Штитна жлезда и проблеми со неа

  • Креатор на темата NeMiRnA
  • Време на започнување
Член од
30 декември 2009
Мислења
547
Поени од реакции
149
Ај еден совет, имам роднина со проблем на тироидна злезда има голем нехомоген нодус на десен лобус, е сега тој од симптомите си има следниве, во последно време се гледа дека запаѓа во депресија, се поти и има несвестица, а едно две недели,многу слабо јаде и има изгубено околу 15 килограми, со образлозение дека му е страв да голта,и нема апетит ,кашла откако докторорт почна да му дава инјекции, а физичката состојба му е ок подвижен е доста.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
... јас секогаш кажувам дека секојдневен гарантиран внес на ЈОД е чисто здравје и многу поважно дури од внес на Вит Ц ...и секогаш кажувам дека скоро сите промени и проблеми околу штитната жлезда се појавува баш поради тоа - Недостаток на ЈОД... кој следи внес на Јод ? - НИКОЈ ! , ...кој ни гарантира јодираност денес? хм ? - Скоро никој , веќе не верувам на амбалажната информација , затоа што никој не ја гарантира како што треба со сертификат ! :bance:
Јодирана вода ? хм ? јас ја гледам често пати толку ,,обелена,, т.е. хлорирана што се чудам дали воопшто некој ги контролира вредностите на хлорирање , а не пак на јодирање ( не пијам веќе вода од чешма) ...
...и подолг период на недостаток на јод во организмот создава такви промени што ние малку доцна ќе ги осетиме како пореметување на организмот ,, нешто се случува ,, ...со лабораториски анализи ќе се докаже Хипо& Хипер тиреоза , Хашимото или едноставно промена на гушата пред огледало , при голтање проблеми , рутински медицински преглед и ехо се докаже разни промени во ткивото на тиреоидеата како разни творевини , јазли , цисти ... и тогаш ќе речеме зошто ? ... има многу причини не велам не ,дури наследни , дури и такви ,,добри тумори ,, кои не сметаат и не создават проблеми , ама и т.н. аденомни тумори всушност се хиперфункционални чворови на штитната жлезда кои безобразно произведуваат сами хормони вон регулациониот систем од хипофиза што доведува до состојба на Хипертиреоза односно хиперпродукција на тиреоидни хормони кои циркулирајќи во крвта прават беља на телото го убрзува метаболизмот повеќе него што е нормално ( доаѓа до нагло слабеење ) , нервна раздразливост и вознемиренст со силно треперење на раката и со ,,лупање на срце,, од каде иде и најголемата опасност поради оптоварување на срцето и затоа ова состојба не е шала и бара правилна регулација и лекарска контрола ...
- Не знам дали знаете дека чвор во штитеста жлезда доколку функцијата на тироидната жледа не е пореметена не преставува БОЛЕСТ ? :toe:
 
ЈАс погоре поставив прашање во кое наведов дека, ги има токму тие симптоми е сега дали се работи за некаков вид на тумор поради тоа што има изгубено килажа за 20тина дена 15 и кусур кила, или е резултат на тоа што тој за тие денови има јадено само 5-6 пати и тоа многу малку, бидејчи се жали дека му е страв да голта.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.456
Купи јод од аптека, како и цинк - селениум, магнезиум и б компплекс. Нека почне да пие би требало за брзо време да му се подобри состојбата. Убаво ти објасни bijons.

Сепак за овој проблем мора да идете на доктор, сеедно што и да ви каже сем ако не зима хоромонска терапија, горенаведените суплементи ќе му дојдат како големо подобрување.

Ако е на хоромни, мора ептен да се пази со јодот, никако да не се преминува над 300mcg.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
Ај еден совет, имам роднина со проблем на тироидна злезда има голем нехомоген нодус на десен лобус, е сега тој од симптомите си има следниве, во последно време се гледа дека запаѓа во депресија, се поти и има несвестица, а едно две недели,многу слабо јаде и има изгубено околу 15 килограми, со образлозение дека му е страв да голта,и нема апетит ,кашла откако докторорт почна да му дава инјекции, а физичката состојба му е ок подвижен е доста.
... кога чворот е доста голем , а пациентот слаб веднаш се гледа промена на предниот дел на вратот , за среќа 90 % од сите чворови, нодуси или цисти како сакате се од ,,доброчудна природа - добар тумор,, , дури некои се полни со течност а не со ткиво на тиреоидеата, а некои се калцифицирани тврди фиксирани за околното ткиво со појава на зглемени лимфни жлезди што веќе паѓа сомнеж дека ти се веќе со малигно потекло ...
е сега кога би се прашала за состојбата на Вашиот роднина според моменталната состојба што ја опишавте во кратки црти би направила поделба која треба да ја одберете ( поради недоволни информации што ги дадовте) :
1) Дали големиот нехомоген нодус е само промена на тиреоидеата ( како што спомнав погоре нема промена на функција на жлездата и не се смета за болест ).и всушност тегобите се само од механичка природа на притискање на нодусот врз органите на вратот?
2) Дали големиот нехомоген нодус е промена на тиреоидеата и создава вишок на хормони на тиреоидеа во крвотокот , а нодусот притиска врз органите на вратот?
3) Дали големиот нехомоген нодус е цврст чвор добро прицврстен на околното ткиво со појачани зголемени лимфни жлезди што асоцира на нодус од ,, злочудна природа ,, т.е. малигнен ?
... сега да ја додадеме појавата ,, Кнедла во грло,, кој се состои од следниве симптоми :
-Чувство на притисок на грло (како застанат залак)
-Отежнато голтање
-Болка при голтање
-Изнемоштеност
-Хронична кашлица
-Отежнато дишење кога главата е во одредена положба
-Отежнато дишење во стресни ситуации
Ако одговоривме позитивно на сето ова изнесено - хирушка интервенција е неопходна колку побрзо толку подобро додека Вашиот роднина е во добра физичка кондиција , секое одложување само ќе ја комплицира здравствената ситуација !!! ... се разбира со резерва на ова мое изнесување , тоа е мое видување и размислување :rolleyes:
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
Различни форми се, Selen е вештачката форма на Selenium, додека Selenocysteine е органска, органските форми се по ефикасни, немаат несакани дејства и се осетно подобро абсорбилни - блиску до селениумот од самата храна.
...а што ќе ми е тука potassium која е неговата улога ? :(
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.456
...а што ќе ми е тука potassium која е неговата улога ? :(
Potassium е калиум, истиот овозможува баланс на електролити, регулација на притисок, метаболизам, кардио васкуларен систем и други оптимални функции на телото.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
Potassium е калиум, истиот овозможува баланс на електролити, регулација на притисок, метаболизам, кардио васкуларен систем и други оптимални функции на телото.
...јас знам што е potassium,како електролит во организмот има граница на нормално 3,8-5,3 mmol/l,
...
од каде се знае која е мојата вредноста? што ако ми е нормален на горна граница калиумот или недај боже над нормала? м ? и јас да лечам штитна жлезда ќе си го навлечам калиум во вишок оти е во комбинација со јодот? ...и твоето објаснување на балансот и знаеш што ќе биде ? ако на сето тоа ќе додадам и внес на калиум со секојднавна исхрана ( плус јадам по една банана обавезно секој ден ) и плус овие таблети кои имаат калиум тие твои објаснувања за оптимални функции ќе се претворат во неоптимални со последици на срцето ...и тоа знаеш какви ? фатални !!! , зголемено количество ( покрај парализа и мускулна слабост )на калиум може моментално да даде пореметување на срцевиот мускул и смрт ??!! м? ...или ќе се осеќам промени понатака поради редовен внес на калиум кој не ми треба зашто си го имам нормално во телото и кога ќе се виде вишок ќе добијам нова етикета на Хиперкалемија која мора да се излечи со додавање на диуретик кој мора да го тргне од мојот систем плус гликоза со инсулин мешан да ми го тргне вишокот на калиумот од самата клетка каде се депонира ?? и??? што направивме ?? каква ситуација ќе имам ?ќе ја баталам штитната жлездата оти ова е по живот важно , па ќе почнам тука да расипувам од стрес ќе ми делува на психа па ќе навлечам и анксиозност па ќе отидам во депресија !!?? и ?? што направивме?? :(
затоа не е само Зашто е?? туку и Зашто не е !!... ништо повеќе во телото од нормалното поради превентива неоправдано се пореметува цела хемија во нас... а кога ќе се поремети таа наша внатрешна лабораторија богами болест по болест се реди !! ете тоа сакам да ти објаснам ;)
 
Да не се збуни нешто или? прво муабетите дека калиумот дури и во форма на суплемент е опасен се извадени од пропорции. Никој не препорачува големи дози на калиум/јод а најмалце од се јас препорачав, си има на кутијата како што и колку се зима, за да дојдеш до некое опасно ниво, треба да внесеш над 15 таблети, кои се далеку над препорачаната доза наведена на кутијата.
 
D

Daedalus

Гостин
...за среќа 90 % од сите чворови, нодуси или цисти како сакате се од ,,доброчудна природа - добар тумор,, ,
Ја така имав еден доброчуден тумор. Абе срце беше. Кога ќе раскинев со некоја, кога бев тажен, кога ми требаше другар, секогаш беше тука за мене и ми помагаше, некогаш со муабет, некогаш частеше и по некое пиво.
Али ете, нешто се испокаравме и прекина нашата дружба. Чудесен е овој свет! :oops::oops::oops:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
Да не се збуни нешто или? прво муабетите дека калиумот дури и во форма на суплемент е опасен се извадени од пропорции. Никој не препорачува големи дози на калиум/јод а најмалце од се јас препорачав, си има на кутијата како што и колку се зима, за да дојдеш до некое опасно ниво, треба да внесеш над 15 таблети, кои се далеку над препорачаната доза наведена на кутијата.
...сакам Јод не сакам калиум , калиум ми е нормален секојдневно внесување на МАЛКУ калиум за кратко време ќе ми ја поремети нормалната вредност .... капка ? зрно ? не е ништо нели ....али ако со време секојдневно се собира ? што ќе стане ? море и пустина :D[DOUBLEPOST=1477146306][/DOUBLEPOST]
Ја така имав еден доброчуден тумор. Абе срце беше. Кога ќе раскинев со некоја, кога бев тажен, кога ми требаше другар, секогаш беше тука за мене и ми помагаше, некогаш со муабет, некогаш частеше и по некое пиво.
Али ете, нешто се испокаравме и прекина нашата дружба. Чудесен е овој свет! :oops::oops::oops:
... на пиво си ? или нешто друго ? :oftopik:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
... искуствата околу проблемите со штитната жлезда не можеме да си споделуваме во смисол за меѓусебна иста примена туку да се најдеме самите себе во таа заедничка приказна но со посебно делување на тој синџир на формирање на тироидните хормони да секој си ја најде својата алка која е ,,скината,, и да си ја ,,залепи,, да би функционирала штитната жлезда безпрекорно ... дефинитивно како појдовен проблем за мене апсолутно е долготрајно несвесно невнесување на ЈОД со што кај сите различно се манифестира, а бе што сум крива што Македонија нема море ??? :?:
на жалост не знаеме колку време нашето тело се ,,мачи,,без јод, јест да секоја година одам на море ама добар пливач сум па ич морска вода не пијам :sick: не јадам морски риби,алги,полжави и други морски животинки :worried: нема национална програма за јодирање на вода , нема јодирање во пекарска индустрија , никој не гарантира јодирана сол ? а пази ваму , викаат дека сме ендемско подрачје ( реони, земја сиромашни со јод ) и ШТО СЕ ПРЕВЗЕМА ? -НИШТО!! од каде Јод ? НЕМА Јод !!! ...е па нема !!! оф мори мајко , ниту знаеме за пореметување на самите тироидни хормони , појава на јазли се додека не ,,не удрат ,, симптомите ;(
и како добри пациенти ќе го испочитуваме редоследот на матичен преглед, ендокринолошки преглед , лабораториски испитување да за кратко време со тапшање на рамо дека ,, не е ништо страшно ,, ни се става етикета на Хипо & Хипер & Хашимото со пропратени ништо опасни нодуси , јазли , цисти или ,,отечена ,, штитна жлезда - струма и редовно доживотни контроли со вештачки внес на готов хормон тироксин (Еутирокс) ? :mad:
и? толку ? тоа е тоа?
СТОП :tmi:
и онака тоа не ни бега , да се потрудиме сами себе да си помогнеме , оти никој не не сака повеќе добро отколку самите себе , па да идеме постапно алка по алка да видиме каде ни е ,,скината ,, и да ја ,,залепиме,, ...
ТСХ
како ТироиденСтимулирачкиХормон од хипофиза праќа сигнали до штитна жлезда да произведува Т4 (тироксин) хормон - како прва алка

Штитна жлезда ако е све како треба (што секогаш велам да има ЈОД од храна ) се случува спојување на 4 атоми Јод со аминокиселина тирозин - втора алка
За да се спојат аминокиселината тирозин + 4 атоми Јод треба присуство на два ензима на тироидна жлезда TPO (tioridna peroksidaza) и TG (tiroglobulin)- трета алка
Следи процес на дејодинизација и создавање на Т3 кој во својот состав има аминокиселина тирозин и 3 атома и тоа во јетра како една од важни услови да биде здрава јетра ( треба лабораториски доказ на јетрени ензими ALT и AST ) за да се одвива овој процес на конверзација на Т4 во Т3 - четврта алка
Овие два хормона Т4 и Т3 имаат свој слободен облик како fT4 i fT3 и те како важни за функционирање на самата штитна жлезда зашто не може цел Т4 и Т3 да биде во слободен облик останатото е сврзан за еден протеин во серум т.е.глобулин (TBG) и тоа се пренесува во нашиот крвоток и автоматски ако имаме лабораториски доказ за покачен TBG имаме намален слободен Т3 , причина на покачен TBG се јавува при продолжен стрес , оштетена јетра, зголемена количина на естроген ( ете причина ЗОШТО кај жената триоидната жлезда работа повеќе отколку кај мажите ) , намалена количина на тестостерон и автоимуни болести - пета алка
Доколку имаме продолжен стрес не го контролираме и остраниме ( оти стрес секој жив човек ако е психички нормален мора да го има при Х ситуции , но не да ни се задржи подолг период ) , доаѓа до лачење на кортизол (стресен хормон) чија зголемена количина делува во процесот на претворување на fT3 во rT3 што преставува обратен Т3 кој ни прави беља оти се закачува на тие рецептори каде треба да се закачи fT3 да би активирал процесите - шеста алка

Следно е да се испитат следниве лабораториски тирео параметри (да се најде вистинската ,,скината алка,, не е доволно само испитување на Т4 и Т3 и TSH)туку ќе направиме по ред список на сите алки (fingers) :
TSH- тироиден стимулативен хормон
Т3 и Т4 - хормони на штитна жлезда
fT3 i fT4- слободен облик на хормоните на штитната жлезда
TBG - тироксин врзачки глобулин
AntiTPO и antiTG - антитела која делува против ензимите во штитна жлезда
ALT и AST - јетрени ензими
kortizol - хормон кој при продолжен стрес може да е многу над нормална вредност
rT3- кај нас нема таков тест за испитување ( барем така ми кажаа) но може да испитаме со мерење на орална (уста) температура рано на сабајле и покачено ќе биде ако утринската температура е под 36,3 C а до пладне дојде испод 37, 0 C
:emo: Сега е само да си ја најдеме скината алка ( секој за себе индивидуално ) која е вашата ?
* се извинувам за долгиот коментар и завземен простор со едно пишување , ама мислам дека мораше во еден здив ова да се напише...:bravobe:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
...секој организам е различен, но една е штитна жлезда со иста функција кај сите со потреба на ЈОД, никој не ја лечи причината, а ова давање на еутирокс односно готов хормон НЕ Е ЛЕЧЕЊЕ од лекарот туку само под инерција давање доза според некоја шема горе доле 25мг, 50мг,100мг еутирокс зависно од лабораториските тиреохормонски вредности за да се остранат веке појавените лоши последици ОД НЕДОСТАТОК НА ЈОД кој знае колку време како дефицит во организмот, нашето тело ќе реагира да имаше околу нас ЈОД, но ние сме област со дефицит на јод и во исхрана и во земја и во вода... ќе дадам само пример како дете мало тукушто заодено го гризе ѕидот во собата и го јаде?... или дете надвор играјќи зема со рака и јаде земјата ? да да земја ! ...првото дете има недостаток на калциум и природно само си го надокнадува, другото дете има недостаток на железо и на таков начин сака телото да надокнади...а со јод?? како кога никаде го нема? тоа е многу важен елемент во нашето тело што го нема и упорно не го внесуваме и не се формираат тиреохормони оти нема ЈОД, за да се синтетизира Т4 треба да се ,,спои аминокиселина со јод,,, нема ЈОД нема Т4 тогаш збувнува ТСХ да провоцира да се создава оти телото веќе трпи лоши симптоми...
направите еден експеримент за значението на Јодот, земите едно скоро овенато цвеќе било какво ставете го чаша со вода во која ќе ставите малку јод... кажете ми што ќе се случи по 2,3 дена ? :smirce:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Ми треба искрен, паметен и добро намерен совет за лечење на:

- хипотиреоза - на природен начин? има, нема?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom