е биз или е криз?

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
concrete напиша:
Zanimliva vest, toa se siri kako pozar veke,dobro e sto i vo Makedonija se sledi trendot.
http://mt.net.mk/Produkti/eCard/ и http://mt.net.mk/produkti/ecard/zosto.asp.

Слично имаш и од Мобимак, http://www.mobimak.com.mk/makedonski/Our_offer/services/m_payment.asp, услуга која е доста популарна во Германија меѓу пост-пејд корисниците.

Во моментот, и двата сервиса се користат само за сопствена продажба, со мал исклучок на Мобимак кој работи со Оннет и Diners.

Проблемот кај нас, покрај куповната моќ, е што пазарот кај нас не ја следи технологијата и не гледа реална употребливост на истата, а со тоа се повлекува друго прашање: дали инвестиција во овозможување на "електронското плаќање" ќе ги врати вложените пари?

Бугарите отидоа неколку чекора напред од нас (и ние бевме на ист пат), во смисла на користење на локални кредитни картички за купување на интернет. Но и таму исто им фалат "заинтересирани" купувачи, а со тоа и повеќе е-шопови.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не е проблемот во куповната моќ, за ситни и за секого пристапни производи на пример како подароци, па и за малку поскапи бидејќи секоја стока си има свој купец, нели? Јас лично сум бил многупати во ситуација да сакам да купам нешто он лајн од странство и верувам дека не сум бил единствен, но не ми била прифатена македонската кредитна. А кога такви производи би биле достапни и тука, зошто да не ги купам? Значи, потенцијални купувачи има.

Значи, го елиминираме проблемот со куповната моќ. Претходно го елиминиравме "проблемот" и со наплатата, начини има и тоа повеќе.

Главното: проблемот е во сериозноста на оние кои што сакаат да го започнат овој бизнис. Инвестиција нула - некој ефтин или гага сајт склепан од аматер и неговата добра воља, негова промоција во медиумите и маркетинг исто така нула, и главното - неатрактивни производи кои се продаваат конкретно за сајтовите кои продаваат подароци, пример ЦД од албум на Тоше или Каролина стар 2 години (логика - кој би го купил ова, па уште и он лајн?)

Секој кој ќе се нафати со овој бизнис треба да е спремен да инвестира и да не ги жали парите за маркетинг и промоција. Сите пробуваат нешто во стил на размена на банери со добропосетуваните сајтови. Малку ќе подзабегам сега со конкретен пример (извинете ме ама сакам да објаснам) за таква понуда која ја имав, и нормално ја одбив. Како прво - www.kajgana.com е чисто комерцијален портал и не практикува размена на банери, како второ и најбитно и чиста логика ако веќе правиме некаква размена да се запрашаме што добивам јас, а што тие:

Тие би добиле реклама на портал кој дневно има околу 5000 посети од различни ИП адреси и пренасочување на добар дел од моите посетители.

Јас би добил банер на сајт кој сеуште не профункционирал и чии што посетители всушност се моите. Која е логиката тука? Истото им го објаснив и на нив и ми се налутија уште! :)

Значи, немора да фрлиш рипче за да фатиш крапче, фрли барем лепче за да фатиш рипче, па после со рипчето...ама фрли да му се сневиди, не штеди.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
а замисли кај нас на економски има смер „Електронски бизнис„ само не знам тие што ќе прават?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ќе праќаат понуди за размена на банери. :P
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
https://www.mobilelime.com/mobilelime/home.do?action=index

interesen slucaj za analiza , no mislam deka Makedonskite Banki se prezafateni so teranje gooolemi biznisi za da poddrzuvaat vakvi microplakanja....od druga strana setkav malku po internet i gledam mnogu pogolem uspeh vakvite novini imaat vo zemjite koi ne se tolku plastificirani kako USA na primer, a Makedonija ne da ne e plastificirana tuku i na hartienite cekovi olcnuva !!!!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Конкрит, ме интересира дали собра инфо, има ли напредок?
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Мистичен, ама и ти не си во право во врска со понудите за банер. Тоа за размената си во право, неразработен сајт со разработен е нелогично, ама јас ако се решам да си качам посетеност на сајт од некој друг сајт на кој би му платил, тогаш ќе сакам да знам колку пати е кликнато на линкот и да платам онолку колку што е кликнато со претходно определена цена. За кајгана гледам нема таква опција, има стриктна цена.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Не е ни чудо што сме на црна листа на повеќето сајтови, кога сите како луди се заебаваат со крадени кредитни картички. Познаници мои, купуваат работи кои им ги носат на врата и никој не ги прашал како платиле.

Лудница е.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
cYb3rc0re напиша:
Мистичен, ама и ти не си во право во врска со понудите за банер. Тоа за размената си во право, неразработен сајт со разработен е нелогично, ама јас ако се решам да си качам посетеност на сајт од некој друг сајт на кој би му платил, тогаш ќе сакам да знам колку пати е кликнато на линкот и да платам онолку колку што е кликнато со претходно определена цена. За кајгана гледам нема таква опција, има стриктна цена.
Има стриктна цена, точно. Има и реална статистика од хостинг провајдерот која е најмеродавна и која е достапна на увид за сите заинтересирани. По просто - амин.
А за колку пати е кликнато на линкот ќе си знаеш од статистиката на твојот сајт, секој хостинг пакет си има опција reffers.

Друга работа... рекламниот простор во другите медиуми (телевизија, радио, весници, билборди...) не нудат кликање до сајт, битно е рекламирањето на брендот, односно несвесното перцепирање и конзумирање на логото, производот... кај народот, или народски кажано - да ти влезе у психа, нели? Не е се во кликот.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
yin yang напиша:
Не е ни чудо што сме на црна листа на повеќето сајтови, кога сите како луди се заебаваат со крадени кредитни картички. Познаници мои, купуваат работи кои им ги носат на врата и никој не ги прашал како платиле.

Лудница е.
Малку претера и ти сега. Не во однос на тоа дека сме на црна листа - тоа е точно. И јас маки мачам со тоа, нашите кредитни ретко на кој сајт ги прифаѓаат. Ама ова:

yin yang напиша:
Познаници мои, купуваат работи кои им ги носат на врата и никој не ги прашал како платиле.
Мало морген. Можеби било така до пред 5-7 години, но сега не е. Верувај.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Јас знам пример од пред некој месец. Ама од пред некој ден друг пример: чув дека инспектори од МВР-отсек за компјутерски криминал, направиле „маааало” приведување :)

Ако е така супер!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.348
Супер, за риспект е тоа. Ама јас ако имам потреба да побарам помош од тој оддел, каде да се обратам? Сигурно нема да одам во БЕКО и да зборам со тие полицајци. Ќе бидат како изгубени, гарант.

Барем на сајтот на МВР да имаше нешто повеќе за одделот за компјутерски криминал, да можеше да се даваат анонимни информации и слично... Да имаше барем адреса и број од одделот, ако сакам да ги контактирам.

Ништо, тапа.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Било Македонија, било која од европските земји, има навистина заебен систем за плаќање преку кредитни картички. Јас си знам бидејќи дома сме претплатени на неколку интернет сервиси и најискрено треба трансакциите да поминат преку неколку тракатанци за да се изврши исплатата...

Што се однесува до компјутерскиот криминал - од неодамна донесоа закон за чување на податоците од сите интернет трансакции 5 години а од пред една година на сите корисници на интернет им се атрибуира ИП адреса или на институциите мрежа од 50 до 500 ИП адреси во зависност од бројот на корисници.

Приметете дека од пред еден век пишувам од истата ИП адреса (админите).
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Acid напиша:
Супер, за риспект е тоа. Ама јас ако имам потреба да побарам помош од тој оддел, каде да се обратам? Сигурно нема да одам во БЕКО и да зборам со тие полицајци. Ќе бидат како изгубени, гарант.

Барем на сајтот на МВР да имаше нешто повеќе за одделот за компјутерски криминал, да можеше да се даваат анонимни информации и слично... Да имаше барем адреса и број од одделот, ако сакам да ги контактирам.

Ништо, тапа.


Не знам.. јави се во централат во МВР да ти дадат број од одделение за компјутерски криминал?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom