Brian Crain

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261

Роден во Холивуд, Калифорнија, Брајан компонирал музика од времето коа мајка му го носела на училиште. Истата таа мајка има тврдено за неговите најпрви композиции во вид на свиркање низ кучи. Брајан си свиркал без престан и секогаш некоја нова мелодија која умешно ја повторувал. Кога го прашале што свири, тој одговарал дека нема поима и дека само што го измислил.

Кога бил шест годинки неговите родители, препознавајќи ги неговите музички предиспозиции, му купиле мини пијано на кое почнал да се учи да свири. Но Брајан продолжил мелодиите да си ги свирка и го баталил пијаното. Го запишале и на часови по пијано, вистинско, но тој не покажал интерес кон обуката. Продолжил да си свирка и да го сака бејсболот, неговата најголема љубов. Имал желба да стане професионален бејсбол играч.

Желбата не му се остварила, но од љубопитност тој се навратил на пијаното и почнал мелодиите кои му се вртеле низ главата и кои ги свиркал со устата (Форестов устосвир) да ги импровизира на типките на пијаното. Многу бргу сфатил како звучи пијаното и како може да го користи. Почнал сам да се учи да свири претворајќи ги своите идеи во извонредни музички ремек дела.

Кога бил тинејџер веќе правел музика за разни познати наградувани анимирани филмови за деца и се повеќе се оддалечувал од неговата оригинална љубов, бејсболот. Неговата фамилија била виновник да тој почне своите дела ги официјализира и снима со што би навлегол во професионалните композиторски води и да стане еден од најдобрите во бизнисот. Брајан сега мисли дека најдоброто нешто што му се случило е тоа што никогаш не станал професионален бејсбол играч.



Албумите “Piano Opus” и ”Piano and Light” се едни од неговите чудни експерименти во музиката со интересна игра во темпото и минималстички концепти создавајќи прекрасни мелодии. Неговата љубов и спрема математиката му дала нови идеи за композиции во музиката. Исто така, неговите дуо албуми како “Piano and Cello Duet” и “Piano and Violin Duet” се едни од најмаестралните и најпрекрасните музички дела кои инспирирале многу оркестри и изведувачи ширум светот.

Брајан е несомнено еден од најдобрите пијанисти композитори кои сеуште живеат. Се има закитено со многу награди потврдувајќи го неговиот талент и успех. Вакви тивки вечери се идеални за неговата музика. Магија!





 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Ликов регенерира и прочистува мисли. За дождовни и меланхолични денови и за пред спиење е одличен избор.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom