Candida albicans (Кандида) - Габична инфекција

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од TWEETY***, 21 март 2007.

  1. TWEETY***

    TWEETY*** Мy life..my rules..any questions?

    Член од:
    18 февруари 2006
    Мислења:
    2.037
    Допаѓања:
    62
    Malecka, nezabelezliva kvasna gabicka Candida albicans ponekogas pretstavuva tezok problem i toa togas koga predizvikuva gabicna vaginalna infekcija.Infekcijata ne e opasna, no zatoa e mosne neprijatna.Vlijae vrz raspolozenieto na bolnata poradi jadezot i pecenjeto na zarazenoto podracje.Osven toa predizvikuva i sekret, crvenilo i otok.Takva gabicna infekcija dobiva sekoja treta zena barem ednac vo zivotot,a mnogu od niv duri i povekepati


    Sto ja predizvikuva infekcijata?

    Gabicki ne dobivame tukutaka, gabickite gi nosime vo sebe.I koga sme sosema zdravi i nemame nikakvi tegobi, gabickite sekogas se prisutni vo teloto,na primer vo ustata,vo hranovaritelnite organi duri i vo vaginata.Kvasnite gabicki obicno ostanuvaat nezablezlivi vo vaginata.Se dodeka ne zapocnat da se razmnozuvaat,ne predizvikuvaat nikakvi neprijatnosti. Kiseloto podracje vo vaginata ( vrednosta na pH e okolu 4), sto go vospostavuvaat i odrzuvaat prirodnite bakterii,onevozmozuva razboj na gabicki. Ako se narusi prirodnata ramnoteza na vaginalnata ligavica, kvasnata gabicka zapocnuva prekumerno da se razmnozuva.Se pojavuva infekcija so site neprijatni pridruzni pojavi.

    Infekcijata sekogas ne iznenaduva.Nastapuva nenadejno so site svoi neprijatni pridruzni pojavi.

    Vaginalnite gabicni infekcii se odgovor na teloto na nadvoresnite i vnatresnite vlijanija.Cesto gi predizvikuvaat hormonski promeni (bremenost, menstruacija, kontracepciski tableti) Ednakvo vlijanie imaat i stresot, psihickite opteretuvanja ili nagli promeni na klimata.Osobeno skloni kon vaginalni infekcii se bolnite so sekerna bolest, koi imaat zgolemeno kolicestvo na seker vo krvta i tkivata, sto pretstavuva dobra podloga za razvoj i razmnozuvanje na gabickite.Duri i zenite sto ednolicno se hranat sozdavaat povolni uslovi za gabicni infekcii, zasto na toj nacin oslabuva imunoloskiot sistem, koj e odgovoren za odbrana od gabicki.Imunoloskiot sistem slabee i kaj vospalenija,jaki nastinki ,grip ili drugi infekcii.Duri i lekovite moze da predizvikaat nesakani promeni vo vaginalnata ligaviza.Gabickite se tvrdokorni i treba da se lekuvaat. Voprincip, nikogas ne isceznuvaat sami od sebe.Najdobro e vednas da se prevzemat merki.
  2. TWEETY***

    TWEETY*** Мy life..my rules..any questions?

    Член од:
    18 февруари 2006
    Мислења:
    2.037
    Допаѓања:
    62
    Kako stanuvaat zabelezlivi tegobite

    Najcesti simptomi se jadez, pecenje i crvenilo na nadvoresnite polovi organi i kaj vlezot vo vaginata i okolinata na vaginata.Glavna pricina e iscedokot, zasto vo nego se naogaat predizvikuvacite na infekcijata. Zgolemenoto kolicestvo na bel ili zoltenikav iscedok potsetuva na zasireno mleko.Pritoa recisi i nema mirizba ili ima lesna mirizba na svez kvasec. I pokraj jadezot, cesanjeto ne e preporaclivi bidejki cesanjeto ja vlosuva sostojbata.Ovie macni simptomi ne se pojavuuvaat sekogas vo ista mera. Ne mora site simptomi da se pojavat istovremeno.Tri dena na pocetokot na infekcijata se pojavuvaat site simptomi.

    Dali gabicnata infekcija se prenesuva i so polovi kontakti

    Da, ginekoloskite gabicni infekcii se prenesuvaat so polovi kontakti.Zatoa se preporacuva istovremeno da se lekuva i partnerot.

    Brzo prevzemajte merki

    Ne podnesuvajte gi site simptomi podolgo otkolku sto treba.Sami nema da isceznat.Cekanjeto ne pomaga.Ako dosega ne ste imale vaginalna gabicna infekcija ili ne ste uvereni vo sto e rabotata, vednas odete na lekar.
    Poveketo zeni koi veke imale gabicna infekcija po simptomite mozat vednas da prepoznaat deka povtorno se pojavila infekcijata
  3. TWEETY***

    TWEETY*** Мy life..my rules..any questions?

    Член од:
    18 февруари 2006
    Мислења:
    2.037
    Допаѓања:
    62
    Oteznete gi uslovite za razmnozuvanje na gabickite

    Ne nosete dolni obleka od sinteticki vlakna. Isto kako hulahopkite i miderite, takvata dolna obleka sozdava pogodna sredina, odnosno topla okolna so malku kislorod, vo koja gabickite raskosno raskosno se razmnozuvaat. Tuka spagaat i dnevnite vloski so folii od vestacki vlakna.
    Ne upotrebuvajte peni za kapenje i mirizlivi masla, parfimirani sapuni, dezdoransi,dezinficiensi sto moze da go zagrozat kiseliot zastiten sloj od kozata koja taka stanuva pogodna za gabicna infekcija. Sekojdnevno mijte gi polovite organi.Preteranata higiena moze mnogu pocesto da predizvika gabicna infekcija otkolku neredovnata higiena. Cestoto mienje ili kapenje go oslabnuva odbranbeniot mehanizam na kozata, a so toa i podracjeto na vaginata.Posledica od toa se pogodnite uslovi za razmnozuvanje na gabickite.

    Po praznenjeto na crevata brisete go anusot od napred kon nazad, za da sprecite prenesuvanje na gabickite od crevoto vo vaginata.A ko se lekuvate so antibiotici poradi druga infekcija posovetuvajte se so vasiot lekar dali e potrebno istovremeno lekuvanje na vaginalnata gabicna infekcija.
    Bidete pretpazlivi so hranata i izbegnuvajte pogolemi kolicini na jaglehidrati kakavi sto se sekir,cokolado,peciva-zasto gabickite sakaat slatko!
  4. Малата

    Малата Smile..It Confuses People

    Член од:
    2 јуни 2009
    Мислења:
    40
    Допаѓања:
    2
    ништо страшно не е..
    редовно миење со камлица и апчиња препишани од гинеколог и се ке биде ок :salut:
  5. RAYTHEON23

    RAYTHEON23 Гостин

    Нистатин а се случува да се појави и при употреба на антибиотици...забележена е и на јазикот исто така:toe:
  6. atomska mravka202

    atomska mravka202

    Член од:
    28 септември 2011
    Мислења:
    14
    Допаѓања:
    1
    Што е кандида, кои се симптомите, како се лекува и како може да се добие?
  7. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD

    Член од:
    9 јули 2011
    Мислења:
    7.357
    Допаѓања:
    13.663
    Кандида, габична инфекција на женските полови органи

    За кандидата.
    Кандида албиканс е дел од нормалната флора на човекот, односно микроорганизам кој нормално е присутен во здрвиот организам. Таа се наоѓа на слузницата на вагината кај 35 % од здравите жени.
    Причина за појава на кандидата.
    Кандидата се активира кога доаѓа до промената на киселоста на вагината, како и намалувањето на непатогените микроорганизми на слузницата.
    Одредени состојби и заболувања влијаат на промена на киселата средина на вагината. Најчести фактори за појава на кандијаза се: менструацијата, некои болести (шеќерна болест), бременост, менопауза, антибиотици и контрацептивни средства со естрогени и стероиди. Влагата и иритацијата на вагината, исто така стимулира раст на кандидата.
    Претерано конзумирање на алкохол, носење претесна облека, носење синтетски долен веш, најлонски чорапи, нанесување парфем и парфимирани козметички препарати на вагината, ја пореметуваат нормалната рамнотежа на вагиналната флора и потпомагаат во настанувањето на кадидата.
    Симптоми.
    Кадијазата се манифестира со непријатен јадеж во пределот на половите органи, со појава на зголемена секреција т.е. беличест, густ, вагинален исцедок , со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вагината се црвени, отечени и болни. Половиот однос може да биде болен. За време на мочањето се јавува пецкање или болка.
    Воспоставување на контрола врз кандидата со храна.
    За да воспоставите бактериски баланс освен антибиотици треба да држите и диета.
    Избегнувјте...
    Со цел да го редуцирате количеството на кандида бактериите потребно е да ги елиминирате јаглехидратите. Намалувајќи го лебот, макароните, пресните и сушените плодови, до 20-60 гр. дневно, ќе ги намалите способностите за размножување на бактериите. Исфрлете го и шеќерот и благото. Бидејќи шеќерот се јавува во повеќе форми, читајте ги содржините на производите. Не јадете мед, чоколадо, може ориз но не и оризово млеко, не пијте алкохол во никој случај. Оцетот и киселата храна ја зголемуваат киселоста во стомакот и цревата, затоа треба да се избегнуваат. Ограничете го и конзумурањето на млечни производи, со исклучок на киселото млеко и јогурт.
    Јадете...
    Во овој период ви се потребни многу здрави продукти и витамини. Тука на прво место спаѓа лукот, витаминот Ц и бета- каротенот, кои ги има во зеленчукот со темно зелени лисја, како спанаќ, и витамин Е, кој го има во семињата и јатките, орев, лешник, бадем. Можете да јадете и кафен ориз, просо и многу јогурт.
    Извор:
    http://notformen.mk/zdravje-i-fitnes/zdrav-seks/258-2009-05-20-19-02-47.html
    ве мрзи да прогуглате малце... -.-
    Еве уште :

    Габични инфекции на женските полови органи (кандидијази)

    Габичните инфекции на женските полови органи се воспаленија предизвикани од микроорганизми-габи.
    Габичните инфекции можат да бидат непријатни, но за здравите жени, кои немаат пропратни сериозни заболувања, не претставуваат голема опасност. Најчесто се јавуват за време на бременоста, кај пациентки со шеќерна болест, како и по спроведување на антибиотска терапија.
    Инфекцијата на вагината предизвикана со габата Candidа се нарекува вагинална кандидоза, кандидијаза или вагинална монилијаза.
    Латинските имиња за оваа инфекција се: candidosis vaginalis, moniliasis vaginalis.
    Причинители

    Најчест причинител на кандидијазата е Candida albicans (во 85 - 90% од случаите), Candida glabrat се наоѓа во 5 - 8% од случаите, а ретко (до 4% од случаите) причинители се останатите видови од овој род на габи: Candida krusei, Candida famata, Candida tropicalis, Candida lusitaniae.
    Родот Candida е многу хетероген и постојат околу 200 различни видови.Candida albicans е дел од нормалната (физиолошка) флора на човекот, односно микроорганизмот е нормално присутен во здравиот организам. Обично кандидата не е штетна за организмот и живее на слузниците. Таа се наоѓа на слузницата на вагината кај 35% од здравите жени, на слузницата на горните дишни патишта кај 77% од здравите лица, како и на слузницата на системот за варење кај 85% од луѓето. Киселоста на вагината и присуството на други, нормално присутни микроорганизми, го одржува бројот на кандидата на слузницата на женските полови органи на многу мали вредности. Извор на инфекцијата најчесто се сопствените кандиди, кои нормално се присутни на слузницата на вагината.
    Иако инфекцијата со Candida не се смета за полово пренослива болест, сепак причинителот може да се пренесе преку полов контакт со инфицирано лице.
    12-15% мажи, по сексуален однос со инфицирана жена, ќе развијат симптоми на инфекција, како печење, јадеж и осип на пенисот. Кај мажите, кандидата предизвикува: баланит, постит или баланопоститит. Баланит (balanitis) е воспаление на главата (glans) на пенисот, а постит (postitis) е воспаление на внатарешниот дел на кожниот набор (prepucium), кој ја штити главата на пенисот. Често, со инфекција се зафатени и двете структури, па затоа често се говори за габичен баланопостит (balanopostitis).
    Фактори на ризик за настанување на кандидијаза на женските полови органи

