Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Имаа солидни тимови и претходните години, пред да ги продадат Бејл и Модриќ, , секогаш имаа амбиции, секое лето помпезно најавуваа како сега сезоната да влезат во топ4, како сега се сезоната да завршат пред Арсенал и пак наоѓаа начин да усерат работа, дури и лани во најневеројатни околности, иако неколку кола пред крај беа во борба за трофејот, на крај испаднаа трети, но и топ4 пласманот беше успех за нив.

Муабетот беше Јунајтед дефинитивно ќе биде во игра за титулата, дури и со овој тим и без Погба но јас мислам дека Сити и Челзи ќе бидат исто многу опасни.

За Арсенал искрено веќе не можам да дадам прогноза, но со овие дупки какви што ги има тимот сега, тешко нешто повеќе од борба за топ4 до последното коло.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Ливерпул со Мане и Вајналдум како главни трансфери може само едно место подолу да оди, нема шанса за топ 4.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.230
Ливерпул со Мане и Вајналдум како главни трансфери може само едно место подолу да оди, нема шанса за топ 4.
Ако прикажат игри како минатата сезона не би рекол дека би биле место подолу. Со оглед на факторот Клоп.
 
G

Goldie

Гостин
Јунајтед главен конкурент за титула, во првите четири места прилично сум сигурен дека ќе бидат и Сити, Челзи и Ливерпул. Арсенал како тргнал со „појачувањето“ на тимот осеќам тешко ќе се изглупираат сезонава и Венгер конечно ќе си оди ? :) а некако и за Тотенхем не верувам многу за топ4 поготово што се тенки напред, ќе се повреди Кејн и ќе им отиде цела сезона во аут.

Ливерпул со Мане и Вајналдум како главни трансфери може само едно место подолу да оди, нема шанса за топ 4.
Солидни играчи се и двајцата и мислам дека одлично ќе се покажат во Ливерпул. Вијналдум има добра фудбалска интегеленција, техника на ниво единствено што кој го прател Њукасл минатата сезона знае дека запаѓа во некаква летаргичност на моменти ама тоа можеби беше и до тимот + додај тука Клоп фактор и брз офанзивен ред така да ќе искинат и двајцата поштено.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Ливерпул има такви играчи во Кутињо и Фирмино. (кои 3 утакмици се најдобрите фудбалери на светот, наредните 3 буквално не постојат) За да напредуваат им треба класа играч, кој ќе ги носи на грб цело време, а ниту Мане, ниту Вајналдум не се фудбалери на кои може да се потпреш за цело сезона. :)
 
D

Darko_ufo

Гостин
Кур мој знаете вие кој е фаворит за наредна сезона, во Англија нема некој изразит фаворит и многу лесно може да се случи Арсенал да биде или шампион или 7-8 место, ова важи за секој тим од ''фаворитите''.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Реално, пред завршен транфер период рано е да се прават прогонози, ама чудо како ланската сезона сигурно нема да се деси :D
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
Ливерпул со Мане и Вајналдум како главни трансфери може само едно место подолу да оди, нема шанса за топ 4.
Не е поентата кои дојдоа , туку побитно е што заминаа Шкртел, Ајб, Ален, а и Лукас е изгледа пред заминување ( читав дека Галата го бараат ), за мене нaјбитно секако :D

Можеби не беа првотимци , но секако стандардни измени.

Сега на Лалана се надевам дека ќе му се ограничи минутажа , исто и на Хендерсон ако се глупира ко минатата сезона.
 
H

HoT IcE

Гостин
Ја со постот не ни имав намера да посочам на фанови на Јунајтед, не знам што се вие мешате ко да сум тагирал некој овде од вас што се надева на титула. Значи убаво пишав дека се однесува на Јунајтед како клуб и Мурињо, ја прочитав изјавата на Мурињо како е сигурен дека ќе донесе ПЛ титула уште во прва година со тимов. Отсекогаш бил луд и имал ненормални изјави ама сега ептен е забеган изгледа за да се докаже после фијаското со Челзи, зошто? Затоа што со Челзи првин имаше мали јајциња што треба да се испилат, па Ферари и Фиќо и не знам какви компарации за во трета сезона да тврди дека единствена цел му е да освои ПЛ затоа што има спремен тим, и така се деси. Ама тимов на Јунајтед нема шанси да бидне шампион ако го донесат само Погба како рекордно засилување. Единствено ако тактиката на Мурињо и главна филозофија на игра му е дај гол повеќе отколку ќе примиш. Зошто? Бејли е нов играч, кој знае како ќе се адаптира и развива, тури му голем прашалник. Дармијан е просек у најдобри денови и во одбрана остануваат со Смолинг кој одигра солидна сезона ама не знам колку би бил кадарен да биде лидер и предводник на таа одбрана. Шо е веќе друга прича, за него и ја сакам да се врати добар пошто ми е интересен бек. Другово кој ќе биде у одбрана? Одбранава у најдобри денови, у најака форма да ги ставиш не е ни приближно блиска со таа на Челзи што ја имаше Моу во најдобри денови, има да дува промаја многу и сеуште се чудам зошто идат на коцка со Погба а немаат лидер во одбрана. Друга работа е среден ред, офанзивно се покриено максимално квалитетно и Мики им беше одличен потег ама како што реков, ќе дува промаја многу, во Челзи и Матиќ и Микел и Рамирес, имаше многу играчи што играа дефанзивно и покриваа и за Фабрегас и за сите, во Јунајтед кој ќе игра? Фелаини дефанзивно и на позиција како ЦДМ каде што треба ИНТЕЛИГЕНТНО да сече топки, да покрива зона или играч знаеме дека е квантна физика. Шнајдерлин е добар играч ама нема шанси да ги игра Мурињо заедно затоа што не му се вколпуваат во тим. Било кој од овие двајца, му давам предност на Шнајдерлин, со кој ќе бидне партнер во средина за да покрива дефанзивно како што захтева Мурињо? Нема кој.
Значи ова е само дел и мојот пост не се однесуваше на никој од фан клуб Мурињо какви очекувања има, ова е еден мој поглед и мислење за ова франтично купување играчи на Јунајтед само со цел што побрзо да се врати на врвот и изгледа многу неплански и избрзано затоа што многу дупки тимот има и мислам дека овој тим на Јунајтед е далеку послаб од тој на Челзи кога Мурињо беше шампион или претходните две сезони.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.271
И Ален ни го собраа...

Ќе зголемувале стадион американциве. Зашто ни е поголем стадион за во Чемпионшип бе? :facepalm: Играчи ни требаат нам, страшна конкуренција владее во ПЛ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom