Што готвите во моментов?

Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Чварки :)

Свинско сало и свинско месо се сечат на коцки и се ставаат во тенџере да се динстаат. На две кила сало и месо се става пола кило вода...
14569045_1299011003466404_885416579_n.jpg

Се динстаат дури водата не изврие и чварките не добијат црвенкаста боја...
Потоа се процедува маста преку цедалка...
14555557_1299011040133067_30909439_n.jpg

На крај кога ќе се стават во чинија, се посолуваат...
14556066_1299012446799593_1794017718_n.jpg
14593538_1299011163466388_734723960_n.jpg

И нека не ве лажат дека свинската маст е штетна...Баш напротив... :) Во минатото се лечеле со ова...
А мене ми е меѓу омилените јадења, комбинирано со салата од марула, млад кромид и многу лимон...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Не е во моментов, пред два и нешто саати е... :)

Турли тава со месо


Се става месо, исечено на коцки, околу 500 грама, да се вари ( јас ставив пола свинско, пола говедско).
Дури се вари тоа, спремате ваков зеленчук:

14627733_1302938119740359_878896122_n.jpg

Во тенџере се пржи све ова сецкано, освен црниот патлиџан и тиквицата (тие директно во тавата се стават на покрупно исецкани).
14593142_1302937983073706_121641044_n.jpg

Откако ќе омекнат малку, се става внатре месото што претходно се варело, а водата негова се чува.
Се става во тава и се меша све ова со црниот патлиџан и тиквицата.
14627888_1302938023073702_1185258451_n.jpg

Дел од водата што се варело место ја ставаме во тавата за да се динста.
Се пече прво на 200 степени, а после на 180, дури не омекне убаво и не испари водата.

14627907_1302938033073701_1114922308_n.jpg

14627708_1302938066407031_1338225480_n.jpg
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.296
Поени од реакции
7.249
Не е во моментов, пред два и нешто саати е... :)
Турли тава со месо

Се става месо, исечено на коцки, околу 500 грама, да се вари ( јас ставив пола свинско, пола говедско).
Дури се вари тоа, спремате ваков зеленчук:

Прегледај го приврзокот 157532

Во тенџере се пржи све ова сецкано, освен црниот патлиџан и тиквицата (тие директно во тавата се стават на покрупно исецкани).
Прегледај го приврзокот 157534

Откако ќе омекнат малку, се става внатре месото што претходно се варело, а водата негова се чува.
Се става во тава и се меша све ова со црниот патлиџан и тиквицата.
Прегледај го приврзокот 157535

Дел од водата што се варело место ја ставаме во тавата за да се динста.
Се пече прво на 200 степени, а после на 180, дури не омекне убаво и не испари водата.

Прегледај го приврзокот 157536

Прегледај го приврзокот 157537
Овоа мора да се проба ;)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Интегрални шпагети со сос од вчера набрани печурки срндачи.Прегледај го приврзокот 157589
Како го правиш срндачот?
Го берам секоја година кога има и ми е една од најдобрите печурки, но пред да го пржам го варам за да биде помек и да му се одземе малку мирисот, пржен со кромид и топол леб ми е едно од најомилените јадења :D
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Домашен леб со лук. Го смафтавме за 3 минути со шопска и чорба од леќа.

Месам од ѓутуре. Пола коцка квасец, чаша (200мл) млака вода, лажиче сол, лажиче шеќер и 300 гр брашно, лажица маслиново и чешне лук насечкано на ситно. Се’ се меша и остава да стаса на топло место околу 30 минути.

Се пече на хартија за печење на 200 степени околу 20 минути и се остава уште 20 да си зори (спие) во искучена рерна.
14611070_10154545104713516_5639522953734592823_n.jpg
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Уште еднаш, домашни бургери. Додуша со купечки земички од Веро, но со домашно спремена плескавица, кромид, листови чедар, кромид, кисела краставичка, сенф, мајонез и кечап
Фамилијата, задоволна.
Cu_IwfrXYAA2gxh.jpg
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Се лукосавме.

Ух, земам душа да го објавам ова пред да се комирам од лукот. Добар таратур падна, со ситно 2 сецкани крставици, сол, лук во прав, сув копар, зачин за таратур, мелени ореви, 1 литро кисело млеко и 400мл кисела павлака. Количинава е за 3 особи.
Додаток на тоа, тостирав лепчиња тонус (со црно семе) а потоа над нив ги намачкав со 1 главица лук, магдонос, маслиново и сол. Мискојна комбинација.

пс. Не се женам ако девојката (кандидатката за жена) не конзумира лук и кромид.
Есенција на секое јадење и смислата на животот. :cuc:

IMG_4639.JPG

спремање на сосот со лукчето IMG_4629.JPG
да биде се топло покриваме со крпа.
IMG_4635.JPG
IMG_4637.JPG
 

Kajgana Shop

На врв Bottom