10 најдобри ракии на балканот

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Чашка домашна, лек за рана!

Ракијата влегува во категоријата на природно лекарство, тајно народно оружје против многу болести, заедно со маслиновото масло, лукот, медот и другите домашни производи. Барем така велат... За болка во желудникот, настинка, грип и слични болести велат дека нема подобар лек од ракијата. Таа ќе ги уништи сите бактерии и вируси. Се препорачува и за болка во мускулите, да не зборуваме за дезинфекција на рани. Обично годи како аперитив, за утринско будење, со сирење и пршута, може пред и по ручек, навечер со вино или пиво (сечењето со жестоки пијалоци во некои краеви е вообичаено), помага полесно да се заспие, да се заборави, да се расположи. Меѓутоа, велат, кој не пиел домашна ракија, воопшто не ни пиел ракија!

СЛИВОВИЦА

Со еден збор - класика! Ретко ќе наидете на вистинска сливова ракија во која се чувствуваат мирисот и вкусот на сливата. Најчесто оваа ракија е јака, без боја, со мирис кој потсетува на чист алкохол, но дури кога ќе стигне до желудникот се чувствува вистинската слива која од стомакот во целото тело шири чудна топлина. Но и да налетате на полоша верзија, не може да биде полоша од лозова. Таа сигурно ќе ви помогне при болки во стомакот, особено ако сте јаделе нешто мрсно или неквалитетно, сливата во секунда ќе ги разгради сите штетни (а и нештетни) материи. Сепак, со неа треба претпазливо. Претераното пијанство може да биде полошо од кое било до сега!

ТРЕВАРКА

Постојат неброено многу видови треварки, отприлика колку и различни лековити билки и села. Кога се вели дека ракијата дејствува како лек, првенствено се мисли на треварката, која меѓу другите се истакнува и по мирисот. Од тревите кои се ставаат во ракија, во предвид доаѓаат нане, лаванда, жалфија, рузмарин итн. Главно, за добивање лековита треварка се користи пелин. Интензитетот на мирисот и вкусот, секако, зависат од тоа колку долго стои тревата во шишето. Ако страдате од болки во грбот, ништо нема да ви помогне така како масажа со треварка од пелин.

МЕДОВА

Медна ракија, медова ракија, медарка... тоа е познат производ кој со додавање на прополис станува вистински лековит пијалак. Некогаш погрешно се нарекува медовина, што е назив за вино со додаток на мед. Медовата ракија најмногу од сите споменати во текстов има карактер на ликер. Во неа има 15 до 25, а поретко и 30 проценти алкохол. Медовата ракија е исто така и една од најопасните ракии - слатка, питка, лизга низ грлото, кога еднаш ќе почнете, не знаете да престанете, а тогаш ќе биде веќе доцна. За последиците - не одговараме. Секако, од подготовката зависи колку ќе биде слатка, но токму поради тоа има одредена тежина поради која многумина ја пијат во мали количества и само како аперитив.

ЛОЗОВА

Добра лозова тешко е да се најде, затоа што многу често се облагородува со треви. За онаа индустриската може да се каже само дека е добра против забоболка, особено ако е во прашање воспаление. Ништо не може подобро да го втрне забот како една чашка лозова, а ако случајно ви се слизнат две, па и три чашки, изразот на лицето нема да ви биде баш најсреќен. Е, сега, љубителите на ракија, секако, ќе кажат дека има врвни домашни лозови, но сите оние што морале да пијат лозова, сигурно, не биле воодушевени. Таа покрај комовата ракија, има најмалку мирис и вкус, а таквиот вид алкохол најчесто е одбивна. Затоа, ако западнете во група на пивопии и винопии, едно чоканче лоза ќе биде доволно...

КОМОВА

Ако не сте знаеле што е комова ракија, замислете лозова, само во нешто полошо издание. Таа се подготвува од "остатоците" од материјалот за лозова и со понатамошно вриење се добива комова ракија. Во некои делови од Славонија постојат "фестивали" на комова на кои се претставуваат домашните производи, кои подоцна многу често се комбинираат со разноразни треви за да се поправи вкусот. Меѓутоа, затоа што и понатаму е "народен лек", во такви комбинации навистина е врвна. Слабите познавачи на ракија тешко можат да најдат разлика меѓу треварките добиени од лозова или од комова.

ВИЉАМОВКА

Во последно време се повеќе се ценат ракиите добиени од чисти сорти овошје. Како што за сливовицата најдобра е сливата таканаречена бистрица, така најценета е ракијата од круша виљамовка. Подобар квалитет на ракијата ќе даде сорта т.е. овошка побогата со шеќер и киселини. Природната овошна ракија виљамовка е една од најценетите на балканските простори. Не треба да се меша со крушковац, ликер од круша со црвена боја кој најчесто се пие со малку млеко. Виљамовката, секако, не се меша со ништо и таа без оглед на јачината има специфичен овошен вкус.

МАСТИКА

На балканските простори најпозната е македонската мастика. И покрај тоа што индустриски произведената мастика нема лековити својства (освен можеби за масажа), домашната мастика се подготвува од билката анис која е посебно добра за дишните органи и за проблеми со желудникот. Токму анисот и дава необичен, ментол вкус. Со можеби мали разлики, македонската мастика е слична со грчкото узо и турската јени раки. За разлика од другите ракии кои се пијат од мали чашки, мастиката често се точи по еден децилитар и потоа се меша со вода. Така помешаната проѕирна течност станува млечно бела и има поблаг, еднакво ароматизиран вкус.

ОРЕОВА

Ореовата ракија, како и некои овошни ракии, нема голем процент на алкохол, па речиси и да може да се нарече ликер. Оревот општо има голема примена и делотворност, тинктурата од зелени ореви го зајакнува коренот на косата, маслото се користи за потемнување на кожата при сончање, а самиот плод е добар против гастритис и маснотии во крвта. Кога од таква чудотворно здрава билка ќе се подготви ракија, таа не може да биде лоша. Има потемна, кафеава боја чиј интензитет зависи од тоа колку долго стоеле оревите во ракијата, а вкусот е комбинација на слатко и горчливо.

ИМЕЛА

Плодовите на билката имела се отровни, додека стеблото и листовите имаат изразито лековити својства. Во старите текстови е запишана како лек против епилепсија, но и против многу други работи - го регулира крвниот тек, хормонални нарушувања и некои срцеви проблеми. Посебно познато место за подготовка на оваа ракија е Истра, каде што жителите ја подготвуваат од домашна комова ракија што ја мешаат со имела и со уште три вида треви. Тие наводно имаат сопствен, таен рецепт, па според тоа, Истра, Далмација, е најдобро место ако сакате да пробате вистинска домашна ракија од имела.

ВИШНОВА

Иако вишновата ракија ја сметаат за ликер, и таа може да биде богата со алкохол како и било која друга врста на алкохол. Цели, исчистени вишни се ставаат во лозова или комова, се оставаат да ферментираат, а резултатот е слатка темноцрвена течност, истовремено лесна и пивка. Оние производи подготвени со мал процент на алкохол, можат буквално да се пијат како сокче. За подготовка на вишнова ракија не ви треба куќа, двор, котел и слично, вишните во ракија можете да ги ставите и на балконот од станот. Важно е само да ја погодите мерката, а кога ќе ги ставите вишните да вријат, додадете и малку рум, тој ќе го обогати вкусот.


Пиете ли вие ракија? : ))
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Misirkov i so ima homelessot so temava?

Nejse, OBDN pie rakija, i toa domaca, od na bato kazanot, ofarbana so srcevina od Orev :)
Ubajna, posebno so salata, lepo drustvo i isklucivo vo cokance, ko Gjorgji Kolozov (bog da go prosti) da mi bil inspiracija znaci :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Каква и да е, каква боја и да е, колку и да е добра - мене ми е одбивна. :pov:

Ракијата е добра само за масажа.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
СЛИВОВИЦА
ВИЉАМОВКА
ЛОЗОВА
МАСТИКА
Чашка домашна од се погоре!!! Чашка, две, три, четиринаесет.....!
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
nishto vie ne znaete... ali so godinite i mudrosta rekle starite. :)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Hmmm, po stilot i "dlabocinata", OBDN mnogu me potsetuva na edna druga osoba od nekoi drugi virtuelni prostranstva...

Inaku da, zholta negotinska so malku tolchena sol vo chaskata. So kisela voda bez mnogu sodium, razbira se.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
мене дома како шо ме учеа, ракија се прави или од сливи или од грозје. се друго у горниот текст е алкохол шо не е ракија. и ракија мора да е домашна, индустриската нема капка љубов во неа така да не е добра. а муабетот на обидиен за чоканчињата е на место. посебно кога треба да се наздравува и сите ги држат чоканчињата за горниот дел (вратот) и ги трескаат долните делови од чоканчето. звукот е уникатен и те тера да наздравуваш почесто а со тоа и да пиеш нели. на здравје :pijan:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
1. Беровска (домашна) шљивка
2. на гарфилд ракијата
3. лоза
и секоја ракија шо ја пијам ја поштувам со добро друштво праена за мерак и до добро беровско сирење
 
Член од
14 септември 2005
Мислења
416
Поени од реакции
11
Anonymus1 напиша:
1. Беровска (домашна) шљивка
2. на гарфилд ракијата
3. лоза
и секоја ракија шо ја пијам ја поштувам со добро друштво праена за мерак и до добро беровско сирење
Rakija ne pijam icc(od kako bev na 3 glikozi kako student radi fatalno pijanstvo)ama sum gi probal i slivovata i lozovata.Bi za lozovata,slivovata ko pojaka da e ,a i vkusot ne mi se svigja bas.
No toa sirenceto vase(Berovsko) ne bi mu prostil.
A vkusot na mastikata najveke mi godi od site rakii.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Profa ако шљивката е направена од мајстор и ако се чува правилно и ако не е пресна тогаш верувај подобра е од виски
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
другарче напиша:
мене дома како шо ме учеа, ракија се прави или од сливи или од грозје. се друго у горниот текст е алкохол шо не е ракија. и ракија мора да е домашна, индустриската нема капка љубов во неа така да не е добра. а муабетот на обидиен за чоканчињата е на место. посебно кога треба да се наздравува и сите ги држат чоканчињата за горниот дел (вратот) и ги трескаат долните делови од чоканчето. звукот е уникатен и те тера да наздравуваш почесто а со тоа и да пиеш нели. на здравје :pijan:
Ko shto rekov, od bureto na brat mi, tecena denonokjno, so budno oko - na kraj dujdisana so srcevina -- toa e ljubov.
A cokancinjata -- Neli!!!
Retki se migovite na uzivanje vo ona so ljubov protkaenoto. I da ne si pijac na rakija, koga ke se najdesh vo okolina koja ja gledash kolku nezno toa go neguva, ke se napies, a aterot shto ke go napraish nema v grlo da ti ostani - veruvajte!
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Misirkov напиша:
Hmmm, po stilot i "dlabocinata", OBDN mnogu me potsetuva na edna druga osoba od nekoi drugi virtuelni prostranstva...

Inaku da, zholta negotinska so malku tolchena sol vo chaskata. So kisela voda bez mnogu sodium, razbira se.
"Kvalitetot" ne se menuva; a i nekoi, ednostavno imaat "stil" :icon_lol:
Aj kazi na koj te potsekja OBDN; da vidam koj mi ruga rejting.
Ova so solta go neam probano -- ne zvuci na arno, no ke go ugodam eden den...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom