Селективност на полот пред раѓање

L

.Lost Angel.

Гостин
Балкански менталитет зошто нарекувам менталитет во повеќето случаеви додека јас сум правел моабет со маж кога ќе го поставам прашањето што сакаш да биде машко или женско и најчестиот одговор кој ќе го добијам е следниот: Што и да е само живо и здраво да е но сепак би сакал повеќе да е машко. Ако не верувате во ова прашајте 10 мажи кои веќе очекуваат дете а нивната жена е во 2 недела или 3 недела од бременоста. Да се навратам на насловот на темата зошто селетивност на полот? затоа што во Македонија има случаеви посебно од ромите и од албанците кои додека е бремена жената ти е одат да го дознаат полот на нивното идно дете ако е женско ти е наредуваат да се изврши абортус бидејќи менталитетот кој е вроден во нив не дозволува да имат женско или пак подобро кажано тие извршуваат селективност во полот и се држат строго до она прво па мушко. Ова е дел само како да ве наведам во оваа тема се надевам на добра дискусија и без политики и сл. и зошто повеќето мажи сакаат да имаат машко дете а при тоа прават веќе селективност помеѓу половите? и дали го одобровувате абортусот пред да се роди детето бидејќи тоа е само девојче :) Подоцна ќе изнесам факти во некои делови во Македонија каде што се случува селективност со бројки.
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Незнам оти ама ташаците на Балканов, сите тие сакаат машки деца, а исто така и децата и жените дома да им бидат слуги.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Порано повеќе сакале да се роди машко дете за да може да се препише имотот, плус да има машка рака за помош на нива. Ако се роди девојче, се знае дека ќе си замине од дома кога ќе се омажи и ќе нема кој да работи на нива. По селата наши се случувало и фамилии да си ги заменат децата доколку во некоја фамилија постојано се раѓале девојчиња. Чукната работа.
 
Не е само порано работата цела што и денеска се случува тоа најмногу кај машкиот пол и затоа во повеќето фамилии има поделба кај децата кои се случуваат :)
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
А уште па денеска семејствата и брачните парови однапред имаат испланирано и зацртано да имаат најмногу две деца и тоа едно машко а друго женско и тоа посакуваат првото да е женско за да после одат на машко , инаку ако е првото машко некои семејства тогаш се откажуваат од 2 дете бидејќи не сакале куќата и имотот подоцна да се дели на 2 дела во случај да и второто дете биде машко , па не сакаат да ризикуваат со 2 машко дете и така многу семејства ако им прво дете биде машко не ризикуваат и не одат на второ дете а некои пак семејства ако имаат 2 деца женски се дури и лути што исполниле некоја си нивна примитивна квота и норма од две деца а не добиле машки наследник на имотот . Јас дури и знам колку падна нервоза кај одредени луѓе што имаат две деца а ниту едно не беше машко , а стипси па не сакаат да одат и на трета среќа , ако им е толку битно да имаат машко дете не сакале демек трошоци да прават во живот и на трето дете а ваму сакаат машко дете па не може во живот да се има и јагне и пари . Заостанатост во секој случај во размислувањата на луѓето но ова сум го забелажал кај многу брачни парови и семејства во земјава . Демек правењето на дете му доаѓа како кога на апарат за кафе ќе се бира кога се порачува дали ќе се земе Екпресо , Макијато или нешто трето .
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Тројка близнаци од прва бе, па да фатиш во Државна лотарија на ДПМНЕ :pos:

На темава најозбилно...
Тешка глупост е ова машко/женско прво!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
А уште па денеска семејствата и брачните парови однапред имаат испланирано и зацртано да имаат најмногу две деца и тоа едно машко а друго женско и тоа посакуваат првото да е женско за да после одат на машко , инаку ако е првото машко некои семејства тогаш се откажуваат од 2 дете бидејќи не сакале куќата и имотот подоцна да се дели на 2 дела во случај да и второто дете биде машко , па не сакаат да ризикуваат со 2 машко дете и така многу семејства ако им прво дете биде машко не ризикуваат и не одат на второ дете а некои пак семејства ако имаат 2 деца женски се дури и лути што исполниле некоја си нивна примитивна квота и норма од две деца а не добиле машки наследник на имотот . Јас дури и знам колку падна нервоза кај одредени луѓе што имаат две деца а ниту едно не беше машко , а стипси па не сакаат да одат и на трета среќа , ако им е толку битно да имаат машко дете не сакале демек трошоци да прават во живот и на трето дете а ваму сакаат машко дете па не може во живот да се има и јагне и пари . Заостанатост во секој случај во размислувањата на луѓето но ова сум го забелажал кај многу брачни парови и семејства во земјава . Демек правењето на дете му доаѓа како кога на апарат за кафе ќе се бира кога се порачува дали ќе се земе Екпресо , Макијато или нешто трето .
Знам фамилија каде се 5 или 6 деца... и сите се женски :)
Се заинатил изгледа типот, машко ќе биде и точка! Ама пуста среќа не дава, женско па женско... и така до кај 6-тото и му се смачило изгледа да произведува.
 
Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
Не тресете како може некој да не си го сака детето зашто е женско или па помалце да го сака од машко.... Што нема да прочиташ. Значи битно е презимето да се пренесе, никој не сака презимето да му го снема и од 2-3 женски едно барем сакаат машко само ради презимето. Женските во никој случај нема да бидат дискриминирани ни со пари ни со делба на имот ни со ништо ама машкото ке го продолжи презимето.

Еве ви и пример - Знам еден пријател на моите и има само една сестра. Не напраиле старите негови како шо пораеле порано по 7 деца, него ете повеќе од две неможеле да имаат поради xxx причини. И сеа сестра му си е мажена си има презиме од мажот така она на страна а чоеков има две ќерки и тоа возрасни. И сеа ? Ги сака највише на свет ама знае дека тука завршува неговото презиме и го јаде тоа зашто уште малку за мажење му се ќерките. Тоа е тоа simple as that
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496

А добро што е толку лошо во тоа да ти го снема презимето? Што би рекол Шекспир, розата исто мириса без оглед со кое име ја нарекуваме. Што придобиваат фамилиите кои го задржале презимето неколку генерации? Аман веќе од комплекси.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
А добро што е толку лошо во тоа да ти го снема презимето? Што би рекол Шекспир, розата исто мириса без оглед со кое име ја нарекуваме. Што придобиваат фамилиите кои го задржале презимето неколку генерации? Аман веќе од комплекси.
Пошо се тоа се аристократи со сина крв.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не тресете како може некој да не си го сака детето зашто е женско или па помалце да го сака од машко.... Што нема да прочиташ. Значи битно е презимето да се пренесе, никој не сака презимето да му го снема и од 2-3 женски едно барем сакаат машко само ради презимето. Женските во никој случај нема да бидат дискриминирани ни со пари ни со делба на имот ни со ништо ама машкото ке го продолжи презимето.

Еве ви и пример - Знам еден пријател на моите и има само една сестра. Не напраиле старите негови како шо пораеле порано по 7 деца, него ете повеќе од две неможеле да имаат поради xxx причини. И сеа сестра му си е мажена си има презиме од мажот така она на страна а чоеков има две ќерки и тоа возрасни. И сеа ? Ги сака највише на свет ама знае дека тука завршува неговото презиме и го јаде тоа зашто уште малку за мажење му се ќерките. Тоа е тоа simple as that

Зошто е толку битно презимето да се пренесе? :confused: Генерално гледам сега дупли презимиња од помодарство се тураат и некои од оправдани причина, како пример има некоја девојка репутација со презимето, како доктор, адвокат или пак нешто што е препознатливо по тоа, па потребно е да и остане презимето, ама се останато ми е жива глупост.
Еве кажи му на пријателот, ако ми го препиши царството ќе му го носам презимето за век и векова и нема да се загуби.
Ако сака ќе направиме и договор на нотар.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.700
Поени од реакции
19.737
Живо и здраво да е и простум да мочка, стандард изјава у наша околина, јас ијам само едно машко, маж ми никат не го фаворизирал него повеќе од девојчињава, плус ова малово па најтинтрано е од сите, среќа што непати од машко дете комплекс кој ќе раѓаше уште деца ебаго :icon_lol:
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Порано повеќе сакале да се роди машко дете за да може да се препише имотот, плус да има машка рака за помош на нива. Ако се роди девојче, се знае дека ќе си замине од дома кога ќе се омажи и ќе нема кој да работи на нива. По селата наши се случувало и фамилии да си ги заменат децата доколку во некоја фамилија постојано се раѓале девојчиња. Чукната работа.
Друго беше порано, со една коза се можеше...:icon_lol:

Него, мислам дека не е само Балкански менталитет ова. Ниту пак, само од обичната раја. Дури и до аристократија и порано, а и денес стигнува поголемата желба за машко дете.

Веројатно таткото повеќе смета на можноста за префрлање на својот ген на машко, т.е. продолжување на родот.
Плус и на капиталот....:icon_lol:
Инаку, и јас би син, сине... :D
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Незнам оти ама ташаците на Балканов, сите тие сакаат машки деца, а исто така и децата и жените дома да им бидат слуги.
А ти шо сакаш ? Да и ги лакираш на женати нозете и да го бањаш синот до 14 години како шо праат американчињава ?
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Не е само кај нас и кај Кинезите исто се случува, дури и бетер. Во Канада, на пример, е забрането да се открие полот на бебето пред, таму некоја, 24-25 недела, кога веќе нема можност да се абортира. Нормално, воведено е ради Кинезите.

Кај Црногорците, нели, неретко се случувало женско да се облекува и воспитува како машко, само да се има син пред комшиите.

Сирма Војвода се маскирала во машко не од шо така сакала, туку бидејќи инаку немало да ја играат ..... момците од нејзината банда де! :)

За мене е глупост, нормално, ама се влечело со векови и ќе остане да се влече. Иако денес нема потреба од фамилијарни аргати на полињата, останата е таа некоја гордост дека се има син. И тоа се осеќа и во денешните модерни фамилии, очите посебно им светат на татковците кога ќе биде прво па машко.

Инаку, јас ако се прашувам, какво сака нека е, само женско да е!
Се шалам.

Какво сака нека е, само здраво, право, бистро, итро и ачик да е!
Да знае и да може и Ѓаолот да го продаде. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom