Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
Aretha Franklin e прогласена за една од најдобрите пејачки на сите времиња, благодарение на неверојатната способност да се шо пее претвори во соул, поради што и го заработила статусот Lady Soul и „Queen of Soul“. Продала над милион албуми, неброено пати била на првите места на сите R&B top-листи, ја добила наградата Martin Luther King како борец за човекови права, награда за животно дело и е првата жена која добила почесно место во Rock and Roll Hall of Fame.
Неславен почеток – Родена на 25 март 1942 во Мемфис, Aretha Louise, ќерка на C. L. Franklin,еден од најпознатите и најценетите црни проповедници од таа доба, почнала да пее у татковата црква во Детроит, уште од мали нозе заедно со сестрите Carolyn и Erm.
Како четирнаесет годишна, го потпишала својот прв договор со Columbia Records, веднаш откако била приметена од легендарниот продуцент и ловец на таленти John Hammond кој кога ја слушнал прв пат на осумнаесетгодишна возраст ја нарекол “неоткриен гениј, со најдобриот природен глас веднаш по Billie Holiday .” Уште од самиот почеток поседувала завидна техника, како и посебна страст за музика. Својот глас го моделирала како тогашните славни госпел пејачки, угледувајќи се на Mahalijа Jackson и Clarа Ward. Уствари тоа е билo и најголемата грешка која довела до тоа да остане долго време незабележана, бидејќи и недостигало индивиуалност, особност, личен печат – на сите албуми снимени од 1960 до 1966 за Columbijа, но фали и оној нејзин запрепастувачко волшебен начин на интерпретација. Заради тоа, но и заради животните околности не успеала веднаш: со 24 години веќе била разведена мајка на две деца, кои ги родила на 15 и 17 години. Неславниот почеток на кариерата и дешавките во личниот живот ја фрли Arethа во длабока меланхолија, која и никогаш не ја напушти.
Нов Соул – Долго време била вон значајните дешавки на музичката сцена, надевајќи се дека некој ќе го забележи нејзиниот неверојатен потенцијал и ќе и понуди помош.Тој некој сепак се појавил еден ден: имено станува збор за продуцентот Jerry Wexler кој ја посоветувал да ги напушти Columbijа и да премине во неговата дискографска куќа Atlantic Records. Слепо верувајќи во Arethа, одлучил да создаде кралица на новиот соул, што уствари и по шест години му се посреќи и конечно успеал. Ситуацијата се сосема променила на пробата во Алабама, каде Aretha потполно се трансформирала и од до тогаш несигурната млада жена се претворила во вонсериска пејачка со неверојатна моќ. Тој ден снимила неколку песни, кои подоцна се појавиле на нејзиниот албум, вистинското ремек дело со наслов I Never Loved a Man (The Way I Love You). Тие години станува славна во целиот свет, станувајќи гордост на обоените Американци, а особено ради “Respect” на Otis Reding, песна која подоцна ќе стане химна на феминистичките движења и борците за граѓански права. „Respeckt“ не е била нова песна, али начинот на кој Aretha Franklin ја испеала во таа 1967 година било поттик за милиони луѓе со црна боја на кожата ради нивното вековно угнетување , да протестираат и да побараат “ Почитување” т.е исти права кои ги имале и останатите.
“ Јас и многумина црнци во Содеинетите Американски Држави се гледавме тогаш во огледало. Но не како претходно да се срамиме, туку за да почнеме да се почитуваме самите себеси, онакви какви што сме.” - ќе изјави Арета подоцна.
Сеќавајќи се на тој период, Арета го изјавила и ова : “ Кога дојдов во Atlantic, ме седнаа на клавирот и успесите почна да пристигаат еден по еден.” Од 1967 сонцето почнува да свети посилно и за неа, збогатувајќи ја својата интерпретација со длабоки емоции, чувства, немир и грижи. Од тогаш па се до денес она е Кралица на соулот.
Незаборавни дуети - Jerry Wexler се присеќа како слушајќи ја нејзината итерпретација, сфатил дека мора да ја пушти да пее онака како што она чувствува, не прекинувајќи ја и не сугерирајќи и ништо. Тоа е дефинитивно неговата најважна интиуција во врска со Арета бидејќи она што ги погодувало сите оние кои ја слушале дефинитивно не е била толку вонредната техника колку вистинската интерпретациска експлозија. Нејзиното пеење никогаш не било производ на внимателно планирање, размислување или вежбање, туку тоа било рефлексија на нејзината постојана желба да ја долови состојбата на нејзината душа. Никогаш не била обична пејачка, туку Aretha е била човечко суштество кое пати и се радува, но низ зборовите на песните кои ги пее.
Кога на крајот на 70-те почнал наглиот пад на продажбата на нејзините албуми, а враќањето на сцената и го овозможил култниот филм Blues brothers(1980.), со кој и се претставила на младата публика, иако нејзиното појавување во филмот трае само 4 минути, при што ја отпеала “Think”. Сепак Lady Soul покажала дека е право чудо на природата, а нејзиниот глас е оценет како непроценлив дар. Од тогаш па се до денес практично е невозможно таа да се заборави. Следеа неверојатните дуети со: George Michael, Elton John, Whitney Houston (кумица ие, знаете де), Luciano Pavarotti, Eurythmics…
A Rose Is Still a Rose” од 1998. донесува еден нејзин посебен соул кој е неповторлив и безвременски. Албумот го отвора истоимената песна која ја напишала и продуцирала Lauryn Hill во стилот на големиот хит “Respect”, а на него како продуценти се јавуваат многу големи продуцентски имиња како Sean "Puffy" Combs, Jermaine Dupri и Dallas Austin, познати по најдобрите и жешки хип – хоп/соул продукции. Албумот го затвора прекрасната, ненаметлива песна "The Woman," седумминутна медитација која ја напишала лично Aretha Franklin (што е вистински раритет), а ја продуцирала заедно со нејзиниот стар пријател Michael Powell.
Проблематичен Брак – Приватниот живот го држела секогаш подалеку од очите на јавноста. Два пати се мажела и разведувала. Мајка е на четири возрасни сина, а двајца од нив Kecalf и Teddy, исто така виреат во музичкиот бизнис. Teddy е музички директор и гитарист на Franklin’s touring band. Проблематичниот прв брак со Ted White, кој подоцна станал и нејзин менаџер, траел осум години. Неговата склоност кон алкохолот била сериозна причина за постојани кавги и расправии, што на крајот довело до развод во 1969, набргу по раѓањето на нивниот прв син Teddy Jr. Истата година нејзиниот татко бил уапсен ради поседување на марихуана. Но, Арета овој пат не дозволила личните проблеми да и бидат пречка во продолжетокот на кариерата и продолжила да снима хит за хит. Во седумгодишната врска со Ken Cunningham родила два сина, а од 1978 до 1984 била во брак со актерот GlynnTurman.
На мета на PETA - Aretha веќе не настапува како некогаш, а една од причините е и нејзиниот страв од патување со авион. На едно од доделувањето на наградите на организацијата Musicares, која води грижа за сиромашните музичари, патувала цели 6 дена од Детроит до Лос Анџелес. Иако ретко настапува, секое нејзино појавување на сцената е незаборавно. На пример на манифестацијата Night Divas во 1998. ги фрлила во сенка тогашните диви (Mariah Carey, Shania Twain, Celine Dion) со неверојатната моќ на својот глас и сигурната интерпретација. Денес мислам дека живее во Детроит, последно колку шо знам се обидуваше да ги спои класичните соул балади со актуелните модерни композиции. Соработувала и со најталентираните современи R&B музичари, како што се Lauryn Hill и Mary J. Blige и hip-hop продуцентите Jermaine Dupri и P. Diddy. Покрај Kylie Minogue, Lindsay Lohan, Kate Moss, Evа Longorijа и други славни личности, соул дивата се нашла и на една црна листа. Имено, Друштвото за заштита на животните PETA ја прогласил Арета Френклин за најлошо облечена јавна личност, најмногу заради тоа што секогаш носи крзно: “ Можеби си кралица на музиката, но ништо не знаеш за сочувствувањето. Треба да покажеш малку почитување и кон животните.”
Која е кралицата? - На едно од доделувањата Grammy, Beyonce дошла во судир со Арета Френклин, на која тогаш и била доделена наградата за животно дело. Младата пејачка ја најавила Тина Тарнер нарекувајќи ја кралица со што најверојатно ненамерно ја навредила Арета која се смета за единствена кралица на музичката сцена:
“ Постои една и единствена легендарна личност која поседува талент,страст, снага, душа и гламур – кралицата Тина Тарнер ”.
Aretha која во текот на својата кариера често доаѓала во кавга со колешките кои се обидувале да ја намалат нејзината големина, веднаш реагирала:
“ Се знае кој единствен има право да се нарече кралица на соулот.Можеби сум некогаш и успеала да навредам некого од сценаристите на Grammyили Beyonce Knowles, али ова го одбивам како ефтина провокација”.
Beyonce се воздржала од коментар, но нејзиниот татко Matthew возвратил: “Beyonce ја нарече Тина Тарнер кралица, но притоа не рече ниту кралица на соулот, блузот,госпел или кралица на Англија. Кога својата сопруга често ја нарекувам кралица, се плашам дека Aretha може и за тоа да се побуни” .
Нејзиниот шешир – На инаугурацијата на Барак Обама во Вашингтон, Aretha ја испеала My Country, ‘Tis Of Thee’, а дополнително и ја снимила како нејзините обожаватели би ја имале во најдобрата верзија.Самата не била баш задоволна од изведбата, ради премногу студеното време и ветрот. Aretha тогаш имала сив шешир, целиот со Сваровски дијаманти, за кој настанала неочекувана побарувачка. Синот на јужнокорејскиот емигрант Luke Song од Детроит, повеќе од дваесет години работи шешири за Арета. После нејзиното појавување на телевизија, дневно му стигале околу стотина јавувања: жените не прашувале за цена, сите сакале ист таков шешир. Музејот на Вашингтон Smithsonian ја запрашале Arethа дали сака да им го поклони шеширот, а одговорот е бил:
“ Тешко ми е да се откажам од шеширот бидејќи е дел од голем историски настан. Тој стана дел од мене и сакам да го имам засекогаш, како би се сеќавала на инаугурацијата. Но ќе размислам.”
Ни со сметководството нема среќа, па во 1995г. била вплеткана во некои судски спорови поради неплатени сметки,но сепак обвиненијата подоцна се отфрлени, а нејзиниот имот се проценува на преку 20 милиони долари.
И така полека ја привршувам приказната за Арета... Али нејзината приказна постојано ќе се раскажува и тогаш кога еден ден ќе ја нема...
Не знам дали знаете, али не сака да ја нарекуваат Дива:
“ Дива е некој кој е навистина голем, кои ги има сите големи признанија, но и некој кој понекогаш го нарекуваат тешка личност. ”
Без обзир на годините сепак Aretha Franklin има неизмерна желба и понатаму да настапува иако во повеќе наврати завршуваше во болница . Но храброста и оптимизмот не ги загуби. Неодамна у разговор за еден магазин на прашањето “ Кој е љубовта на нејзиниот живот? ”, одговорила со:
“Љубовта на мојот живот? Јас сум сеуште премногу млада за да можам ви одговорам на тоа прашање. ”
Успехот и нејзината долговечност на музичката сцена се должи како што она самата вели на поинаквиот начин на работа, на кој работеле компаниите тогаш кога таа ја започнувала својата кариера:
“ Навистина сакам како се испадна... Малку по малку... Јас никогаш не сум била впуштена во нешто пред да имам време тоа да го научам. Учев и го усовршував мојот дар. Бавното учење е клучот на таа индустрија. Да, не лансираа нас, но без лансирање во стратосферата, како сега да речеме, имаш статус на ѕвезда и оп веднаш си и супер ѕвезда... ”
Универзитетот "Princeton" и додели почесен докторат и во таа прилика портпаролот на универзитетот ќе изјави:
“ Со својата грациозност таа сеуште ги премостува музичките мостови, а со својата способност не предизвикува да чиниме добро. ”
Омилени пејачи и се Ray Charles и Sam Cooke. Со својот глас од 5 октави, кралицата едноставно ја личи тоа друштво.
ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА ... ARETHA FRANKLIN!
Дискографија
Songs of Faith (1956)Aretha (1961)
The Electrifying Aretha Franklin ' (1962)
The Tender, the Moving, the Swinging Aretha Franklin' (1962)
Laughing on the Outside (1963)
Unforgettable: A Tribute to Dinah Washington (1964)
Runnin' Out of Fools (1964)
Yeah!!! In Person (1965)
Soul Sister (1966)
Take It Like You Give It (1967)
I Never Loved a Man the Way I Love You (1967)
Aretha Arrives (1967)
Lady Soul (1968)
Aretha Now (1968)
Soul '69 (1969)
This Girl's in Love with You (1970)
Spirit in the Dark (1970)
Young, Gifted and Black (1972)
Amazing Grace (1972)
Hey Now Hey (The Other Side of the Sky) (1973)
Let Me in Your Life (1974)
With Everything I Feel in Me (1974)
You (1975)
Sparkle (1976)
Sweet Passion (1977)
Almighty Fire (1978)
La Diva (1979)
Aretha (1980)
Love All the Hurt Away (1981)
Jump to It (1982)
Get It Right (1983)
Who's Zoomin' Who? (1985)
Aretha (1986)
One Lord, One Faith, One Baptism (1987)
Through the Storm (1989)
What You See Is What You Sweat (1991)
A Rose Is Still a Rose (1998)
So Damn Happy (2003)
This Christmas, Aretha (2008)
A Woman Falling Out of Love (2011)