Block Оut

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Подфорумот музика со ваков бенд е многу многу поличен.

Блок Аут се алтернативен рок состав кој потекнувал од Белград. Во крајот на 90-тите години се формираат од страна на пејачот Милутин Јовановиќ, басистот Трле, гитаристите Данило и Лаки, и тапанарот Дејан, најпрво под името Ед Хок (ad hoc) знајте шо значи, привремено, нешто специјално формирано за одредена намера, цел, пример суд за одреден спор(небитно)

Меѓутоа ваквото нивно име би останало на сцената доколку се разбира во нашава мила Македонија не постоеше веќе бенд под истото име, па така се преименуваат во Блок Аут, по една популарна компјутерска игра. Во англискиот јазик овој термин означува последен момент пред губење на свеста, па така името им се видело фацлесто и го задржале. По година дена дел од членовите заминуваат во Холандија, па така како нов член се приклучува Никола Врањковиќ, чоече кое претходно живееше и твореше во Москва, а воедно има свирено и со Сатан Паноски (оној со песнана Лепи Марио).

Со почетокот на војната, членовите заминуваат за Лондон каде настапуваат во некои клубови и универзитетски местенца. Во 93-та објавуваат касета на која се најдуваат снимки од два претходни настапи на бендот. Веќе наредната година го објавуваат својот прв албум под назив ,,Црно, бело и сребрно" кој го промовираат на својот прв самостоен концерт во СКЦ. Во октомври 1996 година излегува и вториот албум ,,Година сиротињске забаве" кој содржи песни создадени во минатите 6 години, обично со тематика посветена на крајот на социјализмот.

Во 98-ма го објавуваат и својот трет албум ,,Сан кои сречан сањаш сам". Овој албум беше снимен од стандардната постава сочинувана од Милутин, Никола, Драгољуб и Мирко. Според многу критичари овој албум е прогласен за најдобар албум за таа година во Србија, а што се однесува на подолг временски период, еден од најдобрите албуми во последните децении.

Во 2001 година излегува албум во два дела составен од концертна верзија на некои песни, под наслов ,,Измеѓу две зла". Таа година Никола ја издава својата прва збирка песни под наслов ,,Заовдеилизапонети".

Во 2004 го издаваат албумот ,,АКо имаш ским и гдe". Никола Врањковиќ издава и соло албум, онака лесен со силни емоции, изразени преку претежна застапеност на акустичната гитара.

Бендов мене ми е лично омилен бенд од соседиве. Ако треба да дадам некој опис, би рекол дека станува збор за бенд кој или го сакаш или не го сакаш, средината ја исклучувам (нешто како Редиохед). НО, ако се потрефи да ти се допадне, тогаш со сигурност ќе си пронајде некое фино местенце во длабочините, или шо би се рекло носи си ја чивијата со здравје. Teкстовите се сторија сами за себе, поезија која отсликува една поинаква, помрачна реалност.

Може да сретнеме од прогресивни елементи, до депресивни мигови, меланхолични црти, со јебозовни ритмови. (влијанието е Флојдовско, Редиохедовско, Џој Дивижнско)

Да не ја дрвам, тука на кајгана имам забележано дека има доста фанови, има и чоеци кои имаат предиспозиции да постанат фанови допрва и така.

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Депресивни, мелахонични, технички перфектни, генијални. Песнава рецимо..
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.916
Песни што или ќе те извадат или ќе те дотуркаат во депресија подлабоко, ризикот е твој, расположението ставено на ризик, а поуката е најчесто песимистична.
Ударната мелодија често дава хорор, мрачно расположение следена со уште потежок текст и секако, тежината на нараторот што мислиш дека е уствари твоја.

Класичен пример за горенаведеново





Доколку меланхолијата и тежината е дел од вашиот музички жанр, бендов е обавезен.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Еве излезе и целото снимано од бендот на Никола.

Другиот фронт најавуваат за некој ден нова песна со спот, под наслов Река.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Значи кој состав се собрани нека сиби мајката. Колку само повеќе на сериозна психоделија додадоа........што е причина плус да се надеваме дека авторскиот материјал на Никола треба да биде камен. Инаку дополнување излезе песната Река, од другиот состав на Блок Аут која е прилично слаба песна.

Пазете до крај видеово.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817

Ispod tvoga oka ми е далеку подобра песна од Reka.
Река е катастрофа, ко Ван Гог да ги слушам. Бендот на Никола моментално е каде каде попрофесионален, дури технички подобар од самите Блок Аут.

Eптен повеќе на психоделија се фрлија и си можат. Сите се изделкани батки.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Која преработка е нека сиби векот.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom