Да речеш дека има многу непрофесионални клубови во Бундес треба од вчера да си почнал да ја пратиш лигата. Што се криви управата на Шалке за Боатенг што паѓа на медицински прегледи и не може трансфер да направи. Дракслер и самиот изјави на пресконференцијата на Волфзбург дека му паднала формата во Шалке и дека имал потреба од промена. Шалке пробаа Костиќ да го потпишат, понудија на Штутгарт 20 мил. евра. Играчот исто сакаше во Шалке, но управата на Штутгарт не дозволи негова продажба. Како и да е, еве шанса за младите Лерој Сане и Макс Мајер. Горецка веќе игра прва постава со Гајс во средина. Напред ги имаат Ди Санто и Чупо Мотинг, а на Сем се даде шанса па ќе видиме дали ќе ја искористи и дали ќе ја врати формата од Леверкузен што ја имаше. Дракслер не играше ништо посебно во Шалке последните две години + тоа што се повредуваше, а го продадоа за 35 мил. евра + бонуси.
За Волфзбург прашање е кога Ширле пак ќе распука, ако престанат неговите повреди. Веќе е фит, гледам и за репрезентацијата е повикан. Ширле во добра форма за Перишиќ е Арјен Робен. Позади Бас Дост може да им игра и Макс Крус и Дракслер. Шанса и за Виериња да игра понапред сега.
Менаџерот на Мајнц во интервју за Билд изјави дека не може да си дозволат нов напаѓач да ангажираат кој постигнал повеќе од 4 гола од топ лигите. Ангажираа еден од Гранада млад Колумбиец кој дал само 4 гола. Клеменс гледам исто добро се покажува. Значи секогаш такви играчи купуваат кои се талентирани, но поради некои причини не го прикажале нивниот целосен потенцијал во поранешните клубови, а кај нив распукаат.
Да речеш за тоа дека е непрофесионално е глупо.
Општо тие тимови секако немаат шанса за да се борат за титула во ЛШ, никој тоа не го вели, но и за Дортмунд никој не се надеваше дека со тие играчи ќе стигнат финале во ЛШ. Изненадувања секогаш може да има од германските тимови.