Binaural beats и нивното влијание на мозокот

Член од
20 декември 2012
Мислења
13
Поени од реакции
0


Binaural beats се всушност пулсирачки аудио тонови кои имаат фреквенција слична со таа на мозочните бранови. Мозочните бранови се слаби електрични сигнали кои ги емитува самиот мозок а се последица на неговата активност. Фреквенциите на мозочните бранови се движат од 4 херци што е соодветно на длабок сон до над 40 херци што значи силна ментална активност (мислење, решавање на логички и перцептивни проблеми и сл.)


Има научна теорија која тврди дека со слушање на аудио тонови со овие фреквенции мозокот може да се доведе во состојба на релаксација од состојба на возбуденост и обратно. Има еден проблем, фреквенциите од околу 10 херци човечкото уво не може да ги слушне а и повеќето звучници и слушалки не можат да ги емитуваат. Поради ова се користи индиректна перцепција во која се емитуваат два тонови со различна фреквенција кои се во чујното подрачје (околу 100 херци). На пример ако едниот тон е со фреквенција од 100 херци а другиот со 110, мозокот и увото ја перцепираат нивната разлика од 10 херци како пулсирање.

Значи фреквенција на пулсирање која полека би се искачувала според оваа теорија би довела до состојба на зголемена мозочна активност и возбуденост, додека фреквенција на пулсирање која би се намалувала полека би довела до релаксација...извадок од тема на емагаре


прочитајте го и ова


 

Kajgana Shop

На врв Bottom