Aggrotech

D

Daedalus

Гостин
Видов една тема, постара малце и одма затворена, така што решив да ја отворам пак.
Aggrotech се појавува како музички жанр на крајот од осумдесеттите и е компилација од електронска и индустриска музика, само со похардкор транс/техно елементи и поагресивна динамика. За разлика од чистата електроника со чист звук, Aggrotech се одликува со „цврсти“, „прљави“ звуци и дисторзирани/дигитализирани вокали. Скоро паралелно се развива како потомок на електро - индустриската музика заедно со „мрачната електроника“ и „индустрискиот метал“.
Тематиките кои се обработуваат во песните се најчесто дистописки, научно фантастични и хорор. Популацијата од фанови на овој жанр (rivethead) се со пост-индустриски стил, носат воени чизми, имаат мохавк фризура и тетоважи и честопати се асоцирани со cyberpunk културата. Не дека ова е некое правило, али е честа појава.
Еве неколку изведувачи за почеток.

 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom