз ветувајќи и светска слава. Свесна за својот тежок живот и физичкиот изглед кој не и ветувал многу (премногу се здебелила), заминува за Париз подготвена за повторно разочарување. Таму, во 1988 година, со голема помош на својот пријател Франциско, го снима првиот албум La Diva Aux Pieds Nus (Бооногата дива). И токму она на што не се надевала, се случило. Нејзината песна Sodade е првата песна од нефранцуско потекло која го достигнува првото место на музичките листи во Франција. Публиката е воодушевена од Цезарија. Нејзиниот едноставен настап, без посебни визуелни и компјутерски ефекти, нејзиниот скромен изглед и босите нозе се работите кои биле голема промена за француската публика навикната на модерните музички звуци. Да си признаем, свесни сме дека понекогаш не можеме ниту еден збор да препознаеме во нејзините песни, но знаеме дека зад тој глас се крие некоја длабока емоција која Цезарија умее на совршен начин да ја проследи до нас.




По објавувањето на четвртиот албум Miss Perfumado (1992) ја доживува својата светска слава која ја следи се до 2010 година. На 10 мај 2010 година доживува срцев удар по што нејзината кариера завршува. По подолго боледување, на 17 демекври 2011, на 70 годишна возраст, нејзиниот живот згаснува. Во својата долга кариера има објавено 12 студиски албуми и во 2004 година има добиено Греми награда за World Music Album.

Sodade

Besame Mucho

Yamore

Sentimento

итн итн...
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Одлична беше, многу време се бореше со својот живот и на крајот ја изгуби таа борба, беше многу жално. Има доста интересни песни и интересно име секако :icon_mrgr:
 

Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Ја па мислев дека се вика Cesar Evora(мексикански актер). :D
 
Ф

Флеш

Гостин
Дали има некој снимки од гостувањето во Македонија ?

Има гостувано во 2002 и во 2006 година во рамки на ОффФест
 

Kajgana Shop

На врв Bottom