    Промената на киселоста на вагината, како и намалувањето на бројот на непатогени микроорганизми на вагиналната слузница може да доведат до појава на воспаление. Одредени состојби и заболувања може да доведат до пореметување на киселата средина на вагината. Најчести состојби и заболувања, кои може да доведат до развој на кандидијаза, се: менструација, некои болести (најчесто шеќерната болест), бременост, менопауза, некои антибиотици и хормонските контрацептивни средства со естрогени и стероиди. Влагата и иритацијата на вагината, исто така, го стимулира растот на кандидата.
    Здравите жени ретко заболуваат од болести предизвикани од Candida. Кај лицата кои веќе имаат некое заболување, или се изложени на некои лекови или зафати, кандидите се јавуваат како причинители на инфекција и способни се да предизвикаат тешки заболувања. Сериозноста и проширеноста на инфекцијата, предизвикана под овие услови, расте со бројот и тежината на пореметувањата на болниот.
    Многу болести го потпомагаат развојот на кандидијазата, како што се на пример: шеќерната болест, хипотироидизмот, хипопаратироидизмот, хипоадренокортицизмот, грануломатозните заболувања, сидата, цистичната фиброза, хипогамаглобулинимијата, сите видови на рак, а посебно малигните заболувања на крвта.
    Антибиотската терапија (посебно терапијата со тетрациклини) предизвикува промена на нормалната флора кај човекот, која пак од своја страна доведува до зголемување на бројот на кандидата и до појава на инфекција.
    Претерано консумирање на алкохол, носење на тесна облека, носење на најлонски чорапи и синтетски долен веш и нанесување на парфеми и парфимирани козметички препарати на половите органи, ја пореметуваат нормалната рамнотежа на флората и потпомагаат во настанувањето на кандидијазата.
    Честота на инфекцијата

    Воспалението на вагината предизвикано од кандидата (Candida vaginitis/colpitis) е најчеста инфекција на женските полови органи и има висока инциденца. Околу 75% сексуално активни жени имаат барем еднаш кандидијаза во својот живот, половина од нив имаат повеќе од една инфекција во животот, а околу 10% од жените имаат чести, поновувани инфекции.
    Симптоми

    Кандидијазата се одликува со појава на непријатен јадеж во пределот на половите органи, со појава на зголемена секреција т.е. присуство на беличест, густ вагинален исцедок, со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вулвата и вагината се црвени, отечени и болни. Половиот однос може да биде болен. За време на мочањето може да се јави пецкање, жарење или болка, бидејќи мочката ја надразнува оштетената површина на слузницата.
    Поставување на дијагноза

    Дијагнозата на кандидијазата може да се постави со преглед на надворешните полови органи и со гинеколошки преглед на вагината. При преглед се забележуваат знаци на инфекција: црвенило, оток, оштетена слузница, пукнатини на слузницата, наслаги од беличест секрет на слузниците на вулвата, на вагината и на грлото на матката. Со бимануелниот преглед (преглед со двете раце), гинекологот ја оценува подвижноста и осетливоста на матката.
    Дефинитивната дијагноза на кандидијазата се поставува врз база на микроскопски преглед на секретот, земен од слузницата на вулвата, на вагината или на грлото на матката. Микроскопскиот преглед на вагиналниот секрет дава карактеристична слика, така да не се потребни други дополнителни испитувања.
    Кај негативен микроскопски наод, се зема брис од вагината и се испраќа на микробиолошко испитување. Со микробиолошкиот преглед се потврдува присуството на кандида и се утврдува нејзинот вид.
    Понекогаш се прави и ПАПА тест, со цел да се исклучи евентуално постоење на туморски лезии на вагината и грлото на матката. Ако грлото на матката изгледа сомнително, се прави колпоскопија со биопсија.
    Колпоскопијата е дијагностичка метода со која се гледа грлото на матката со зголемување од 6 до 40 пати.
    Колпоскопија е дијагностичка постапка која му овозможува на лекарот директена визуализација на слузницата на вагината и на грлото на матката со помош на колпоскоп, кој е еден вид на микроскоп со светло Лекарот прво го премачкува грлото на матката (цервикс) со раствор на оцетна киселина, а потоа користи инструмент сличен на микроскоп т.н. колпоскоп со кој темелно го прегледува цервиксот. Лекарот може потоа да го премачка цервиксот со раствор на јод (постапката се нарекува Schiller тест). Здравите клетки изгледаат кафени, додека абнормалните се жолто пребоени. Оваа постапка може да се изведе во амбулански услови.. На тој начин се гледаат и промени кои не може да се забележат со „голо око“, т.е. без зголемување. Прегледот со колпоскоп може да биде непријатен, но не е болен и трае 5-10 минути.
    Доколку при колпоскопијата се забележи сомнителна лезија на грлото на матката, треба да се земе материјал од таа промена (биопсија), со цел да се постави дефинитивна патохистолошка дијагноза.
    Кај еден вид на биопсија, лекарот користи инструмент за откинување на мали парченца на цервикално ткиво.
    Друга метода која се користи за биопсија е т.н. електрохируршка ексизиона постапка (LEEP). При оваа постапка лекарот користи електична жица за да земе тенок кружен дел од ткивото.
    И двата вида на биопсија можат да се изведат во амбулантски услови, со користење на локална анестезија т.е. при самата биопсија, лекарот локално го анестезира грлото на матката. По постапката можно е слабо крварење.
    Детален преглед е потребен кај жените кои имаат повторувани инфекции, како и при слаб или никаков одговор на терапијата. Тогаш се прави преглед на целото тело (физикален преглед по системи), лабораториска анализа на крвта и мочката, при што се бараат симптоми и знаци на одредени болести и органски системи.
    Лекување

    Лекувањето на кандидијазата се спроведува со примена на антимикотици, лекови против габи. Во третманот на габичните инфекции на женските полови органи се применуваат антимикотици-деривати на имидазолот: clotrimazol(Canesten, Plimycol) и полиенски антибиотици како што се nistatin (Nystatin, Moronal), amfotericin (Ampho-Moronal) inatamicin (Pimafucin) во форма на вагинални таблети, креми или масти. Терапијата може да трае од 1-7 дена.
    Кај честите, повторувани габични инфекции неопходно е да се спроведе терапија со антимикотици во вид на орални таблети или капсули: flukonazol (Diflucan) или itrakonazol (Orungal).
    За време на присутните симптоми, како и за време на терапијата се препорачува избегнување на сексуални односи, иако на овој начин инфекцијата се пренесува само во 10-15% од случаите.
    Со комбинирано давање на антибиотици и антимикотици се лекува мешаната инфекција со габи и бактерии. Таква комбинација е oksitetraciklin + nistatin (Geonistin).
    Првата инфекција треба да се лекува според советите на матичниот лекар или гинекологот, а кај повторуваните инфекции, ако со сигурност се знае дека се работи за оваа инфекција, жената може сама да си купи локални антимикотици во аптека. Ако седмодневната терапија не даде резултати, жената треба да се јави на лекар, за да се открие причината, како и за да се открие евентуално постоење на други состојби или заболувања.
    Честите, поновувани габични инфекции можат да бидат показател за постоење на одредени заболувања, па затоа е потребно да се отиде на лекар и да се направат дополнителни испитувања. Прусуство на знаци на воспаление по завршувањето на терапијата, или слаб одговор на терапијата можат да бидат први знаци за ХИВ-инфекција.
    Кај бремените жени, антимикотиците се даваат со посебно внимание, ако воопшто и се дадат. Локалното лекување кај трудниците се спроведува подолго време и тие почесто се контролират од страна на гинекологот.
    Исхрана: зголемено консумирање на растителна храна (свежо овошје и зеленчук), пиење на јогурт во големи количини, избегнување на јагленохидрати во исхраната.
    Воспоставување на нормална вагинална флора: по завршувањето на терапијата со антимикотици, во вагината може да се стават посебни тампони и средства со кои се обновува популацијата на нормално присутните бактерии, Lactobacillus, и со што се спречува повторната инфекција со кандидата.
    Прогноза

    По спроведување на адекватен третман, знаците на инфекцијата потполно исчезнуваат. Повторувањето на инфекцијата или слабиот одговор на терапијата, обично укажуваат на постоење на намален имунитет, или на постоење на одредени заболувања. Во тие случаи, кај болниот е потребно да се направат дополнителни испитувања.
    Компликации

    • хронични и повторувани инфекции,
    • проширување на кандидата по телото и инфицирање на други ткива и органски системи (често се јавува кај жени со намален имунитет).
    Превенција

    За спречување на инфекција со кандида важно е да се следат следниве упатства:
    • да се избегнува носење на тесна облека,
    • да се избегнува носење на синтетски долен веш,
    • да се носи памучен долен веш,
    • да на танга гакички,
    • да се избегнува носење цел ден најлонски чорапи,
    • да се избегнува постојаното влажење на гениталната регија,
    • да се избегнува носење на влажен костим за капење, да се преслече костимот за капење по излегување од базен или море,
    • редовно да се менува долниот веш,
    • после мочање, жената треба да се избрише од напред према назад, бидејќи во спротивно може да навлезат во вагината бактерии, кои се наоѓаат во пределот на анусот,
    • да се пие јогурт во големи количини за време на лекувањето со антибиотици,
    • да се намали внесот на јагленохидрати со храната и да се избегнува алкохол и кафе,
    • да се избегнуваат парфимирани хигиенски влошки и тампони, парфимирани креми и спрејови, да не се користи обоена и намирисана тоалетна хартија,
    • кога ќе се јави инфекција, пациентката треба да се придржува на лекарските совети и правилно и редовно да ги зема и нанесува лековите.
    Извор http://www.rak.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=718&Itemid=592
  8. -Sluzbarski-

    -Sluzbarski-

    Член од:
    31 мај 2011
    Мислења:
    2.754
    Допаѓања:
    1.275
    Кандидата е габа која исто ја има во усната шуплина и органите за варење во определен број - ако ви е организмот избалансиран ! ако дојде до дебаланс поради неправилна исхрана или примање на некои терапии и лекови,тогаш таа масовно се размножува и може да предизвика проблеми......велат дека тешко се доведувала одново во нормала (?!)
  9. Black Guard

    Black Guard Гостин

    Најчесто причина е употреба на антибиотици но Hexoral помага и сода бикарбона(ја менува Ph вредноста.
  10. tinsa

    tinsa

    Член од:
    3 октомври 2011
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    0
    здраво, имам проблем кој мислам дека се должи на некаква инфекција, ке се обратам тука ако знае некој да ми кажи .. значи од последниот однос до денес има околи 5 дена секој ден ми се јавуваат некој мачнини претежно во долниот дел на стомакот, a и следните денови после односот на сабајле ми течеше како бела материја нешто .. а додека болките во стомакот ми се јавуват на поручек некаде , а исто така и слаб апетит имам .. на гинеколог планирам да одам овие дена, а инакѕ некако страв ме фака.. ако можи некој да кажи ако имал слично искуство со ова.. фала однапред
  11. Nancy*

    Nancy*

    Член од:
    13 август 2010
    Мислења:
    953
    Допаѓања:
    1.076
    Можеби се работи за некоја инфекција, не кажа дали сте користеле заштита, претпоставувам не штом прашуваш, најдобро ќе биде да си појдеш на лекар без да ги одложуваш работите, но и не мора да значи. За белата материја најверојатно се работи за бело прање, да не си настината често белото прање може да се јави и како резултат на тоа. За мачнината да не ти се ближи циклусот, некогаш може и недела дена пред него да се јавуваат мачнини.
    На vaga1985 и makedonka1985 им се допаѓа ова.
  12. tinsa

    tinsa

    Член од:
    3 октомври 2011
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    0
    па да незаштитен однос имав , а инаку бев настината во тој период да и сеуште ме држи малце... а за циклусто некаде на 30 треба.. инаку фала
  13. Nancy*

    Nancy*

    Член од:
    13 август 2010
    Мислења:
    953
    Допаѓања:
    1.076
    Не паничи, но во секој случај посети гинеколог. Мене 2-3 пати ми се има случувано кога сум настината да ми се јави бело прање, одев на гинеколог и ми дадоа некои вагиналетки, ништо страшно, поминува.
  14. Black Guard

    Black Guard Гостин

    Heksoral само и прекинуивање со јаките антоибиотици!
  15. Бат Елохим

    Бат Елохим One with the waves ~~~

    Член од:
    8 ноември 2008
    Мислења:
    2.496
    Допаѓања:
    564
    Можете и насловот да го смените ако сака некој. Само габична инфекција, а не и вагинална.
    Кандида може да се појави и во око, грло, бели дробови, нос, синуси поточно секаде каде има услови за тоа, слузокожа со нарушена пх вредност. Воопшто и нема потреба да се препишува само на сексуално активните или на жените. На упатството за употреба на Амоксиклав, Оспен, Цефаклор и најверојатно сите антибиотици, пишува дека можат да предизвикаат инф. со кандида.
    Кандидата е хардкор габичка, многу тешко се искоренува, а многу лесно се размножува. Нема простор за паника. Терапијата трае околу 14 дена и подразбира комбинација од вагиналети и антибиотици, кои искрено мислам дека не требаат...можеш и само со вагиналети Канестен да поминеш и нешто + за подигање на имунитетот.
    xpl0d3, Valkyrie, Скај Дог и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.

Сподели преку: