100.000 евра , најдобар начин да се инвестираат ?

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Toa bratuced moj go raboti. Kolku kontejneri i kakva hartija ti treba pa ke ti kazam ceni i od kaj da kupis.
Mnogu e eftino.

Не можам да ти пишам приватна порака. Зошто?
Се извинувам за оф топик. Еве на пример палета хромокартон белобел 300грамски.
 
M

Muranyi

Гостин
Прво што ми паѓа на памет и го сметам за посигурен влог-би купил два стана по 40 000 евра и би ги давал под кирија а со остатокот или би отворил теретана бидејќи сигурно не би изгубил ништо со неа па дури и да не тргне работата или пак би ги ставил во банка дур не се роди некоја подобра идеја.Нормално дека во меѓувреме ќе си ја задржам работата па со приходите од становите и теретаната(доколку ги ставам во банка каматата не би ја вадел воопшто,само би трупал) би имал прилично пристоен живот.

Истотака со 100 000 евра се зимаат два добро наполнети контејнери од Кина со санитарија,имам другар кој работи со тоа и е ептен уходан само што врти со многу помалку пари и е врзан со партнер кој учествува со поголем дел од инвестицијата и нормално зема поголем дел од приходот.И за оваа опција би размислил сериозно.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850

Втората опција ти е многу подобра. Така почнава ‘‘Грос комерц‘‘ така работи и Мега (Куманово) но и производител еден наш на туш кабини Луксор...Соработувавме со нив, имав можност да ѕирнам во товарниот лист...цените набавни беа смешно евтини, во однос на продажните.... па и да се пресмета скапиот превоз, царина ДДВ... еден сет за купатило од стакло и МДФ (ова не е Мадерфакер!) вака нешто или ‘‘побогато‘‘:

цените смешно ниски (набавните) 15-16-20$..... a одева ко алва по 8-10 па и повеќе иљадарки! Зборувам за период пред 5-6 години (сега незнам каква е ситуацијата на пазарот) .Тука може да има пара доколку има пласман... доколку човек е поврзан со салоните, доколку плаќаат редовно истите... доколку не те уништи инспекција! Доколку доколку, доколку или ако ако ако.....многу од нив!? А два контејнера со санитарија (гледајки ги наб. цени) со сите трошкови би чинеле многу поевтино од 100,000 Евра!
А инаку со влог во два стана од по 40,000... ништо не правиш! Еден стан од 40 К многу тешко да го изнајмиш за поголема сума од 100 Евра. Што инвестиција е тоа од 80,000 Еур која месечно ти носи несигурни 200 Евра!?... Како работет теретаните незнам, ама знам дека бизнисот со недвижнини (изнајмување продажба) е тапа.... Не само овде, така е цел Балкан.... пред некој ден имаше прилог за станови во Атина кои чинат 250-300 Еур/м2... или стан од 38м2 со двор понуден за 7,500 Евра, гарсониери од 28-30м2 за 5,000... и тн и тн... значи долгорочно со недвижнина ако ‘‘мечката игра‘‘... губиш!
А со санитарија од Кина и јас лично би влегол во игра! Бизнис мислам.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ќе заминам во Америка и ќе купам 5 камиони и ќе земам по 6000 евра месечно од еден камион од кои пола ќе идат за плата на шоферите. :D
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Втората опција ти е многу подобра. Така почнава ‘‘Грос комерц‘‘ така работи и Мега (Куманово) но и производител еден наш на туш кабини Луксор...Соработувавме со нив, имав можност да ѕирнам во товарниот лист...цените набавни беа смешно евтини, во однос на продажните.... па и да се пресмета скапиот превоз, царина ДДВ... еден сет за купатило од стакло и МДФ (ова не е Мадерфакер!) вака нешто или ‘‘побогато‘‘:
Мислам дека Луксор рикна, се наоѓа во стечајна постапка. Мега Куманово игра на карта крш (кој се набавува по ниски цени) и најнизок квалитет со достапни цени за кај нас. А Грос не ги познавам за да ти кажам како прават пари :)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Мислам дека Луксор рикна, се наоѓа во стечајна постапка. Мега Куманово игра на карта крш (кој се набавува по ниски цени) и најнизок квалитет со достапни цени за кај нас. А Грос не ги познавам за да ти кажам како прават пари :)
Грос комерц се наоѓаат од ‘‘Тренд‘‘ третиот дуќан (према мостот Г. Делчев) носат санитарија највеќе но и блиндор врати од Кина, (исто квалитет од Ш-класа)...
А ‘‘Луксор акваматик‘‘ рикнава велиш? Штета, голем влог влезе таму, сопствено производство (италијанска технологија) на кади, туш кабини.... 80% од производството извезуваа воглавно во Хрватска, Италија... дуќаните и кинеската санитарија (покрај кадите) им беше како хоби. Многу газди беа (ми се чини 5), еден (бивш од ‘‘Огласник М‘‘ ) се посвети сосема на градежништвото, ама занает не се учи на 45 -50 години, па му падна еден потпорен ѕид во Црниче.... Овде за жал не функционираат (или многу тешко) фирми со повеќе газди... секој од секого се плаши да не го искраде. Мнооогу од тие што почнуваат ортачки прво прашуваат колку ќе има за мене, јас да бидам директор (управител)..... а не дали е коњуктурен бизнисот, каков е пазарот, конкуренцијата, колку и како ќе се развива фирмата, дали ќе има профит, колку е флексибилен и одржлив на средни (ако не на подолги патеки) и сл.... тоа колку ќе има за кој во ортачки фирми и кој ќе управува со компанијата, во развиените земји е одамна решено! Да се вратам на "Luxor Aquamatic" ако рикнале, тогаш ми се чини најверојатно поради оваа причина!
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
552
Поени од реакции
130

Sto se sluci so luxor sto e vo stecajna postapka?
 
Извинете моја грешка. Ги помешав со еуромилк, тука негде се во комшии. Извинување и до луксор со нивните 4 фирми.
 
Член од
2 ноември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
100 000 евра се доста многу пари за отпочнување на било каков бизнис кој би се занимавал со производство.Со било каков тип на производство и да се почне ќе биде долгорочно со минимална заработувачка од 30 %.Јас почнав со потрага по инвеститор кој би вложил 50 000 евра за отпочнување на производство на електрични апарати за употреба во домаќинство,хотели,ресторани и тн. пред се наменети за извоз бидејќи во Македонија нема доволно голем пазар за истите.Се работи за апарати чијашто малопродажна цена се движи од 1500 евра па нагоре при што има заработка од минимум 80% на апарат.
 
Се прашувам јас, а верувам и останатите членови на форумов, кој тоа апарат за домаќинство чини толку ‘‘евтино‘‘.... па уште и коњуктура за него на ЕУ пазарот!?
Поаѓам од она најскапото нешто во домаќинствата... ЛЕД ТВ, Плазма од 40 -50 инчи? Не ќе да е! Голема е конкуренцијата таму, а и одамна паднаа со цена под 1500 Евра! Белата техника? Незнам.... ако измислиле некој Smart апарат ставаш на едната страна: зелка, мелено месо, сланина троа,, кромид, зачини... а од другата страна излегува готова сарма, дел за денес сервирана во тањири, а дел спакувана вакумирана во стиропор тацна и најлон - во фрижидер за утре....!? :P Во оваа економска криза позната како рецесија, баш ме интересира за што тоа (што чини само 1500 Евра), ќе стојат у редови во развиените ЕУ економии за да ја дадат својата месечна плата (во повеќето земји) а Made in Macedonia!?
 
gug1

њњ
Член од
14 мај 2011
Мислења
330
Поени од реакции
101
Ќе заминам во Америка и ќе купам 5 камиони и ќе земам по 6000 евра месечно од еден камион од кои пола ќе идат за плата на шоферите. :D
неделно кје зимаш повеќе од 6000 евра, со 5 камиони.
 
Член од
2 ноември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Се прашувам јас, а верувам и останатите членови на форумов, кој тоа апарат за домаќинство чини толку ‘‘евтино‘‘.... па уште и коњуктура за него на ЕУ пазарот!?
Поаѓам од она најскапото нешто во домаќинствата... ЛЕД ТВ, Плазма од 40 -50 инчи? Не ќе да е! Голема е конкуренцијата таму, а и одамна паднаа со цена под 1500 Евра! Белата техника? Незнам.... ако измислиле некој Smart апарат ставаш на едната страна: зелка, мелено месо, сланина троа,, кромид, зачини... а од другата страна излегува готова сарма, дел за денес сервирана во тањири, а дел спакувана вакумирана во стиропор тацна и најлон - во фрижидер за утре....!? :P Во оваа економска криза позната како рецесија, баш ме интересира за што тоа (што чини само 1500 Евра), ќе стојат у редови во развиените ЕУ економии за да ја дадат својата месечна плата (во повеќето земји) а Made in Macedonia!?
--- надополнето: 10 декември 2013 во 19:16 ---
Добро објаснив дека апаратите не се наменети за Македонскиот пазар баш поради платежната моќ на Македонците додека за Европејците тоа е половина плата за уред сто треба да трае мин.15 год. а се исплаќа сам со текот на годините.Сигурно нема да откријам за каков уред се работи бидејќи во Македонија не се произведува а низ Европа има неколку фабрики што го произведуваат.Јас го имам направено и функционира веќе две години а сега е во припрема и втор со подобрени карактеристики.Ќе повторам дека малопродажната цена се движи од 1500 до 2200 еур.Заработката би била одлична а од 50 000 еур. скоро 85% би отишле за набавка на делови за производство останатото е мал објект под кирија и да се почне со работа.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
неделно кје зимаш повеќе од 6000 евра, со 5 камиони.
Да не е малку многу 6000 Евра неделно (со 5 камиони)... тоа би било 5,000 Евра или 6,500$ месечно со еден шлепер!... Па Обама ќе земеше да вози ако има толку пари во трак-бизнисот во ЈуЕсЕј!... И онака не го бива за претседател! :P
--- надополнето: 10 декември 2013 во 19:38 ---
--- надополнето: 10 декември 2013 во 19:16 ---
Добро објаснив дека апаратите не се наменети за Македонскиот пазар баш поради платежната моќ на Македонците додека за Европејците тоа е половина плата за уред сто треба да трае мин.15 год. а се исплаќа сам со текот на годините.Сигурно нема да откријам за каков уред се работи бидејќи во Македонија не се произведува а низ Европа има неколку фабрики што го произведуваат.Јас го имам направено и функционира веќе две години а сега е во припрема и втор со подобрени карактеристики.Ќе повторам дека малопродажната цена се движи од 1500 до 2200 еур.Заработката би била одлична а од 50 000 еур. скоро 85% би отишле за набавка на делови за производство останатото е мал објект под кирија и да се почне со работа.
Од 1500 - 2,200 Евра... Богами јас би рекол цела плата (особено максималната цена на уредот - 2,200 Еур) за 70% од ЕУ државите (Шпанија Италија, Франција....да не спомнувам банана ЕУ економии членки како Полска Унгарија Грција....) инаку, ако не е за МК пазар, тогаш зошто толку мистика за кој и каков уред се работи!? Се плашиш некој од овдека да не ти го земе бизнисот, што мислиш да го пласираш на пазар поголем 600 милиони!? :PТоа прво, а второ како мислиш некој и да се заинтересира, а камо ли да инвестира ако незнае за што се работи!? Има многу потенцијални инвеститори на Кајгана (нов си тука ама не ја потценувај моќта на потенцијални инвеститори на форумов), прочитај малку повеќе и на оваа и на другите теми од економијата! Нешто за заштеда на струја веројатно или производство на струја? Или заштеда во греењето? ОК... како и да е, многу успех!
 
Член од
2 ноември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Заборавив да напоменам дека Made in Macedonija незначи продавање ѓубре како (Made in P.R.C)туку во Македонија постојат фирми кои се носат рамо до рамо со големи европски компании и овдека се произведуваат работи кои за Европа се незамисливи.Како пример ќе ја посочам Микросам од Прилеп која произведува машини за авионската индустрија и многу други ЦНЦ машини за општа употреба со кој кога се појави на саемите низ Европа сите прашуваа да не ова некоја шега бидејќи во Македонија (која и не знаат каде се наоѓа) е невозможно да се произведат такви машини.Микросам докажа дека и во оваа мала држава може да се произведува и напредна технологија а не само тутун,пиперки и др.Исто така има и други фирми низ државата што работат само за извоз и работат одлично сега не би сакал да ги набројувам за да не испадне дека ги рекламирам.Она сто јас сакам да го произведувам би се продавало одлично насекаде низ светот само уште да ги најдеме парите и со господ напред да почнеме со работа.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 19:40 ---

Kajgana Shop

На врв Bottom