Што со заштедените пари?

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Проблем ми е штедењето, во смисла заразен сум од штедење и некако интересно е да зацрташ цел и да гледаш како полека стигаш таму. Почнав да штедам без некоја посебна цел туку само чував пари 'колку да се најдат'. Лоша работа е што тоа е бавен процес и не баш најразумен начин на инвестирање, но добрата работа е што во последните 3 години никогаш не сум имал финанскиски проблеми кога и да имам трошоци или сметки за плаќање од било кој вид.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
И јас во банка али ид таму нишо не се заработува тоа со каматата само ти ги штити парите од инфлација пак ништо не си ќарил мождеби во сребро вложување е најсигурна инвестиција. кола никако не е инвестиција тоа е губење на пари[DOUBLEPOST=1395822844][/DOUBLEPOST]И јас во банка али ид таму нишо не се заработува тоа со каматата само ти ги штити парите од инфлација пак ништо не си ќарил мождеби во сребро вложување е најсигурна инвестиција. кола никако не е инвестиција тоа е губење на пари
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
@FARANG и @Сердар,едно прашање за вас.

Пример, имам 15.000 евра и сакам да отворам приватен бизнис. Што е подобро, да ги вложам моите 15к во бизнисот или да земам кредит од банка? И зошто?
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Ги прочитав сите мислења и сите понудени опции - кој што прави и како прави со парите кои ги заштедува. Арно ама, никаде не видов нешто пишано за продуктот кој на запад е број 1, а во Македонија постепено се развива - животното осигурување.

За тие што ги инвестираат парите во нови бизниси, во ред, ама за тие што ги чуваат во банка или под перница, треба да размислат за животното осигурување. Зошто? Се штеди постепено, зад парите стојат најмоќните финансиски институции во свет, па е посигурно од банка, а заработката која се остварува е речиси иста како и таа во банките. И како најважно, тоа што никој не сака да се случи, доколку дојде до најлошото, нема да ги оставите вашите деца без денар и со (можеби) кредити за отплаќање. А, ако си биде се во ред, на крајот на договорот ќе добиете убава сума која ќе ви обезбеди нова кола, стан или што и да сакате, или убава пензија која, да бидеме реални, државата нема да ни ја обезбеди на нашите генерации.

Многумина не знаат што точно е животното осигурување, па затоа и не размислуваат да штедат преку истото. Никогаш не е лошо да се има информација повеќе и да се знае дека има опција повеќе. Еве јас се ставам на располагање за сите заинтересирани, пишете ми во ПП, па ќе ви кажам се што не сте знаеле за животно осигурување.

п.с. бизнисот со животно се повеќе расте, а е достапен за секого и не треба страшни вложувања за да се работи со истиот. ПП и за повеќе инфо и за тој дел ;)
 
Член од
16 март 2014
Мислења
118
Поени од реакции
174

Вака. Немам доволни познавања, и веројатно и мојов одговор нема да ти користи некој друг би знаел подобро да ти одговори. Досега не сум размислувал да отворам нешто свое и веројатно уште долго нема да ја имам таа можност. Инаку под збор бизнис подразбирам нештото што подолги години го работиш за газда еден ден да го работиш приватно. Доколку идејата е издржана т.е. доколку се види дека ќе имаш доволно муштерии за да можеш да го плаќаш кредитот знам дека на запад не е проблем да се дојде до пари. Ќе одиш до неколку банки ќе те сослушаат чиновниците таму и во некоја најверојатно ќе ти го одобрат (aко не е којзнае колкава сума нема ни хипотека што е многу поволно). Затоа и не планирам некогаш да штедам за намена бизнис. Ако дојдам до тоа ниво и ако дадат кредит арно ако не никому ништо. Јас лично пари, стан и слично не би ризикувал и не би ставал под хипотека за нешто непроверено. Можно е и да грешам, како што реков.
 
Последно уредено:

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Чувам некој денар настрана, неиспланирани ми се, трошам кога ептен ќе ми затребаат за битни работи(ако немам) оти овде црно ни се пишува. Од следната заштедена сума ако сум во можност одма да одделам еден дел ќе си земам нов точак, а стариов ке им го остам на домашниве да го користат тие. Дома све во кеш чувам, во банка ако не е голема сума не се исплаќа каматите се ептен ниски.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Кога веќе си почнал/а да собираш пари, треба да ги собираш тие пари додека не собереш поголема сума на пари со која можеш да купиш нешто, но сепак дел од собраното да ти остане.
Ако мене ме прашуваш собраните пари во што би ги вложил тоа би било кола, земјиште, куќа.... нешто што е многу важно за човекот, а ако станува збор за многу поголема сума на пари, тогаш може и во некој бизнис.... кафана, дискотека...
А тоа каде ќе ги чувам, дали дома или во банка нешто многу многу не мења..... побитно е да ги имаш собрано парите :)
Прашај го овој дали мења

http://press24.mk/ushte-edna-teshka-krazhba-vo-skopje-skopjanec-ostana-bez-franci-evra-i-zlato[DOUBLEPOST=1395859353][/DOUBLEPOST]Од заштедените пари во иднина, планирам да си отворам фирма...но тоа ке биде после 6 години... до тогаш ке си работам, учам, собирам искуство, уживам, шетам трошам и штедам[DOUBLEPOST=1395860669][/DOUBLEPOST]
Ги прочитав сите мислења и сите понудени опции - кој што прави и како прави со парите кои ги заштедува. Арно ама, никаде не видов нешто пишано за продуктот кој на запад е број 1, а во Македонија постепено се развива - животното осигурување.

За тие што ги инвестираат парите во нови бизниси, во ред, ама за тие што ги чуваат во банка или под перница, треба да размислат за животното осигурување. Зошто? Се штеди постепено, зад парите стојат најмоќните финансиски институции во свет, па е посигурно од банка, а заработката која се остварува е речиси иста како и таа во банките. И како најважно, тоа што никој не сака да се случи, доколку дојде до најлошото, нема да ги оставите вашите деца без денар и со (можеби) кредити за отплаќање. А, ако си биде се во ред, на крајот на договорот ќе добиете убава сума која ќе ви обезбеди нова кола, стан или што и да сакате, или убава пензија која, да бидеме реални, државата нема да ни ја обезбеди на нашите генерации.

Многумина не знаат што точно е животното осигурување, па затоа и не размислуваат да штедат преку истото. Никогаш не е лошо да се има информација повеќе и да се знае дека има опција повеќе. Еве јас се ставам на располагање за сите заинтересирани, пишете ми во ПП, па ќе ви кажам се што не сте знаеле за животно осигурување.

п.с. бизнисот со животно се повеќе расте, а е достапен за секого и не треба страшни вложувања за да се работи со истиот. ПП и за повеќе инфо и за тој дел ;)
Рано е кај нас за тоа....народот нема пари...кој има да кешира 400 евра секоја година....да тоа е бизнис и за тебе, и ти профитираш за секој што ке се осигура преку тебе, но тој некој треба да е прилично ситуиран и секоја година да не му биде проблем да одвои околу 500 евра, а знаеме кај нас колку е народот ситуиран.
 
Последно уредено:

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Прашај го овој дали мења

http://press24.mk/ushte-edna-teshka-krazhba-vo-skopje-skopjanec-ostana-bez-franci-evra-i-zlato[DOUBLEPOST=1395859353][/DOUBLEPOST]Од заштедените пари во иднина, планирам да си отворам фирма...но тоа ке биде после 6 години... до тогаш ке си работам, учам, собирам искуство, уживам, шетам трошам и штедам[DOUBLEPOST=1395860669][/DOUBLEPOST]

Рано е кај нас за тоа....народот нема пари...кој има да кешира 400 евра секоја година....да тоа е бизнис и за тебе, и ти профитираш за секој што ке се осигура преку тебе, но тој некој треба да е прилично ситуиран и секоја година да не му биде проблем да одвои околу 500 евра, а знаеме кај нас колку е народот ситуиран.
Не се согласувам од две причини. Прво, никој не спомна сума од 400 евра. Секој сам решава колку ќе штеди. Второ, да, можеби 90 посто од населението во Македонија не зима плата од која му остануваат куп пари вишок, ама размислете баш тие 90 посто на колку непотребни работи ги трошат парите. Колку се помали примањата на Македонецот, тој толку повеќе пуши цигари и уплаќа спортска. Ако се направи математика и се размислува трезвено, на крајот на месецот и те како има што да се заштеди. И тоа секој месец. Ако не, наместо заштедата, ќе растат долговите со тек на годините.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Младите ќе се учат како да заштедат за пензија
Младите во Македонија се уште не се доовлно информирани за реформите во пензискиот систем, особено оние кои се вработени по 2003 година.
26.03.2014 16:47:55
Share on facebook Share on twitter Share on email Share on print More Sharing Services 7
Младите во Македонија се уште не се доовлно информирани за реформите во пензискиот систем, особено оние кои се вработени по 2003 година. Според најновите истражувања на Агенцијата за супевизија на осигурувањето, најголемиот дел од младите парите што ги заработуваат ги трошат од ден за ден, наместо да заштедуваат за пензиските денови. За да се подигне нивната свест на повисоко ниво, Сојузот на синдикати преку кампања ќе ги учи младите што значи задолжителното и доброволното пензиско осигурување, кои се нивните права и како да заштедат со помош на пензиските фондови.

- Покрај грижата на државата за нашите идни приходи, мора и ние да штедиме. Младите се повеќе мислат како да заработат, а воопшто не размислуваат како да заштедат повеќе, затоа мора да им објасниме за пензискиот систем и трите фондови, вели претставник од Агенцијата за супевизија на осигурувањето.
- Младите лица мора да научат кои им се правата, и на кој начин да им бидат исполнети барањата и интересите во однос на пензиите. Затоа ќе организираме едукации низ целата држава, вели претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митрески.

Од КБ Прв пенизиски фонд објаснуваат дека сите членови кои доброволно ќе се пријават да штедат во овој фонд, имаат лични сметки во посебна банка- чувар.

Клучната цел на третиот пензиски столб, кој е доброволен, независно од државното пензиско осигурување, е да обезбеди повисок приход по пензионирање на вработените, приходи на оние кои не се вработени, како и оние кои немаат приходи по ниту еден основ.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
^Некои едноставно крпат од ден за ден, а они да штедиме уште, некој не зеза нас... А овој со животното осигурување, дојде тука да продавања осигурување...
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ќе ги молам сите без скршен денар да не коментраат на тема Што со заштедените пари.:D Се наредиле овде како во тема за Секс а сите девици.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ги прочитав сите мислења и сите понудени опции - кој што прави и како прави со парите кои ги заштедува. Арно ама, никаде не видов нешто пишано за продуктот кој на запад е број 1, а во Македонија постепено се развива - животното осигурување.

За тие што ги инвестираат парите во нови бизниси, во ред, ама за тие што ги чуваат во банка или под перница, треба да размислат за животното осигурување. Зошто? Се штеди постепено, зад парите стојат најмоќните финансиски институции во свет, па е посигурно од банка, а заработката која се остварува е речиси иста како и таа во банките. И како најважно, тоа што никој не сака да се случи, доколку дојде до најлошото, нема да ги оставите вашите деца без денар и со (можеби) кредити за отплаќање. А, ако си биде се во ред, на крајот на договорот ќе добиете убава сума која ќе ви обезбеди нова кола, стан или што и да сакате, или убава пензија која, да бидеме реални, државата нема да ни ја обезбеди на нашите генерации.

Многумина не знаат што точно е животното осигурување, па затоа и не размислуваат да штедат преку истото. Никогаш не е лошо да се има информација повеќе и да се знае дека има опција повеќе. Еве јас се ставам на располагање за сите заинтересирани, пишете ми во ПП, па ќе ви кажам се што не сте знаеле за животно осигурување.

п.с. бизнисот со животно се повеќе расте, а е достапен за секого и не треба страшни вложувања за да се работи со истиот. ПП и за повеќе инфо и за тој дел ;)
Младите ќе се учат како да заштедат за пензија
Младите во Македонија се уште не се доовлно информирани за реформите во пензискиот систем, особено оние кои се вработени по 2003 година.
26.03.2014 16:47:55
Share on facebook Share on twitter Share on email Share on print More Sharing Services 7
Младите во Македонија се уште не се доовлно информирани за реформите во пензискиот систем, особено оние кои се вработени по 2003 година. Според најновите истражувања на Агенцијата за супевизија на осигурувањето, најголемиот дел од младите парите што ги заработуваат ги трошат од ден за ден, наместо да заштедуваат за пензиските денови. За да се подигне нивната свест на повисоко ниво, Сојузот на синдикати преку кампања ќе ги учи младите што значи задолжителното и доброволното пензиско осигурување, кои се нивните права и како да заштедат со помош на пензиските фондови.

- Покрај грижата на државата за нашите идни приходи, мора и ние да штедиме. Младите се повеќе мислат како да заработат, а воопшто не размислуваат како да заштедат повеќе, затоа мора да им објасниме за пензискиот систем и трите фондови, вели претставник од Агенцијата за супевизија на осигурувањето.
- Младите лица мора да научат кои им се правата, и на кој начин да им бидат исполнети барањата и интересите во однос на пензиите. Затоа ќе организираме едукации низ целата држава, вели претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митрески.

Од КБ Прв пенизиски фонд објаснуваат дека сите членови кои доброволно ќе се пријават да штедат во овој фонд, имаат лични сметки во посебна банка- чувар.

Клучната цел на третиот пензиски столб, кој е доброволен, независно од државното пензиско осигурување, е да обезбеди повисок приход по пензионирање на вработените, приходи на оние кои не се вработени, како и оние кои немаат приходи по ниту еден основ.
Немам ни 2% доверба во животно осигурување,пензиски фондови и банки.
Бидејќи морам плаќам пензиско во еден фонд за еден ден да имам пензија а со динамиката на животот прашање е дали ќе дочекам пензија.
Посигурно ми е заштедата и другите приходи да ги реинвестирам во земјиште,станови,куќи,дуќани кои во пензионерски денови многу повеќе би ми се нашле а и на тие што ќе им го оставам ако го оставам во наследство се разбира ако заслужат.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Немам ни 2% доверба во животно осигурување,пензиски фондови и банки.
Бидејќи морам плаќам пензиско во еден фонд за еден ден да имам пензија а со динамиката на животот прашање е дали ќе дочекам пензија.
Посигурно ми е заштедата и другите приходи да ги реинвестирам во земјиште,станови,куќи,дуќани кои во пензионерски денови многу повеќе би ми се нашле а и на тие што ќе им го оставам ако го оставам во наследство се разбира ако заслужат.
Секој си има право на свој избор. Недвижности се добра работа но слаби страни им се
-неликвидноста
-големите суми
-тешки се за ребалансирање
-понестабилни се цените и поволотилни се од погорните
-потребно е време и нерви за приходи (одржување ренти даноци)
-постои минимален ризик од оштетување и катастрофа
Се си има добри и лоши страни...
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
И јас во банка али ид таму нишо не се заработува тоа со каматата само ти ги штити парите од инфлација пак ништо не си ќарил мождеби во сребро вложување е најсигурна инвестиција. кола никако не е инвестиција тоа е губење на пари[DOUBLEPOST=1395822844][/DOUBLEPOST]И јас во банка али ид таму нишо не се заработува тоа со каматата само ти ги штити парите од инфлација пак ништо не си ќарил мождеби во сребро вложување е најсигурна инвестиција. кола никако не е инвестиција тоа е губење на пари
Ако работиш или се занимаваш со транспорт на патници или слично или пак вршиш некаква дејност тогаш е инвестиција затоа што ваѓаш пари со истата, ако ја купиш за себе тогаш е потреба, навистина е губење на пари ама некогаш е и потреба.
Ги прочитав сите мислења и сите понудени опции - кој што прави и како прави со парите кои ги заштедува. Арно ама, никаде не видов нешто пишано за продуктот кој на запад е број 1, а во Македонија постепено се развива - животното осигурување.

За тие што ги инвестираат парите во нови бизниси, во ред, ама за тие што ги чуваат во банка или под перница, треба да размислат за животното осигурување. Зошто? Се штеди постепено, зад парите стојат најмоќните финансиски институции во свет, па е посигурно од банка, а заработката која се остварува е речиси иста како и таа во банките. И како најважно, тоа што никој не сака да се случи, доколку дојде до најлошото, нема да ги оставите вашите деца без денар и со (можеби) кредити за отплаќање. А, ако си биде се во ред, на крајот на договорот ќе добиете убава сума која ќе ви обезбеди нова кола, стан или што и да сакате, или убава пензија која, да бидеме реални, државата нема да ни ја обезбеди на нашите генерации.

Многумина не знаат што точно е животното осигурување, па затоа и не размислуваат да штедат преку истото. Никогаш не е лошо да се има информација повеќе и да се знае дека има опција повеќе. Еве јас се ставам на располагање за сите заинтересирани, пишете ми во ПП, па ќе ви кажам се што не сте знаеле за животно осигурување.

п.с. бизнисот со животно се повеќе расте, а е достапен за секого и не треба страшни вложувања за да се работи со истиот. ПП и за повеќе инфо и за тој дел ;)
Ова е за аристократија бе, многу малку луѓе можат да си го дозволат ова, поготово во републикава наша остај ти запад.
Дај некоја друга алтернатива за нас обичниве смртници?
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Или нешто не разбирам како е или стварно некои луѓе имаат грешен менталитет. Може некој да ми ја објасни логиката зад мислењето дека "дали в банка дали дома во готовина исто ми е" што беше спомнато неколкупати на темава, да не ги цитирам сега сите поединечно. Знаеме дека каматите се ниски за ниски влогови, ама ни денар да не земете камата нели повеќе ви се исплаќа да ги ставите во банка каде ви гарантираат за безбедноста? Сигурно в ќесе или под перница не би чувале да речеме 2000 евра. Што пропуштам? Од каде толку аверзија кон чување пари во банка?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom