Што НЕ би пробале - купиле повторно?

Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Дробен сапун сместен во пластична опаковка... :sick:

 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.362
Дробен сапун сместен во пластична опаковка... :sick:

Мене баш оваа урда ми е најубава... :toe:
Ти воопшто да не не бендисуваш урда, па затоа да не ти се допаднала? Или конкретно од сите - оваа не ти се допаѓа?
 
S

Samurai_Sk

Гостин
sss.JPG
Не знам јас ова како воопшто турците го јадат, стварно за многу јадење се мајстори, но на ова промашиле.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Мене баш оваа урда ми е најубава... :toe:
Ти воопшто да не не бендисуваш урда, па затоа да не ти се допаднала? Или конкретно од сите - оваа не ти се допаѓа?
Конкретно од сите оваа не ми прави мерак.
Баш обожавам урда и дробени сирења. Чудна ми е некако оваа. Не ми има вкус на ништо и ми нема шмек.
Се осеќам како да јадам урда без мирис и вкус.
Не сум ја купил одамна...можеби ја подобриле сега, но ја памтам порано се продаваше истава во едни бели пластични кутичиња така повисочки ако се сеќаваш и беше океј.
После ми ја подрасипаа некако, и на крај престанав да ја купувам пошто ич не ми правеше мерак.
Изгледа ствар на вкус ќе е работава :)
Јас па онаа селска овча урда со јак мирис и вкус, полнета со пиперки внатре ја обожавам, а многу луѓе не сакаат ни да чујат за неа. :D
Незнам, ама ниеден производ од Здравје Радово не ми лежи некако. И тие што се мазите, и растителните и димените кашкавали чудни ми се некако сите.
Како и да е, да не претерувам. Како се изназборев, ќе помисли некој дека работам во Идеал Шипка и им правам антиреклама на Здравје :pos:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Убава е урдата на Здравје Радово. :D
Наоѓам маани на секакви производи и ќе треба цел ден да пишувам што повторно не би пробал/купил.

На оние проиводи од прва страна да ги додадам и овие:
Се од Суташ, козјо млеко, козјо и Фета сирење, готово тесто за пица и соја. Мисиркино и пилешко мелено месо, замрзнати ќебапи и плескавици, посебни салами, паштети и виршли.
Растителни урда, маргарин, мајонез и кашкавал. Зелени маслинки, замрзнат помфит, готово пире, супи од оние бистрите, кефир.
Синалко и Сано газирани сокови, Гуте Фрухте, сок од јагода, житни плочки, милка со карамела, крем бананки (оние во Кам што ги има), чипсови со кечап и со сирење,....

До толку сум голем маанџија што кога купувам ги бирам и црвениот мелен пипер и вегатата. :icon_lol:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Некогаш повеќе!!!! Го купив сосов од кам маркет, смрдеше на расипани јајца.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.978
Поени од реакции
6.880
Сирење и сенф, да ми зависи животот од нив не би ги јадел.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
Koj ги прави оние соковите СИНЕТА, да дае господ по 2 кила дневно на децата да им дава да пијат наместо вода.
Ме искина стомакот 3 дена, чуди се од што може да е, цело време различна храна јадев, а одвај по пола литро од ова отровов пробав и чудно е како не искинав црева досеа.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Глупоќа од пиво, ај то шо е скопско а јас сум од Прилеп и фазла го преферирам нашево.


 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
СМРТ, кога на гости рецимо ќе ме послужат со овие... :pov:


Поготово овие рефусниве!
После сликава, секој би требало да си има причина плус! :cenzura:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.875
Се што е процесирано, неорганско и неприродно а тоа е да речеме 90% од еден супермаркет, колонијал, продавница. Страшно е како луѓево се трујат ко глувци, освен кога ќе им дојде јајцето до гзот па дне два до недела водат здрав живот и пак се враќаат на истото.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.628
Поени од реакции
81.508
Кари сос...




Претежно го ставаат по хамбургерите, и навистина му дава некаков убав шмек на сендвичот... ама вака ако го јадеш со обично јадење, ептен е гаден, во уста не се става, башка и смрди. Еднаш го купив, и пола шише го истурив, а ќе повторам, стварно убав вкус им дава на хамбургерите
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.392
Поени од реакции
7.325
Ананас , толку го замразив , ми се гади од самата помисла . Ќофтиња во благо-кисел сос со ананас. :pov:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom