Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.459
Поени од реакции
20.251
Реално гледано, освојувањето на премиер лига од страна на Лестер е позитивно за нив но негативно за Англискиот фудбал во целина. Ок се фокусираа и играа само за еден трофеј ама следната сезона кога ќе играат 5 купа, премиер лига и лига на шампиони ќе видиме како ќе се носат со приматот "шампионски тим" во кој кога ќе играат на многу фронтови каде ќе имаат и повредени играчи и каде ќе го јадат од кој ќе стигнат. Тука се гледа големината на еден фудбалски колектив, а тоа е да се бори и да опстане на многу фронтови и пак да се во самиот врв, а тоа нема да го видиме од лестер следната сезона, во кој гарантирам дека ќе завршат на средина на табелата.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.527
Поени од реакции
62.405
Раниери почна со mind games за наредната сезона, вика, ке бидеме среќни ако сме во Топ 10.

 
B

BooBojan

Гостин
Секaкo декa пoтешкo е дa се oдбрaни титулaтa oткoлку дa се oсвoи. Дoгoдинa ќе му биди мнoгу пoтешкo, нo кoгa веќе јa oсвoи, зoштo и дa не јa oдбрaни.
Спoред игрaчкиoт кaдaр нa Лестер и фaктoт декa вo ЛШ ќе бидaт вo шaмпиoнскиoт шешир, декa ќе избегнaт некoи мнoгу квaлитетни екипи, зaеднo сo aнглиските, би мoжеле и дa oдaт вo нoкaут фaзa вo ЛШ.

Не би ме чуделo дoкoлку Рaниери дoнесе бaрем 5 нoви фудбaлери(јaс сметaм декa бaрем 10требa дa дoнесе) зa дa имa ширинa вo сoстaвoт. Нaјвaжнo ќе им биде дa ги зaдржaт сите игрaчи кoи ги имaaт мoментaлнo, oсoбенo Дриквoтер, Вaрди, Мaрез, Кaнте.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.135
Па реален си е човекот. Ќе имаат многу препреки на патот следната сезона. Најпрвин да ги задржат играчите, потоа да пазарат неколку квалитетни играчи. Од старт имаат 7 утакмици плус за играње (ЛШ групите и комјунити шилдот). Годинава речиси да немаа проблем со повреди, кои се шансите да им се повтори тоа уште една сезона?
Со изборено место во европа и поминување групна фаза ЛШ мислам дека би имале одлична сезона.
Сепак прерано е да правиме предвидувања за следната сезона. :)
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
"Марк Шварцер е првиот играч кој ја освоил Премиер Лигата два пати по ред, а нема одиграно ниту една минута".

Венгер погрешниот голман го купил. :D
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.966
Поени од реакции
1.867
Раниери почна со mind games за наредната сезона, вика, ке бидеме среќни ако сме во Топ 10.

Другово дете е ваљда Том Инс, му вика тенк ју Том, а и мислам дека играле некој период заедно во Јунајтед Питер Шмајхел и Пол Инс. :)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.527
Поени од реакции
62.405
Другово дете е ваљда Том Инс, му вика тенк ју Том, а и мислам дека играле некој период заедно во Јунајтед Питер Шмајхел и Пол Инс. :)
6 години. Потоа решил да иде во ливерпул за да освои и таму некоја ПЛ титула...
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Зошто бе лошо за англискиот фудбал ако Лестер игра ЛШ? Дека Арсенал и Сити секоја година испаѓааат во 1/8, дека Јунајтед и Ливерпул неможат група да поминат, Челзи ништо поарни. Полош од ова Лестер неможе да биде
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Титулава на Лестер е највредната освоена титула во фудбалот до сега, а верувам дека и во наредните 1.000 години ќе биде таква. Сите титули на фудбалскиве гиганти да се соберат на едно место нема да ја имаат вредноста што ја има оваа на Лестер. Пример, Барса да освоеше годинава шпанско, ЛШ и куп ќе беше исто како ништо да не освоиле...седно ќе им беше на сите затоа што според играта тоа беше и реално да се очекува, но оној Лестер што едвај спаси гз лани да не испадне и сеа да земе титула во конкуренција на тимови со имиња како Челзи, Сити, Јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул итн. ??? :pijanco::shook: До вчера ретко кој знаеше дека постои тим со името Лестер, а да не зборам за играчите кои што ни од дома не ги знаеле кај играат фудбал и сега тој тим покрај стотиците милиони вложени на другите тимови на чело со Раниери освојува титула. :cuc: Ептен ми е ќејф кога гледам дека тимскиот дух и играта со срце ги победуваат стотиците милиони и самопрогласените ѕвезди и се надевам дека и идната сезона ќе бидат во горниот дел на табелата и се надевам дека ќе успеат барем групите во ЛШ да ги поминат.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Реално гледано, освојувањето на премиер лига од страна на Лестер е позитивно за нив но негативно за Англискиот фудбал во целина. Ок се фокусираа и играа само за еден трофеј ама следната сезона кога ќе играат 5 купа, премиер лига и лига на шампиони ќе видиме како ќе се носат со приматот "шампионски тим" во кој кога ќе играат на многу фронтови каде ќе имаат и повредени играчи и каде ќе го јадат од кој ќе стигнат. Тука се гледа големината на еден фудбалски колектив, а тоа е да се бори и да опстане на многу фронтови и пак да се во самиот врв, а тоа нема да го видиме од лестер следната сезона, во кој гарантирам дека ќе завршат на средина на табелата.
Пола Азија седела пред телевизор да види дали Лестер ќе ја освои титулата, така да мислам дека нема освојувањето да влијае негативно на англискиот фудбал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom