Android телефон до 150 евра

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони и телефонија' започната од edin4o, 20 ноември 2012.

  1. edin4o

    edin4o Продуцент

    Член од:
    4 април 2010
    Мислења:
    1.381
    Допаѓања:
    430
    Гледам да купам некој андроид телефон до 150 евра (старо или ново). Кога бев у T-Mobile во City Mall, приметив дека HTC Sensation пишува цена само телефон ~8500...Ги прашав да не е грешка они ми викаат не е, тоа е последниот..
    Е сега, читам на нет све е ОК со него, али HTC имале проблеми со “ало-ало“ функцијата на телефонот. Мене тоа ми е доста битно (не е пресудно, пошто и онака не зборувам многу - со 100 денари кредит терам скоро 2 месеца :D ), али коа зборам со некој не сакам да биде: “абе ме слушаш? ДОбро е сеа?“ Доста е што сум на VIP уште такво нешто ми фали :D

    У глобала све друго стандардно нека си е..Ако има нешто да се најде за 150 евра (како што кажав старо или ново) со DualCore, ICS и барем 1гб рам (а и немора), ќе бидам задоволен.

    Само немојте алкател ВЕ МОЛАМ :D Се двоумам меѓу HTC и Sony Xperia (самсунг овие поефтиниве не ми фатија око)
    На Zakonceto му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vXa

    vXa

    Член од:
    1 март 2009
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    18
    Ме зачуди ова и мене. На каталогот пишува 8400 денари. Сигурно е некоја грешка. Не ми се верува дека би го пуштиле толку евтино иако е кодиран.

    Надополнето...
    Само телефон е 25990, Таа цена од 8400 е изгледа со комбинација на бонуси од зборење и сл.
    На TwiNNeR и edin4o им се допаѓа ова.
  3. Torte Mobile

    Torte Mobile

    Член од:
    29 ноември 2007
    Мислења:
    5.128
    Допаѓања:
    1.034
    Сензејшнот во Т-Мобиле се сите репарирани, другар купи нов, внатре едно кило прашина помеѓу екранот и тачот, па го продаде за 2 дена, му викам репарирани се не ми веруваше, после прашал некој братучед што работел таму му го рекол истото
  4. Maro59

    Maro59

    Член од:
    30 септември 2012
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    3
    Според мене, Sony Xperia Tipo. Има Андроид 4.0, 512mb рам, 800mhz процесор... Е, сеа, камерата е 3.15 мегапиксели, ама па и не е многу лошо тоа. За цената (150-ish евра), телефонот си е лудница.
    На demamp, Krk1 и Овердрајв им се допаѓа ова.
  5. vXa

    vXa

    Член од:
    1 март 2009
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    18
    Не ми се верува да паднат на такво дереџе Т-Мобајл. Но ако ти го потврдиле тоа, тогаш тоа е еден голем минус за нив
    На edin4o му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mr.Deni

    Mr.Deni Животна грешка си ми ти...

    Член од:
    4 мај 2007
    Мислења:
    2.546
    Допаѓања:
    261
    Телефонот е 100 евра нов по огласи и мобилари ;) Иначе супер е телефончето ако не ти смета да се каже малиот екран 3.2inch
  7. theprince

    theprince Fan of Irony

    Член од:
    3 февруари 2008
    Мислења:
    1.090
    Допаѓања:
    88

    Другарче ова Сенсзејшн е на претплата толку евтин или постпејд? :)
  8. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    5.593
    Допаѓања:
    1.340
    Јас имам HTC Sensation и никаков проблем немаат. Кој ти рекол тоа-те лажел. Јас би ти препорачал да си земеш некое Самсунгче или ХТЦ. Поточно, Galaxy S i9000, HTC Evo 3D, Desire HD, One V, Galaxy Ace II, Desire S, Desire X. Овие што ти ги набројав ти се топ модели. А од Sony, најдобро ти е Xperia Go, Xperia Sola, Xperia U, Xperia P.
    На edin4o му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Torte Mobile

    Torte Mobile

    Член од:
    29 ноември 2007
    Мислења:
    5.128
    Допаѓања:
    1.034
    Друже се слушаш ли што збориш?
    типо лудница? и типо вреди 150 евра:pos:
    --- надополнето: 20 ноември 2012 во 19:18 ---
    Сигурно нема во салон да ти кажат
    туку тоа се инсајдерски информации, муабетов беше кога ги извадија сензејшн на 1 денар во претплата од 500-600 ден
    На Blazing Guns му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Овердрајв

    Овердрајв Модератор

    Член од:
    5 ноември 2005
    Мислења:
    4.243
    Допаѓања:
    533
    Побитно од било што друго (вклучувајќи и хардвер) - гледај телефонот да има барем ICS (Android 4.0.x), или надградба до ICS или JB (4.1.x - 4.2), сеедно дали официјална или преку ROM-ови.

    Добар избор би бил Samsung Galaxy S, само ако најдеш некој добро чуван, зашто е стар 2.5 години.
  11. vXa

    vXa

    Член од:
    1 март 2009
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    18
    Torte Mobile™ Да тоа нормално нема да ти кажат. Но ме зачуди дека се спуштаат до тоа ниво.
  12. MeirelesGFB1907

    MeirelesGFB1907

    Член од:
    5 декември 2010
    Мислења:
    665
    Допаѓања:
    151
    Samsung Galaxy S или HTC Desire HD!
  13. Tomekk

    Tomekk

    Член од:
    4 мај 2009
    Мислења:
    1.637
    Допаѓања:
    820
    За 150 евра тешко настаро дуал кор, може да се најде некој Sensation до 200евра, за тие пари најдобро Galaxy Nexus S, барем телефонот е up to date софтверски, или Galaxy S, заглавен на 2.3, со custom rom до 4.1 има.
    На Pane-G и edin4o им се допаѓа ова.
  14. Божино

    Божино Модерато

    Член од:
    27 јуни 2007
    Мислења:
    6.118
    Допаѓања:
    5.713
    Јас сакам да земам HTC Desire X, има некој купено, релативно нов е? Само единствено нешто што ме двоуми е што не знам дали ќе има 4.1 апдејт...
  15. edin4o

    edin4o Продуцент

    Член од:
    4 април 2010
    Мислења:
    1.381
    Допаѓања:
    430
    Типо-то е мал..
    Мислев и јас HTC Desire HD, ма да и за Sensation има доста custom rom-ови за JB..

    EVO 3D по огласи може да се најде за 200-240 евра, али тоа е веќе преку границата од буџетот :) Али од друга страна освен 3D екранот нема никаква разлика од Sensation-от
    Ма да коа ќе видам од друга страна, подобро да уштедам и да си го зеам него или Deisre X-от.
    --- надополнето: 20 ноември 2012 во 19:50 ---
    Е сеа нексусот незнам како се движат цените...

Сподели преку: