Што ја одбележа фудбалската 2014та ?

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.044
Поени од реакции
57.255
Во повеќето подфоруми се отвори тема на слична тематика, па ајде и тука да направиме едно резиме на изминатава година.
Издвоите ги најинтересните, највозбудливите, најважните моменти, моменти по кои ќе биде запамтена фудбалската 2014та година.

За почеток нешто од мене...

Германија стана новиот светски првак


Кога сме кај Германија, не смее никако да се заборави огромната победа против домаќинот


Други интересни моменти од светското...
Голот на Ван Перси


Суарез повторно нападна. Овој пат жртва беше Киелини.


Реал Мадрид конечно стигна до долго посакуваната La Decima, најмногу благодарение на голот на Рамос во последните секунди од регуларниот дел од натпреварот



Спринтот на Бејл, кој му донесе на реал победа во Шпанскиот куп


Меси стана најдобриот стрелец во Ла Лига на сите времиња


Трансферите на:
Суарез во Барселона


Родригез во Реал Мадрид


Ди Марија во Манчестер Јунајтед


Диего Коста во Челзи


Од Премиер лигата поинтересни моменти:
Gerrard slip :icon_mrgr:


Челзи 6-0 Арсенал


Лошата сезона на Манчестер Јунајтед со Мојс. Поразот во ФА и лига купот од Свонси, односно Сандерленд.
Во новата сезона со Ван Гал катастрофалниот пораз од МК Донс со 4-0


И за крај, последното нешто по што ќе биде запамтена оваа 2014та година е пензионирање на големиот Тиери Анри.




Толку од мене. Можеби ќе се надополнам деновиве...
Продолжете вие :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.135
Поени од реакции
107.415
Млатењето на Баерн Минхен од страна на Реал Мадрид и тоа среде Минхен. Тоа секако не смее да биде заборавено. :D
Головите на Роналдо во ЛШ минатата сезона.
Тоа што Интер не успеа да сврзе три победи по ред цела година :facepalm:
Тоа што ниту една италијанска екипа не успеа да направи целосен трансфер на некој играч.

Влегувањето на Глазгов Ренџерс во Чемпионшип лигата во Шкотска.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Оваа година ќе ја паметам по мочањето на Германија врз Бразил..па така се немав радувано кога ќе фатев вкладилница ни пак кога Интер победуваше на било кое дерби...не сум симпатизер на Германија ама од толку што ги презирам Бразил добредојден беше секој нивни пораз..а не вака во полуфинале пред 70.000 домашни фанови,пред очите на целиот свет како дуелот на најголемите и најдобрите фудбалски нации,исфорсирани од медиумите до небо дека тие мораат да стигнат до трофеот..и потоа следеше мочање,понижување,humiliation,Германската дробилица го сомели и го посрамоти Бразил пред очите на целиот свет на нивни терен..лекција по модерен фудбал и за да ги памтат цел живот му треснаа 5 гола во првото полувреме и да му докажат кој е кој...

Буквално уште фалеше да свршам на голојте..фацата на Сколари за мене беше бесценета,поразени и понижени пред нивната публика,тоа сакав да го видам....ако изгубеа од Чиле уште во 1/8 немаше да пукни дотолку страмот,вака си го заслужија и нека си го носат
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.578
Поени од реакции
81.135
Слипи Џи
Бразил - Германија
Суарез VS Келини
- моментот што го одалечи Суарез едно 3-4 месеци надвор од терените.... Сеуште му ги памтам муабетите на @RickyLFC9 за тоа како не е загрижен за иднината на Луис :tvg:

Тоа што ниту една италијанска екипа не успеа да направи целосен трансфер на некој играч.
Кингсли Коман во Јувентус безпари = целосен трансфер :cool:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин


Хавиер Занети истотака се опрости од фудбалот. :place:

- Најмногу настапи за Интер (856);
- Најмногу трофеи во историјата на Интер (16);
- Најмногу настапи за селекцијата на Аргентина (145);
- Странски играч со најмногу настапи во Серија А (613);
- Играч на Интер со најмногу настапи во Серија А, Италијанскиот супер куп и УЕФА натпревари
- Играч на Интер со најмногу настапи во УЕФА лигата на шампиони (105);
- Играч со најмногу последователни настапи во Серија А (137);
- Најстар играч кој постигнал гол на ФИФА светското клупско натпреварување (37 години и 127 дена);
- Играч на Интер со најмногу настапи во дуелите со Милан (47);
- Играч со најмногу настапи во УЕФА лигата на шампиони како капитен (82);
- Најстариот странски играч кој играл натпревар во Серија А( Интер vs Наполи - 40 години и 259 дена).

ТРИПЛЕТА 2010 = УЕФА ЛШ+СЕРИЈА А+КОПА ИТАЛИЈА

Серија А (5): 2005–06, 2006–07, 2007–08, 2008–09, 2009–10
Копа Италија (4): 2004–05, 2005–06, 2009–10, 2010–11
Супер куп на Италија (4): 2005, 2006, 2008, 2010
УЕФА лига на шампиони (1): 2009–10
УЕФА куп (1): 1997–98
ФИФА светско клупско натпреварување (1): 2010

Споредни трофеи
Трофео тим куп - 2002, 2003, 2004, 2005, 2007,2010, 2011, 2012(8)
Бира Морети куп - 2001; 2002; 2007(3)
Пирели куп - 1997, 2000, 2001, 2002, 2003, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010(10)
Сантијаго Бернабе трофеј - 2001(1)
Франц Бекенбауер куп - 2008(1)

Индивидуални успеси
Фифа 100те најдобри - Листа на Пеле на најдобрите фудбалери на светот
УЕФА Тим на годината номинациии: 2003, 2007, 2008, 2009, 2010






 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
1-7, Германија светски шампион, Ла Децима, Стиви „this does not fucking slip now" Џерад, Арсенал по девет години со два трофеи за три месеци, пензионирањето на кралот.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.135
Поени од реакции
107.415
Слипи Џи
Бразил - Германија
Суарез VS Келини
- моментот што го одалечи Суарез едно 3-4 месеци надвор од терените.... Сеуште му ги памтам муабетите на @RickyLFC9 за тоа како не е загрижен за иднината на Луис :tvg:



Кингсли Коман во Јувентус безпари = целосен трансфер :cool:
И Видиќ така дојде во Интер. :) Муабетот ми беше за вообичаен трансфер, да платиш пари на клубот и да го земеш играчот. :D
 

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
2014 дефинитивно ќе биде запаметена по Роналдо, и тоа не за работа поврзана со фудбалот, туку за неговото его и фрустрација.
Во стилот на фамилијата Ким-јонг и тој си издигна паметник во родниот град Мадеира, но не било каков, туку навистина „впечатлив“.

Роналдо, како геј во плакар, со фиксацијата која ја има за машкото меѓуножје
„Зошто и јас немам таков?“ или
„Зошто не можам да се контролирам?“
не можеше да одобри поинаква статуа.



[Насмевката] „Сега и јас имам голем, хехе.“

Се извинувам за сарказмот, но престанав пред 5-6 години да следам фудбал (оти го сведоа само на трансфери, износи, профити и го убија духот на играта).
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Најпрвин ќе почнам од Инзаги, унапреден од тренер во младинските категории во прв тренер на италијанскиот гигант Милан.
Би продолжил со историската победа на Германија против Бразил на СП 2014.
Пензионирањето на Хавиер Занети не би го заборавил никогаш.
Ла децима на Реал
Лошата сезона на Дејвид Мојс во Манчестер Јунајтед.
Потоа можеби најлошата замена евер Торес - Балотели
Сигурно има уште моменти, кои не ми доаѓаат напамет во моментов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom