„Државна видео лотарија“ ќе ги регулира интернет игрите на среќа

Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Од обложување во странство од земјава годишно се одлеваат по десет милиони евра, па за да се спречи тоа Македонија добива Државна видео Лотарија, најави денеска владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
„Од направените анализи произлегува дека во рамки на една година над 10 милиони евра имаме одлив на средства по основ на овие издатоци“, рече денеска Ѓорѓиев, одговарајќи на новинарско прашање, најавувајќи го новиот начин на организирање на игри на среќа преку Интернет.
Поради големите износи за вложување во ваков систем голем број играчи од Македонија, како што нагласи тој, македонските граѓани беа принудени да се обложуваат на странски сајтови. Поради тоа Владата минатата година објави меѓународен јавен повик за избор на странска компанија за оваа намена.
„Како најсоодветен и најбонитетен партнер кој што се јави на овој меѓународен повик беше избрана реномираната компанија во оваа сфера ‘Австрија казино’ , која е една од најзначајните субејкти во светски рамки“, појасни Ѓорѓиев.
Во таа насока се предвидени соодветни законски измени, благодарение на кои што кон крајот на март или на почетокот на април ќе почне со работа Државната видео лотарија.
„Ќе биде формиран посебен правен субејкт и ќе го носи називот Државна видео лотарија. Во тој нов правен субејкт ќе учествуваат двајца партнери, тоа ќе биде Државната лотарија на Македонија, односно државата со 51 отсто од сопственоста, а вториот партнер ќе биде реномираната компанија ‘Австрија казино’ со 49 отсто“, рече Ѓорѓиев.
Тој додаде дека тоа дополнително значи поголеми приходи во Буџетот на Р.Македонија по основ на определени даноци и поголем број на средства за оние ставки што се финансираат преку добиени средства од организација на игри на среќа како што се повеќе средства за здравство, екологија, за помош на ранливи групи и останати целни групи кои што целосно или делумно се финансираат.
Во текот на следните две години, како што појасни тој, преку Агенцијата за електронски комуникации и други надлежни институции ќе бидат блокирани странските сајтови на кои што се организира обложување.
БУМ, во темата за оданочување на добивка од кладилници сите почнаа муабети дека ке се обложуваат на интернет, па почнавме заебанции што е следно што може да се оданочи, епа повелете. Ќе се блокираат сите веб страни за интернет обложување и игри на среќа. Што е следно ?
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
Никаде не прочитав ја дека ќе се блокираат таквите страни. Но ако стварно се направи тоа тогаш не знам шо да кажам, чиста диктатура е ова. Не беше малце со 10% данок на добивки...Умрена држава.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
Никаде не прочитав ја дека ќе се блокираат таквите страни. Но ако стварно се направи тоа тогаш не знам шо да кажам, чиста диктатура е ова. Не беше малце со 10% данок на добивки...Умрена држава.
Во текот на следните две години, како што појасни тој, преку Агенцијата за електронски комуникации и други надлежни институции ќе бидат блокирани странските сајтови на кои што се организира обложување.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Ова е важна и голема вест.

Конечно и во Македонија ќе постојат легални сервиси за online gambling а со тоа се повлекува и можноста за рекламирање на online gambling и заработка преку affiliate !
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Нека ги блокираат, тие што се снајделе да не им плаќаат 10% данок, ќе си се снајдат и пак да се коцкат онлине.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.838
Поени од реакции
5.117
Ова е важна и голема вест.

Конечно и во Македонија ќе постојат легални сервиси за online gambling а со тоа се повлекува и можноста за рекламирање на online gambling и заработка преку affiliate !
Ќе постои еден сервис наречен Државна Видео Лотарија и ти ќе правиш пари од рекламирање на монопол? :icon_lol: Good luck.
Логично беше ова да го воведат после 10% данокот на сите добивки.Му секнуваат парулиња на гујчето.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Ќе постои еден сервис наречен Државна Видео Лотарија и ти ќе правиш пари од рекламирање на монопол? :icon_lol: Good luck.
Логично беше ова да го воведат после 10% данокот на сите добивки.Му секнуваат парулиња на гујчето.


Во право си.

Ако остане монопол тогаш ништо од правење пари преку affiliate.

Се надевам дека следен чекор би било на кладилниците да им се даде можност да организираат online кладење. Тогаш да !
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Нешо слично постои во земји као Шведска, Белгија, Канада.... или грешка сум?
Монопол државна компанија, и се останато странско се блокира од интернет провајдерите.

Каде е тука "диктатурата" тогаш?
 
Ф

Флеш

Гостин
Нешо слично постои во земји као Шведска, Белгија, Канада.... или грешка сум?
Монопол државна компанија, и се останато странско се блокира од интернет провајдерите.

Каде е тука "диктатурата" тогаш?
остај .... и одењето у веце че го етикетираат дека Грујо е крив ... :ROFLMAO:
 
Z

zlaki

Гостин
па лошо е ако ги блокираат странските страници за обложување.Зар нема некоја европска или светска асосијација каде обложувалниците се членки и имаат некој закон на кој може да се повикат.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.875
Поени од реакции
7.746
па лошо е ако ги блокираат странските страници за обложување.Зар нема некоја европска или светска асосијација каде обложувалниците се членки и имаат некој закон на кој може да се повикат.
не тропајте кога не знаете, цела европа работи на тоа,секој да си ги чува играчите на домашните кладилници, ова што се нуди и не е толку лошо, логично после ова е и другите домашни кладилници да добијат дозвола за отворање онлине кладење .
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
остај .... и одењето у веце че го етикетираат дека Грујо е крив ... :ROFLMAO:
Не бе овцо , Бранко е крив.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 14:59 ---
не тропајте кога не знаете, цела европа работи на тоа,секој да си ги чува играчите на домашните кладилници, ова што се нуди и не е толку лошо, логично после ова е и другите домашни кладилници да добијат дозвола за отворање онлине кладење .
Абе ти разбираш ли нешто или толку ти е лејката.Кој има право да ми блокира гледање на веб страна? Тие страни не се е само за обложување туку и се од информативен карактер, спортски вести , статистика од спортските натпревари итн, итн....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Нешо слично постои во земји као Шведска, Белгија, Канада.... или грешка сум?
Монопол државна компанија, и се останато странско се блокира од интернет провајдерите.

Каде е тука "диктатурата" тогаш?

Грешка си, и тресиш глупости.
 
Z

zlaki

Гостин
не тропајте кога не знаете, цела европа работи на тоа,секој да си ги чува играчите на домашните кладилници, ова што се нуди и не е толку лошо, логично после ова е и другите домашни кладилници да добијат дозвола за отворање онлине кладење .
па незнам како е кај другите земји и незнам колку е добро или лошо но сепак треба да ПОСТОИ избор каде сакам да се обложувам а ако државата не знае како да ги земе и тие пари тогаш нека воведе некој систем на интернетот каде секој кој сака да играе да има мониторинг на излез и влез на пари за обложување во согласност со банките во Мк.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom