Што нè прави луѓе?

  • Креатор на темата Avenger99
  • Време на започнување
A

Avenger99

Гостин
Што е тоа што не прави луѓе? Темава ја отворам потресен од сликата од едно мало девојче од Сирија како се предава на фотограф која сака да ја слика мислејќи дека сака да ја убие..

mkd-184809.png

Премногу тажно,едно детство уништено од канџите на војната..

http://www.plusinfo.mk/vest/20176/foto-porazitelna-gletka-fotografijata-od-siriskoto-devojce-koe-skrshi-mnogu-srca-vo-svetot
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.853
По развиената свест не прави луѓе али тоа е редкост и исклучок луѓето се робови на колективната свест а моментално односно веке долго време преовладува во глобала лоша колективна свест. Кога станува збор за помош и човечност егоистички повекето луѓе гледаат на тоа.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Мислам дека конкретно сликава и твоето прашање се две различни теми.

На сликава е претставена војна и стравот кој го влева.
Во случајов „нелуѓе“ се војниците кои убиваат невини луѓе. Со што јас не ми се согласила.
Војниците имаат наредби да напаѓаат и да убиваат. Има некој над нив кој им дал команда да нападне одредено село да речеме и да го срамни со земја. Но тоа не значи дека тој војник не чувствува грижа на совест или жал за тоа што го прави, за животите што ги одзема и слично. Многу војници имаат ПТСД кога ќе се вратат од војна затоа што совеста ги мачи поради се што направиле, виделе, доживеале.
Не можеш да знаеш дали војникот би убил некого кога не би бил во војна и кога не би имал наредба.
Исто може да се каже кога некој, без разлика дали војник или цивил, ќе убие во самоодбрана. Се наоѓаш во не баш нормална ситуација каде што опциите ти се да умреш ти или некој твој сакан или да го убиеш напаѓачот.
Тој човек убил во самоодбрана и е убиец, ама не значи дека не се кае не знчи дека тоа би го направил по своја желба и волја.

Еден психолог има направено експеримент, еден од моите омилени, во кој што докажува дека луѓето ќе потпаднат на авторитетна фигура ако се ставени во таква ситуација и ќе направат некои работи и покрај тоа што тие работи се спротивни на нивните морални вредности.
Имено, човек облечен како доктор те тера да стискаш копче кое ќе го шокира (електрични шокови) човекот кој одговара на прашања, секогаш кога погрешно ќе одговори. Колку што одат понатаму со прашањата, толку шоковите се поголеми. Доколку се мислиш дали да го стиснеш копчето, докторот ќе те поттсети дека ти се се согласил на ова, мораш тоа да го направиш и тоа е наредба. Човекот кој ги прима шоковите всушност се преправа, меѓутоа се случувало да дојде до тоа да човекот кој ги прима шковите да паѓа на земја/умира а овој првиов и понатаму стиска на копчето за шокови затоа што му е речено дека мора.

Друго, еве ова девојче е жртва во ситуацијава. Човек.
Што со оние деца на кои им се дадени пушки во раце и им е речено да убиваат? Дали тие се нелуѓе?

Не можеш да носиш заклучоци кога се работи за војна.
 
A

Avenger99

Гостин
Мое гледиште. Човечноста е она што не прави луѓе. Со самото тоа што ова девојче знае што е тоа вистинско оружје и колку е тоа опасно по нејзиниот живот го потврдува нашиот неуспех како луѓе. Она од кое се разликуваме од животните. Сликата и девојчето се земени како пример, колку суров и нечовечен е денешниот свет.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Вака, искрено за сликава, ви текнува на жените демек од косово па слики во ббс, снн и слично... е па тоа сакав да кажам... верувам во репортерска фотографија само кога е од далеку и покажива нешто... ова , ова може да е само „ај детенце крени рачињата вака“...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ме расплака сликава во 5:44 наутро.

Ние не сме луѓе ние сме најодвратната форма на суштества некогаш појавена. Поодвратно од човек нема, гнасно и бедно битие. Ние можеме да убиеме дете, да силуваме, да уништуваме, да војуваме. Ние сопствената мајка за личен интерес може да си ја продадеме. Велам ние зошто сите заедно сме неми посматрачи на се она што се случува во светски рамки. А бидејќи сме неми тоа значи дека сме поддржувачи и на овие војни од интерес и на убиството на деца. Оваа лакрдија нема географска рамка. Мислам дека живееме во најлошиот период на човековото постоење, свесен си дека насекаде е неправда и молчиш како ќутук. Двајца без тројца наречени Влади се собрале и контролираат милијарди глуперди насочувајќи ги да го изведат на виделина најлошото што може да се замисли.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Психолошки гледано СВЕСТА не прави ЛУЃЕ, но многумина не се свесни за свеста така да најчесто човекот е едаков со животните , дури и животните се подобри од нас зашто животното нема свест да разликува добро од лошо а човекот таа карактеристика му е природна и таа го прави човек.
Луѓе не прави човечноста.... добрите дела, хуманоста, позитивната и конструктивна мисла.
Се останато е гола вода и тоа светот го носи во темнина и векови назад мала група на луѓе светот го манипулираат на најразлични софистицирани начини и многу малку луѓе се вистински свесни за истото, но пошто влеговме во прилично заебан век во контекс дека сега има многу достапни информации за овие работи, колективната свест се менува на подобро.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Сметам дека правото на избор, односно кој пат ќе го избереме, не прави луѓе.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Не прави луѓе тоа што е моментално општо прифатено и практикувано како човечки особини. Глупи, наивни, подложни на манипулација, желба за слугување и желба за владеење кои што одат заедно, секој втор неписмен, секој трет идиот и т.н.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
"I used to love blue skies... now I prefer grey skies. The Drones do not fly when the sky is grey." - Zubair Rehman
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Луѓе не прави човечноста..........., свеста, чувствата (патриотизам, морал....) и се она што не прави поразлични од останатите живи суштества.

Жално е тоа што мала е бројката на луѓе во вистинска смисла на зборот. Да речеш дека поголемиот дел од луѓето се речиси како животни, тоа би било навреда за животните. Човекот се има однесено до тоа ниво да ја изгуби човечноста.

За девојчето на сликата немам зборови. Тешко на него. Тоа е кога живее меѓу нелуѓе.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Не можеш да носиш заклучоци кога се работи за војна.
Кога само би знаела, макар дел од тоа што се случуваше во Сирија изминативе четири години, сигурен сум дека немаше вакви бајки да ни пишуваш и многу полесно ќе ти беше да донесеш заклучок.

Цел пост ти е утка, а компарациите ти се повеќе од несоодветни. Споредуваш убиство во самоодбрана од една, и вадење на човечко срце што сеуште чука и јадење на истото, од друга страна. Има и други, мал милион примери, за тоа што нас не прави луѓе и до каде се простира дегутантноста на човековото однесување(конкретно за Сирија).
 

Давид!

Голем Ентузијаст
Член од
23 март 2015
Мислења
171
Поени од реакции
47
"Сите сме луѓе , но ретко кој е човек"
Или што би рекол Диоген "Гледам многу луѓе ама човек никаде"
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Не прави луѓе тоа што е моментално општо прифатено и практикувано како човечки особини. Глупи, наивни, подложни на манипулација, желба за слугување и желба за владеење кои што одат заедно, секој втор неписмен, секој трет идиот и т.н.
Добро си напишал. Не, да напишеше нè, ќе беше утка. Ако сретнеш човек, убиј го.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom