Barclays Premier League - Season 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?

  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Ете, гледаш дека и сам заклучи дека не е до Ван Гал ;)
Во врска со Фалкао, и да сакаш, тешко дека ќе го поправиш. Лигаменти се тоа, не е коска или мускул. Колку што го поправија и Видиќ во Интер, ете да го смениме лекарскиот/тренерскиот тим толку и Фалкао. Губењето на брзината не се враќа а со тоа стануваш и ранлив.
А Ангеле има посебни тренинг режими ама сезонава доста се повредуваше па и сето тоа му беше прекинувано а и една сезона е малку за тоа да има видлив ефект. Чист пример е Чичарито, може првата сезона даваше голови ама лесно можеше и да го треснат од земја. Понатака се поправи.
Штом Мурињо го зема во тим сигурно има уште материјал во него, може нема да биде истиот како во атлетико ама бар пола од тоа да биде ќе кине мрежи. Кога можеше Дрогба да ги одвлечка до титула во ЛШ на триесет и кусур години ќе заклучиш дека не е се во брината. Го има осетот би требало да му одговара играта на Челзи, бидете малку објективни, го направивте лајно чоекот.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Друже, да ѕирнеше 2-3 утакмици прошлава сезона на Манчестер ќе сфатеше што сакаме да ти кажеме, ама вака да велиш дека лајно сме го праеле а далеку од тоа, ние само ги поделивме негативните и позитивните работи кај него за овие 9 месеци (сигурна сум дека и да вратам низ темава ќе најдам фанови и од Челзи што го зборат истово како нас за Фалкао). Дрогба е животно, вистински спортист и низ годиниве само од хернија е опериран колку што знам јас и не гледам како тоа е исто со скинати ACL.

Нема везе де, ќе видиме што ќе биде.
 
Како немам ѕирнато 2-3 утакмици, ги гледав често, секоја недела ме паѓаа на ливче, нерви искинав со нив :ROFLMAO:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Штом Мурињо го зема во тим сигурно има уште материјал во него, може нема да биде истиот како во атлетико ама бар пола од тоа да биде ќе кине мрежи. Кога можеше Дрогба да ги одвлечка до титула во ЛШ на триесет и кусур години ќе заклучиш дека не е се во брината. Го има осетот би требало да му одговара играта на Челзи, бидете малку објективни, го направивте лајно чоекот.
Мурињо го собра и Есиен во Реал па видовме што материјал имаше во него. Ред други играчи се на тој список. Не е Мурињо бог и автоматски со тоа што го довел значи нешто. Еве го и Роналдо е на 30ка ама светлосни години е за играчи на таа возраст од аспект на кондициска подготвеност, брзина, цврстина. Дрогба исто важи во тој список. Занети, Тери...да не набројувам.

Не е лајно човекот. ама не е ни тоа што беше реално. И ние со возбуда очекувавме да направи лом ама кога човекот го губеше скоро секој деул, кога влегуваше во можност од тоа што се пазеше често правеше чекор повеќе и... Го има осетот, знае да се постави, точно, но не е се само во осетот како што не е ни во брзината. Во ПЛ се игра остар фудбал, далеку подефанзивен и не е толку едноставно ако не си комплетен. Доаѓале расни стрелци од други лиги и не се снашле во ПЛ. Еден Диего Коста кој е животно не ја издржа до крај сезоната.

А за тоа дека играме со нафрлени топки изгледа си го гледал еден период кога крпевме со Руни во средина и кога се користеше Фелаини, а тоа се на се беа 5-6 утакмици кога игравме лошо...Јунајтед беше далеку од лош сезонава, а и далеку од убедлив и затоа е тоа 4 место. Со оглед на околности какви што начека ЛВГ првата цел е исполнета, никој не очекуваше титула, никој ниту од фановите, играчите уште од самиот старт не атакуваа на тоа. Сега е полесниот дел. Знае што му треба, кој ќе оди во аут и друг е муабот. Патем и Моу имаше покомплетен тим од овој на Јунајтед, со далеку подобра сезона и атмосфера зад себе во тимот во првата сезона од неговото враќање па беше трет на крајот.
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.615
Поени од реакции
12.424
Па на ГоТ темата сите теории држат повеќе вода од муабетов на шетачов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom