Најпрво морам да си признам дека обожувам да ги читам најактивните членови на темите за религија, некогаш ќе разберам а понекогаш ништо не сфаќам, но не е битно....
Сакам само да поставам прашање до сите верници и неверници, до Христијаните и Телемитите, а тоа е што навистина ќе правиме во рајот, каков е таму животот, дали ќе продолжи нашата свест да се развива, нашата духовност, апетитите(за храна, секс,идр), дали ако посакам ферари да збрчам одма ќе ми се исполни желбата, дали воопшто таму се расте, созрева,старее(од бебе па до која возраст, нели и бебиња умираат) и уште еден куп прашања.
Телемитите велат дека после нашата смрт ќе бидеме звезди, какви ќе бидеме ме интересира, дали ке се разликуваме по големина, по старост, по светење во мракот...има ли разлика поради нешто??
Можеби глупи прашања ама многу луѓе сакаат да знаат каков е тој живот после смрт..никој не се врати да ни раскаже како е ама ние дефинитивно дискутираме многу на таа тема