Мене blink-182 ми е сега засега омилен бенд и знам многу факти за нив =)
За распаѓањето, жал ми беше што се случи, ама бендови како блинк неможат да опстојат вечно и дури ако пак се соедниат нема да биди исто
Сеа откако почнаа пак да разговараат и да се дружат имаше многу шпекулации дека пак ќе се соединат ама Том и Тревис негираа, само Марк не рече ништо..
За споредба на +44 и AvA нема мегдан оти тие се два различни стилови на музика
+44 продолжи во стилот на блинк, а бидејќи Том сакаше нешто поинакво го основа Angels & Airwaves
Дури и Марк рече дека тука нема никаков натпревар
Тие погоре што рекоја дека не се добри +44 и AvA ни ги имат слушнато ни се потрудиле да ги слушнат.
Текстовите на АvA се многу инспиративни и напишани од срце, а на +44 му фали нов албум, па и зато ви се некако фејкерски.
А за тие шо не се запознати со распаѓањето :
Се почна со Boxcar Racer.... Том и Тревис го основаја овај бенд заедно со Дејвид Кенеди (сегашен гитарист на AvA). Тие го направија тоа без Марк да знае и првата искра беше забележана. Потоа Tом побара одмор за да биди со својата фамилија.Во февруари 2005 блинк го откажаа хуманитарниот концерт во Азија. После многу тензија менаџерот на Том му се јави на Марк и на Тревис и му кажа дека Том се откажува и дека има нов бенд на кој работел веќе 6 месеци.
Сега после смртта на Џери Фин (нивниот продуцент и близок пријател), несреќата на Тревис во кој загинаа Lil Chris и Che Марк Том и Тревис почнаа пак да зборуваат и целиот свет се запраша дали ова значи повторно враќање на блинк? Том и Тревис негираа, ама има уште надеж, барем за мене.
stefan_mk_oh напиша:
Можда едино шо не им вредеше беше то шо на секој втор спот трчаа голи али то е..
Дај жити се кажи поќе од 2 спота кај шо трчат голи
Во What's my age again не трчаа голи туку имаа гаќи
еве слика
Само во некои сцени беа голи....
Да во живо често свиреа голи ама Марк рече дека престанаа оти сите очекуваа да излезат голи, а тоа почнаа да го направат оти од нив тоа никој не го очекуваше.