Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199


„Еве мина долго лето
Срце болува
По твојот лик...“​

Такви се стиховите на хард-рок бенд од Тетово. Се надевам дека мислат на Премиер лигата. Но, за жал, или за среќа, ќе видиме набрзо, овогодинешното издание на Англиската Премиер лига го отвораат екипите на Manchester U и Tottenham, во 13:45 часот по средноевропско време на 8-ми август, што значи шест дена по Комјунити Шилд-от, каде што силите ќе си ги одмерат Chelsea, како шампион на Премиер лигата; и Arsenal; како старо-нов освојувач на FA Cup-от, како и шест дена по настапот на рандом југо-фолк звезда во Охрид.

Доколку не падне метеор, или не се оствари некое рандом сценарио од најдлабоките темни соништа на Х.П. Лавкрафт, сезоната ќе заврши на 15-ти мај 2016 година.

Се навикнавме силата да си ја одмеруваат 20-тимови во вкупно 38 колаи 380 мечеви. Како и ланската сезона, 19 од екипите се од тлото на Англија, додека Swansea е претставник на Велс. Сигурно ви недостигаат испаднатите Hull, Queens Park Rangers и Burnley, но се надеваме дека нивна достојна замена ќе бидат Norwich и Watford, како и новајлијата Bournemouth, чие “огнено крштевање“ е на почетниот ден од новата сезона против Aston Villa.



Ланскиот шампион, Chelsea, походот кон одбраната на титулата ќе го почне дома против Swansea во последниот меч од саботниот дел од колото. Првото коло ќе биде прилично емоционално за новајлијата на клупата на West Ham, Славен Билиќ, кој по играчката епизода, како менаџер ќе ги предводи своите “чекани“ против локалниот ривал Арсенал. Уште тројца менаџери можат да се пофалат со ново работно место и свеж старт – Кике Санчес Флорес, кој доаѓа на местото на Славиша Јокановиќ на промовираниот Watford со задача на Гудисон Парк против Everton; Стив Мекларен, кој по подолго време се враќа на менаџерско столче на екипа од Островот, предводејќи го Newcastle против Southampton. И секако тука е добропознатиот Клаудио Раниери, кој го превзема Leicester City на местото на Пирсон, а уште во првото коло ќе се сретне со Sunderland.

Liverpool со доста променетиот состав во првото коло на Britannia стадионот се соочува со Stoke City, a повратникот Norwich ќе го пречека Crystal Palace. West Bromwich Albion и Manchester City ја спуштаат завесата на првото коло во понеделник, на 10-ти август.

Добро е познат досегашниот билтен на Премиерлигашки трофеи. Од формирање на овој формат во 1992 година, само пет екипи можат да се пофалат со кренат трофеј, а тоа се: man utd со 13 трофеи, Chelsea со 4, Аrsenal со 3, Man City со 2, и Blackburn R. кој еднаш ја освоил премиерлигашката гордост.

Британските острови според секоја геотектонска референца се прилично стабилно подрачје, меѓутоа од 8-ми август до 15-ти мај се предвидени сериозни пореметувања на стабилноста на тлото на 20 трусни точки ширум Англија и Велс. Како и во секоја сезона, не очекува возбудлива и динамична сезона.

Секое тврдење и предвидување во врска со епилогот на сезоната во Англија е рамно на лудило. Сепак, аналогно на текот на настаните, трансфер тргувањето, доспеаното портфолио, набилданото реноме и вкупниот карактер, може да се издвојат неколку екипи кои можат да ја променат и/или надополнат кусата листа на освојувачи на лигата. Се разбира дека се издвојува актуелниот шампион Chelsea кој ќе има пеколно тешка задача да го задржи пехарот на “мостот“, а понатаму се секогаш сериозните Man City, кои како и секоја година мора да го оправдаат инвестирањето од југозападна Азија; па следува Arsenal, кој оваа година ќе проба од својот речник на оправданија да го исфрли зборот “стадион“; и доста зајакнатиот Man Utd кој ќе се обиде да ја “раситне“ трофејната “триеска“. Не смее да се заборави и Liverpool со велемајсторскиот предводник Брендан Роџерс, кој не штедеше туѓи пари и го одврза кесето, зајакнувајќи го составот кој за прв пат по “чудо време“ ќе тргне во uber тешка и динамична сезона без капетанот Стивен Џерард. Тимови како Тотенхем, Евертон и останата компанија се сериозно несериозен дел од горниот дел од табелата, но секако со свои аспирации за “што погоре“ на табелата на една од најквалитетните и најдинамичните лиги во Сончевиот систем.

Овие неколку збора се како “сиже“ пред англиската фудбалска бура.

Секој од нас со свои очекувања и свои размислувања. Ќе поминат долги кола, непреспани денови и преспани полувремиња, надополнети со бескрајни одисејни дискусии и расправии. Полемики и “реметења“. Шпекулации и предвидувања. Кладби и разочарувања, се додека не дознаеме кој ќе слави, а кој ќе се “дави“ на крајот на сезоната која со нетрпение ја очекуваме да почне, и парадоксално, воедно и едвај чекаме да заврши.
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Најдобар вовед до сега :D
Евертон и останата компанија се сериозно несериозен дел од горниот дел од табелата, но секако со свои аспирации за “што погоре“ на табелата на една од најквалитетните и најдинамичните лиги во Сончевиот систем.
:pos:

Он топик, навивачки за Арсенал и сигурен дека оваа година ние ќе се порадуваме после долгата пауза. Очекувам неизвесна сезона до самиот крај со многу пресврти. Нека е со среќа!
 
G

Goldie

Гостин
Јунајтед некако ми изгледа за како најголем фаворит за освојување на ПЛ
Арсенал и Челзи во борба за 2ро место
Сити 4
Ливерпул ќе ги изгуби скоро сите (ако не и сите :icon_lol:) дуели со тимовите погоре и ќе се бори за 5то место со Саутемтон и Тотенхем
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не очекувам ништо, освен 1500-2000 страни на темава, а се надевам конечно Арсенал шампион иако имам сеуште големи замерки на тимот но и големи очекувања од истиот, сакам а и очекувам Сити да крашнат многу, до борба за 4-5 место, друго не прогнозирам.

Само да си знаете, оваа тема, како и секоја година е една од најинтересните, најзанимливите и најсмешните од сите на форумот, Бундесот може гомна да јаде.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.270
Дa искoментирaм сегa зa нoвaтa сезoнa.

Oчекувaм пoнеизвеснa сезoнa oд лaнскaтa, пoгoтoвo вo врвoт. Нoвиoт тим нa Ливерпул мислaм декa ќе прaви прoблеми вo врвoт. Акo немaaт прoблеми сo пoвреди, oсoбенo Стaриџ, би мoжеле дa избoрaт местo вo ЛШ.
Истo тaкa и нa Јунaјтед oчекувaм дa им се исплaти тoa штo гo oдврзaa ќесетo. Се нaдевaм немa дa се излaжaт дa гo дaдaт Ди Мaриa. Имa штo дa пoкaже oвoј игрaч. Ќе кoнкурирaaт и oвие зa пoвисoкa пoзицијa oд лaнскaтa.
Челзи вo спoредбa сo претхoдни трaнсфер периoди, мирни се oвoј пaт. Имaaт веќе изгрaден тим и некaкo нaјверoјaтнo ми е декa ќе јa oдбрaнaт титулaтa.
Сити aкo не фрлaт уште некoе еврo летoвo, немa дa прoјдaт мнoгу дoбрo. Сo Демикелис и Мaнгaлa oдбрaнa не се игрa.
Арсенaл плaнирa дa се зaсили ? Нaјбучни се сo тoa шпекулaциите, a ништo сериoзнo немaaт купенo сеуште. Свoнси не се Лиoн, дa знaaт.
Ај дa прoбaм.
1. Челзи
2. Јунaјтед/Сити
3. Сити/Јунaјтед
4. Ливерпул/Арсенaл
5. Арсенaл/Ливерпул

Штo се oднесувa дo Свoнси, ќе бидaм зaдoвoлен дa гo пoвтoрaт лaнскиoт успех. Секaкo местo пoгoре немa дa е лoшo, нo мнoooгу тешкo.
Пaметнo купувaaт, Мoнк се пoкaжa кaкo дoбaр тренер (иaкo немaв дoвербa вo негo нa пoчетoкoт), тaкa штo гoрниoт дел oд тaбелaтa е нивни.

Зa испaѓaње би типувaл нa истиве екипи штo дoјдoa. Евентуaлнo ВБА местo некoјa oд нив.

Митрoвиќ и Вијнaлдум би требaлo дa им дoнесaт пoмирнa сезoнa нa Њукaсл.
Сaутемптoн би мoжел дa се зaмешa зa 6тaтa пoзицијa, стрaшни се вo oфaнзивa. Сезoнaвa им се врaќa Рoдригез пo дoлгaтa пoвредa, a пo тoa штo видoв oд пријaтелските изгледa е вo сoлиднa фoрмa. Некoлку пaти стрелaл.

Штo дa кaжaм другo... aјде уште Димитри Пaје и Вест Хем дa ги спoменaм и дoстa е.
Oдлиииичен игрaч. Oчекувaм oд негo и вo ПЛ дa е близу врвoт нa листaтa нa aсистенти. Би мoжеле дa бидaт незгoдни прoтивници, сaмo ЛЕ дa не ги рaсипе.


Oстaнaтите екипи не ми се мнoгу интересни.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Се надевам дека 2 екипи ќе делат титула јер Forza Neresheno.



А сериозно..израмнета сезона...вака на хартија има пар екипи што имаат квалитетни тимови..

Јунајтед мислам дека нема да освојат титула годинава, тоа ми е една од предикциите што уште од сега можам да ги направам иако би требало топ3 во лигава да се.

Челзи исто топ3 без проблеми, на хартија се фаворити за титула ама ќе видиме..

Арсенал секоја година ги лажат "Еве сега чичкото ја фарба титулата само што не ја донеле" ама никако да се борат...така да со нив не се знае ништо не би се изненадил и за титула да се борат па што да не и да освојат а не би се изнандил и надвор од топ4 да завршат.

Сити ко Сити секако треба да се сметаат за фаворити за титула иако лани се посраа за сите пари. Еве добра шанса за Пелегрини да покаже дека е квалитетен менаџер ако научил од грешките лани..ако не..:toe:

Од Ливерпул не очекувам ништо, исто ко и лани 5то место успех би им бил.

Евертон ќе ми бидат интересна екипа за следење секако имаат потенцијал да се замешаат во топ5 екипите исто како и Свонси.

Од предвидувања за тоа кој ќе биде најголемо изненадување до Ноември/Декември типувам на Њукасл или ВБА.

Најдобар стрелец типувам на Кејн.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Идеме кон нова титула :pijani:.Според мене една од најјаките сезони ќе биде ова,чекаме јак Манчестер оваа година :cool:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom