11 најмоќни армии во светот

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
11 најмоќни армии во светот

29.4.2014

Реномираниот американски вебсајт „Бизнис инсајдер“, користејќи ги бројките и статистиките добиени од порталот што обработува безбедносни теми „Глобал фајерпавер“, направи ранг-листа на 11-те најмоќни армии во светот што во моментов, земајќи предвид многу фактори, како што се големината на армијата, оружјето, логистиката, буџетот, доминираат на глобалната геополитичка сцена




ГЛОБАЛНИ ВОЕНИ СИЛИ

Асиметричните војни во Авганистан, Виетнам, а денес и во Сирија, покажаа дека мали воени сили можат да се носат и со воените суперсили. Но сепак земјите што можат со своите армии да извршат масовни воени операции и кои располагаат со огромни бројки се сѐ уште релевантен фактор, кој одлучува кој ќе доминира на военото поле во светот и тие ја креираат светската политика, анализира реномираниот американски вебсајт „Бизнис инсајдер“. Вебсајтот, сублимирајќи многу фактори, направи ранг-листа на 11-те најмоќни армии на светот.

- Постојат неколку глобални играчи на светската карта, кои многу години доминираат на воено поле и демонстрираат многу поголема моќ од другите. Земјите вложуваат огромни средства во луѓе, технологија и во оружје, за да ја задржат водечката позиција на ова поле - пишува вебсајтот.

1. САД
Буџетот на САД за одбрана на земјата изнесува 612 милијарди долари. И покрај кратењето на трошоците, Вашингтон сепак на одбрана троши многу повеќе пари од сите земји заедно што се наоѓаат на ранг-листата под Америка.
- Една од најголемите стратегиски предности што ги имаат САД се 19-те носачи на авиони, со кои Америка го шири своето влијание. За споредба, остатокот од светот заедно оперира со вкупно 12 носачи на авиони - пишува вебсајтот.
Медиумот објаснува дека со оваа тактичка предност на супербродовите на Пентагон возможно е многу брзо да се поставуваат воени бази во кризни региони и многу полесно од другите земји САД може да распоредуваат воени сили насекаде во светот.
Според магазинот, оваа водечка суперсила користи врвна воена технологија, а има и голем број високообучени војници и најмногубројна авијација.

2. РУСИЈА
Вебсајтот констатира дека две децении по колапсот на СССР, руската армија повторно ја зајакнува својата моќ на сите полиња.
- Кремљ ги зголеми воените трошоци за една третина повеќе во однос на 2008 година, во следниве три години се очекува да порасне за 44 отсто од сегашната сума, а годинава воениот буџет на Русија изнесува 76,6 милијарди долари - пишува „Бизнис инсајдер“.
Вебсајтот тврди дека Русија во моментов има на располагање 766.000 активни професионални војници и резервен состав што има 2.485.000 трупи.
- Оваа масивна пешадија е добро логистички поддржана од 15.500 тенка. Овие големи бројки докажуваат дека генералите на Москва командуваат со најмногубројната оклопна копнена моќ во светот - вели вебсајтот.

3. КИНА
Порталот тврди дека како што расте економијата на Кина, така Пекинг пропорционално ги зголемува воените трошоци за одбрана на земјата.
- Воениот буџет на Кина е неверојатни 126 милијарди долари и тој најверојатно ќе се зголемува во иднина - вели вебсајтот.
„Бизнис инсајдер“ тврди дека со зголемувањето на буџетот на земјата, расте и влијанието на Пекинг, кое генерално е насочено кон Јапонија и Филипините.
Според бројките на ранг-листата, Кина располага со најмногубројната пешадиска армија во светот, или 2.285.000 активни војници, на кои се надоврзуваат оние 2,3 милиони резервисти.

4. ИНДИЈА
Трошоците за вооружување на Индија растат заедно со желбата на Делхи да изгради светска модерна суперсила од својата војска.
- Во моментов се проценува дека земјата троши 46 милијарди долари за воени цели и се прогнозира дека таа цифра ќе расте во иднина, а во 2020 година ќе се израмни со Кина - тврди медиумот.
Според вебсајтот, модернизацијата на војската се должи пред сѐ на затегнатите односи во соседството на Индија, особено со Пакистан.
- Една од работите што треба да се истакнат е тоа дека Индија поседува балистички ракети со импресивен интерконтинентален дострел - нагласува „Бизнис инсајдер“.

5. БРИТАНИЈА
Иако Лондон најави дека планира да ги намали трошоците за одбрана на земјата за 20 отсто во периодот од 2010 до 2018 година, одбранбениот буџет на Британија сѐ уште е еден од најголемите и во моментов изнесува 54 милијарди долари.
Според вебсајтот, и покрај овој факт за намалување на финансиите, Обединетото Кралство располага со една од најдобрите и најискусните воени морнарици на светот.
- Бисер на кралската морнарица е супермодерниот носач на авиони „Кралица Елизабета“, кој ќе биде во служба, крстосувајќи по океаните, најмалку до 2020 година - истакнува магазинот.

6. ФРАНЦИЈА
Во 2013 година, според „Бизнис инсајдер“, Франција одлучи да го намали својот воен буџет за 10 отсто, со надеж да се заштедат државни финансии додека земјата се справува со глобалната економска криза.
- Сепак, и покрај кратењето на парите, Париз троши 43 милијарди долари на својата армија, што е над два отсто од бруто-домашниот производ (БДП) - тврди вебсајтот.
„Бизнис инсајдер“ појаснува дека и со намалувањето на трошоците Франција е многу влијателна во светот, а нивните сили константно се распоредени во Централноафриканската Република, Чад, Мали и во Сенегал.

7. ГЕРМАНИЈА
„Бизнис инсајдер“ тврди дека Берлин, иако не котира повисоко на ранг-листата, има значително силна армија, која константно им се нуди на помош на земјите од источниот блок на НАТО.
Вебсајтот истакнува дека широката палета на оружја со кои располага германската армија е проследена со буџет од 45 милијарди долари.
- Германската армија до неодамна беше уставно ограничена во офанзивната улога, но нејзината меѓународна улога се промени по распаѓањето на бивша Југославија. Денес Германија има 183.000 активни војници и 145.00 резервисти - пишува „Бизнис инсајдер“.

8. ТУРЦИЈА
Вебсајтот пишува дека воениот буџет на Анкара продолжува да расте и денес тој изнесува 18,2 милијарди долари.
- Турција внимава како е вооружена и како ја употребува својата армија поради безбедносните закани од курдското малцинство, но и поради воениот конфликт во Сирија, кој се води блиску до нејзините граници - пишува медиумот.
„Бизнис инсајдер“ наведува дека оваа армија досега била активна во мировните операции во Авганистан на Балканот и дека има свои сили на Кипар.

9. ЈУЖНА КОРЕЈА
Според „Бизнис инсајдер“, јужнокорејската армија е добро опремена и дека главна причина за тоа неодамнешното вооружување на Јапонија и на Кина.
- Сеул има одбранбен буџет од 34 милијарди долари, со кој се „хранат“ огромните воени единици. Земјата располага со 640.000 професионални и 2,9 милиони луѓе, кои влегуваат во резервниот состав на армијата - тврди вебсајтот.

10. ЈАПОНИЈА
Јапонија првпат пред 11 години почна да го зголемува својот воен буџет, поради зачестените спорови што оваа земја ги има со Кина.
- Токио има добро опремена армија, за која троши 49,1 милијарди долари - подвлекува „Бизнис инсајдер“.

11. ИЗРАЕЛ
„Бизнис инсајдер“ вели дека Блискиот Исток е секогаш ризично место, а Израел токму поради овој факт, за да ја осигури својата државност, на одбраната троши големи суми, што во моментов изнесуваат околу 15 милијарди долари. Голем дел од оваа сума се троши на одбрана, што го докажува и противракетниот штит Железна купола, кој го штити Израел од ракети од палестинските територии

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42914741229&id=84&prilog=0&setIzdanie=

The 11 Most Powerful Militaries In The World
http://www.businessinsider.my/11-most-powerful-militaries-in-the-world-2014-4/#.U2AuYvmSzhE

http://www.globalfirepower.com/country-military-strength-detail.asp?country_id=united-states-of-america
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
каде е северна кореја?

1 милион војници
8 милиони резерва

буџет 10 милијарди

4200 тенкови
2200 оклопни возила
1600 авиони
 
N

NikolaMKD91

Гостин
каде е северна кореја?

1 милион војници
8 милиони резерва

буџет 10 милијарди

4200 тенкови
2200 оклопни возила
1600 авиони
Плус се шпекулира да Северна Кореја има произведено хидрогенска бомба со дострел до Лос Анџелес. Иако е непотврдено може да се најдат информации за производство на хидрогенска бомба во оваа држава, што додатно ја зголемува моќта и силата на севернокорејската армија во светска рамки . :)
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.313
каде е северна кореја?

1 милион војници
8 милиони резерва

буџет 10 милијарди

4200 тенкови
2200 оклопни возила
1600 авиони
Samite brojki nisto ne znacat, vazna e i opremenosta. Severna Korea ima zastareni tenkovi, avioni itn. edino atomskata bomba im vredi zlato vo smisla da spreci mozni intervencii od SAD ili drugi drzavi. Daleku od slaba im e armijata ama ne megju najjakite.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
каде е северна кореја?

1 милион војници
8 милиони резерва

буџет 10 милијарди

4200 тенкови
2200 оклопни возила
1600 авиони
Тие се гладни и уморни, да им мавни американецо со леб и паштета - ќе се предадат со се оружје
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Тие се гладни и уморни, да им мавни американецо со леб и паштета - ќе се предадат со се оружје
Исто како виетнам што се предаде, американците ако влезат со пешадија, живи има да бидат изедени од севернокорејците, не е ова пустина како либија, ирак па тепај со авиони немаат глувците каде да се кријат.
Зошто Америка веќе не ја нападна северна кореја? Не зошто не сака туку зошто би изгубила многу а не би добила ништо.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Исто како виетнам што се предаде, американците ако влезат со пешадија, живи има да ги изедат
Виетнам?? према самите виетнамски податоци во војната загинаа 1.100.000 северновиетнамски војници (без цивилни жртви) и 58.000 амерички војници (на секој 1 амерички војник, гинеа 19 вијетнамски војници) Инаку додека америка беше таму, северен вјетнам не успеа да го освои јужен (тоа им беше целта) во 1972 година северен вјетнам потпиша мир со америка и амерички војници се повлечени од виетнам, 3 години подоцна (коага америка не беше веќе присутна таму) дојде до војна меѓу северен и јужен виетнам и тогаш успееа да го освојат јужниот виетнам.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.309
Поени од реакции
19.663
Овој сајт e само статистика и така и треба да се гледа на неговите податоци.

Зошто Америка веќе не ја нападна северна кореја?
Бидејќи Северја Кореја поседува нукеларни бомби.

Ако ги тргнеме нив, Северја Кореја поседува тенологија од педесетите и секоја година народот масовно умира поради недостиг на храна. Немаат шанси против никој од соседите па и пошироко.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.561
Поени од реакции
26.074
Тие се гладни и уморни, да им мавни американецо со леб и паштета - ќе се предадат со се оружје
Или да им кажат дека американците можат да се јадат.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Овој сајт e само статистика и така и треба да се гледа на неговите податоци.


Бидејќи Северја Кореја поседува нукеларни бомби.

Ако ги тргнеме нив, Северја Кореја поседува тенологија од педесетите и секоја година народот масовно умира поради недостиг на храна. Немаат шанси против никој од соседите па и пошироко.
Тоа е една од теориите, но вистинската причина зошто САД не ја напаѓаат Северна Кореја е бидејќи Кина стои позади неа .
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Тоа е една од теориите, но вистинската причина зошто САД не ја напаѓаат Северна Кореја е бидејќи Кина стои позади неа .
Исто како што Русија стоеше зад Украина?

Инаку сајтот ја споредува моменталната состојба на армиите исклучувајќи го нуклеарното оружје.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Виетнам?? према самите виетнамски податоци во војната загинаа 1.100.000 северновиетнамски војници (без цивилни жртви) и 58.000 амерички војници (на секој 1 амерички војник, гинеа 19 вијетнамски војници) Инаку додека америка беше таму, северен вјетнам не успеа да го освои јужен (тоа им беше целта) во 1972 година северен вјетнам потпиша мир со америка и амерички војници се повлечени од виетнам, 3 години подоцна (коага америка не беше веќе присутна таму) дојде до војна меѓу северен и јужен виетнам и тогаш успееа да го освојат јужниот виетнам.
види ја разликата прво кој колку војници имал. Јужен виетнам заедно со сојузниците милион и осумсто ијлади војници, а комунистите само четиристотини илјади
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
види ја разликата прво кој колку војници имал. Јужен виетнам заедно со сојузниците милион и осумсто ијлади војници, а комунистите само четиристотини илјади
и од тие 400.000 загинаа милион и сто иљади ???[DOUBLEPOST=1398860869][/DOUBLEPOST]
Жално,тие пари што се даваат за оружје може да ги употребат за да нахранат многу луѓе.
и да напијат , не ја заборавајте пијачката
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.817
Да не се лажеме, Сев. Кореа не се напаѓа затоа што има нуклеарка. Украина нај веројатно немаше да го изгуби Крим да им останеше нуклеарното оружје. Нуклеарното оружје е нај уверлив дипломатски аргумент.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom