Што би направиле со богатството на МПЦ

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Сите знаеме дека МПЦ е една од најбогатите организации во регионот па и пошироко. Од имоти, плацеви, деловен и стамбен простор, луксузни возила и мотори, акции, девизни и денарски сметки.... вредност во можеби стотици милиони евра

Што би направиле вие да го имате сето тоа богатство под контрола?
КЈас на пример би распродал се и парите би ги дал на сиромашни, на оние кои немаат за јадење, за лекови, за операции за школувања на семејства без покрив на глава, семејства без огрев, деца без школски прибор.... Онака како Исус што би направил.
Дали и вие би постапиле така или би го чувале тоа богатство или би го трошеле како и до сега за лични потреби?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Дали и вие би постапиле така или би го чувале тоа богатство или би го трошеле како и до сега за лични потреби?
Се знае, пола од богаството за лични потреби, втората половина за најблиските и последната половина за да раздавење по сиромашните и болните. По тој редослед.
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.275
Поени од реакции
1.724
Хахааааааа сега така мислиш оти ги немаш,накрајо и да ги дајш во добротовни сврхи ќе дајш пола оти уба пара ќе ти се види.Дајму пари/власт на чоек и ќе видиш шо катара е :D

Инаку јас како што кажав би ги дал во најдобар случај пола ама и то дали ќе се деси,отпрвин да го средам живото со тие пари после ќе му ја мислиме на донации.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Сите знаеме дека МПЦ е една од најбогатите организации
„Сите„?
Кои се тие „сите„?
Себе си се сметаш за “сите“?
Како е можно „еден„ да биде „сите„?

Имаш проблем сос математиката? Сос равенките?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
„Сите„?
Кои се тие „сите„?
Себе си се сметаш за “сите“?
Како е можно „еден„ да биде „сите„?

Имаш проблем сос математиката? Сос равенките?
Мики ти не знаеш пошто:

А во православната Црква, еден од основните услови да се биде нејзин член, е потребата од немање доверба во своето мислење.
Е сега имавме случај на висок свештеник на МПЦ - Вранишковски кој украл најмалце 250.000 евра од касата на црквата а никој со години да не примети. Тоа е можно само ако низ црквата врват милиони евра секој месец или десетици па и стотици милиони евра годишно.

Еве Мики ти да раководиш со такво огромно богатство во пари луксузни возила, станови дуќани хотели парцели... шо мислиш дека е најхристијански да направиш? дали сето тоа азно да го раздадеш на сиромашни или како МПЦ да си го чуваш за свои потреби?[DOUBLEPOST=1483824624][/DOUBLEPOST]
Дел од нив ќе искористам за да ти платам стручна помош за опседнатоста твоја со одредени теми. Амин +
кукле мое колку е загрижена за мене :*
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.566
Жалното е што во моментов уште се арчат пари за нови објекти, арно ама како една од најмафијашките организации што некогаш постоеле на планетава, црквата си е врзана со најголемите апаши, со нејзин амин се осветуваат и поставуваат споменици, триумфални порти и тн, а за возврат апашите им градат цркви, сите се среќни и задоволни, „госпо“ е подмитен и си ќути таму дури си го гледа вилаетот.
Јас би ги препраил објектите во смештај за бездомници и сиромашните, со одредена доработка може да бидат добри апартмани со постери по ѕидовите, или евентуално би ги шитнал како луксузни објекти што мислам дека е подобра опција, а со парите би изградил објекти за смештај на бездомници каде што истите би можеле да подработуваат и да си го вадат лебот (со штали кај што ќе чуваат по некое бишенце), бавчулиња и нема да бидат ниту товар на државата ниту пак ќе скитаат по улици.

Со другиот дел од парите би инвестирал во медицината, повеќе апарати за магнетна, повисоки плати за специјалистите со што ќе ги задржам во државава, фонд за луѓе со специфични заболувања кои треба да се оперираат надвор и троа нови возила за Македонија пат, оти по вакви чисти патишта и човек со температура ќе скини конци на -30 додека чека 15 саати на автопат.
 
Дали си размислувал дека со помагање на сиромашни болни сакати и гладни ти у ствари се бориш против божјата воља?
Ништо на светот не се случува со божје одобрување, така и владиците сигурно со божји амин купуваат мајбаси аудија харли дејвидони масератија... со негов благослов се здобиваат со имоти и пари и сега ако тие пари дадени ним за уживање им ги дадеш на оние кои госпот ги осудил на болести мизерии и немаштии у ствари го нарушуваш божјиот план?
Ако излечиш некој кој госпот го казнил со болест или нахраниш некој кој бог сака да биди гладен ти одиш против Него. Можеби и е најпаметно сето тоа богатство кое госпот му го дал на црквата да си го користат попојте и владиците за нивни задоволства и наслади и така ќе биде и бог задоволен.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Ке вработам еден куп луѓе за да се прошириме и го зголемиме влијанието.
Повеќе влијание = повеќе пари.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.566
Дали си размислувал дека со помагање на сиромашни болни сакати и гладни ти у ствари се бориш против божјата воља?
Ништо на светот не се случува со божје одобрување, така и владиците сигурно со божји амин купуваат мајбаси аудија харли дејвидони масератија... со негов благослов се здобиваат со имоти и пари и сега ако тие пари дадени ним за уживање им ги дадеш на оние кои госпот ги осудил на болести мизерии и немаштии у ствари го нарушуваш божјиот план?
Ако излечиш некој кој госпот го казнил со болест или нахраниш некој кој бог сака да биди гладен ти одиш против Него. Можеби и е најпаметно сето тоа богатство кое госпот му го дал на црквата да си го користат попојте и владиците за нивни задоволства и наслади и така ќе биде и бог задоволен.
Да добар заклучок, ова го испуштив, госпо ги казнува и поради гревојте на дедовците, знаеш како викаат не бил мачка и не скокал одма, па дур се кандиса да стани и да казнува поминале три поколенија, нас уште за ацета македонски не казнува, иако не бил роден кога овај колел.
Абе види зафатен е госпо, затоа папата го чува обезбедување составено од платеници, а не го чува госпо, јбг не ќе се заебава тој со вработените.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Ти да знаеше, до сега ќе одговореше.
ете Мики имаш на располагање стотина милиони евра вреден имот и пари од МПЦ, како би ги искористил?
дали би ги дал за гладни болни и сиромашни или би продолжил со праксата на црквата тоа богатство да остане во нивни раце и за нивни задоволства и потреби?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Е сега имавме случај на висок свештеник на МПЦ - Вранишковски кој украл најмалце 250.000 евра од касата на црквата а никој со години да не примети. Тоа е можно само ако низ црквата врват милиони евра секој месец или десетици па и стотици милиони евра годишно.
Вранишковски одамна не е дел од МПЦ-ОА, па затоа вадиш погрешен заклучок од погрешен пример.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Враничковкси одамна не е дел од МПЦ-ОА, па затоа вадиш погрешен заклучок од погрешен пример.
Да сега не е али дур беше со години крадеше стотици иљади евра без некој да примети.
И во тоа време осветуваше, благословуваше и правеше обреди.
Дали тие обреди и благослови негови важат или од ко се виде дека во самиот врв на МПЦ седеше змија и тие не важат повеќе, дали на пример пак мора да појдат верници да се превенчаат или прекрштеваат или препогребаат?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Еве Мики ти да раководиш со такво огромно богатство во пари луксузни возила, станови дуќани хотели парцели... шо мислиш дека е најхристијански да направиш? дали сето тоа азно да го раздадеш на сиромашни или како МПЦ да си го чуваш за свои потреби?
Не бе, туку би направил исто што и ти; би го раздал имотот и би им го поделил на африканчињата, кои, кутрите, умираат пред твоите фарисејски насолзени очи и чекааат на твојата помош, која никако да им пристигне...[DOUBLEPOST=1483825680][/DOUBLEPOST]
Да сега не е али дур беше со години крадеше стотици иљади евра без некој да примети.
И во тоа време осветуваше, благословуваше и правеше обреди.
Дали тие обреди и благослови негови важат или од ко се виде дека во самиот врв на МПЦ седеше змија и тие не важат повеќе, дали на пример пак мора да појдат верници да се превенчаат или прекрштеваат или препогребаат?
М-м, да...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom