BEIRUT

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Не случајно го одбрав чоеков за да му посветам тема и тука на форумот. Станува збор за една страшна спојка на алтернативниот рок со балканскиов шмек.

Beirut е американски инди рок и светски познат бенд чиј основач е Zach Condon. Во почетоците пред официјалното оформување на овој бенд, Zach си работи како соло проект со слична тематика и идеја. Првиот настап на бендот се одржува во 2006 година во Њу Јорк, како презентација на првиот албум под наслов Gulag Orkestar. Интересно е како се појавила првичната идеја за спој на овие две музички чудесија. Како студент Condon бил љубител на прошетки, па не ретко се случувало да се запие во некој од европските локали, каде подетално се запознавал собичаите и традициите на нивните жители. Инаку често пати во Европата се дружел со неговиот братучед. Па така една вечер кога се зачукале и им тргнало добро, го осетил првиот допир со балканската музика или поточно, музиката на Бобан Марковиќ Оркестар и на Горан Бреговиќ. Па во сета таа студентска дружба се погодиле и Срби, и братов заглавил до сабајле со нив слушајќи албум по албум, артист по артист.

Всушност и првиот албум е производ на сите оние работи кои Кондон ги научил во текот на таа ноќ. Aлбумот е специфика сам по себе зато шо Америве немаа чуено балканско чудо па свршија в гаќи кога го осетија.Во 2007 го издаваат и својот втор албум The Flying Club Cup. Во овој втор албум Кондон црпи инспирација и од француската музика, каде особено го наведува Jacques Brel.

Потоа следува мала пауза за на крај во 2009-та да се врати со својот трет албум под наслов March of the Zapotec and Realpeople кој е снимен во Мексико со бендот Хименез.

Вака некако изгледа накратко историјата за Beirut. Убо е да се има тема и за него зато шо е специфичен и кул чоек со уште покул музика.




 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Како што сум напишал и претходно на форумов, Кочани оркестра им беа задолжителна придружба по турнеи до пред некое време.
Кога во „Кастро“ се случуваа клупски свирки, дечките од plagij.at се обидоа да ги донесат и во Скопје, арно ама... Истово се случи и со Тиндерстикс, пред две години, кога беа на турнеја во регионов, Литиум мислам и дека стапија во контакт со нив, а сумата за настап мислам дека била дури смешна.... арно ама..... Македонија... го сака Били Ајдол, на пример.

Лани или преклани беа на Егзит во Нови Сад.

Addendum: La Blogotheque (Vincent Moon) има снимено цел албум во живо, во урбана средина, како што прави и со сите инди-евци кои ги има на неговиот канал на ЈуТјуб, кој топло го препорачувам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom