Шо се случува со Субрата Рој и Сахара груп?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Ехе премиерот го донесе у државава, со еден обичен google search можеш да видиш дека индијанецов е тежок криминалец ...
ко инсталираше премиеро кодеци за плееро му се смена во хромот пребарувачот од гугле во аск па зато не му излегваше ништо за субрата
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
ко инсталираше премиеро кодеци за плееро му се смена во хромот пребарувачот од гугле во аск па зато не му излегваше ништо за субрата
Изгледа ни тоа не е оправдување колега:

Capture.JPG
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
МПЦ го изгуби имотот на „Свети Наум“

Дебарско Кичевскиот архиереј г. Тимотеј го изгубил судскиот спор со државата за имотот на манастирот „Свети Наум Охридски“ информираа од синодот на МПЦ. Г. Тимoтeј, кој е и портпарол на Синодот, присуствуваше на вчерашната седница, но ниту тој, ниту некој од останатите архиереји не сакаше да даде изјава за медиумите. Врвот на МПЦ одлучи за седницата да информира преку соопштение.




- Особено внимание Синодот посвети и со жалење ја прими информацијата на надлежниот епархиски архиереј на Дебарско кичевската епархија г. Тимотеј за неговиот исход во судскиот спор пред Управниот суд во Скопје за процесот на експропријација на имотот на манастирот „Свети Наум Охридски“, со што негативно ќе влијае на понатамошниот духовен раст на ова наше вековно светилиште, стои во соопштението.

Земјиштето кое припаѓаше на манастирот „Св Наум“ во Охрид првично требаше да му биде доделено на индискиот бизнисмен Субрата Рој кој требаше да гради туристички комплекси кои ги опишуваше како мал Лас Вегас. Но, по неговото затварање останува неизвесно на кого државата ќе му го додели ова земјиште, но во секој случај по пресудата на Управниот суд, црквата веќе нема никакво право на ова земјиште. На МПЦ и беа експроприрани околу 18 хектари, по цена од неколку евра за квадрат.

Не е ова Австралија и австралиски суд.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не е ова Австралија и австралиски суд.
И онака не им треба имот. Треба целиот имот на МПЦ да им се земе, да немаат ништо во владение.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
И онака не им треба имот. Треба целиот имот на МПЦ да им се земе, да немаат ништо во владение.
..и треба, вистинските слуги Божји, не живеат во палати маскирани у манастирски конаци, опккружени со монахињи-хостеси, не јадат и пијат од ладни подруми..ниту се возат во скапи џипови , заседавајќи во простори со сценографија и протоколи достојни на крал.
Ако се амбасадори на царството небесно , нека тоа им даде пара за да заличат на ас дипломати.....Магаренце, волнена наметка со капуљача и бовча со лепче и сиренце...толку.., ако не тогаш се преваранти и мулти левел маркетингаши ко сите белосветски бараби кои продаваат нешто на превара....неважно дали е политика, миксер или вера...:mad:
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Многу убав избор имаме.Просторот да е на МПЦ, македонскиот амбасадор во Индија Рој или локален ебиветар, т.е. лошо, полошо и уште полошо. :mad:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Aj вака: кој би инвестирал милијарда долари без некои големи можности да ги врати? Кој инвестира милијарда евра во политички нестабилен регион? Во демографски уназаден регион? Во инфраструктурно унаказен регион? Во земја која нема логика да оди во ЕУ се додека не се сецесионира, во земја на која и се случува work/brain drain
Некoј дa те читa ќе си мисли декa збoриш зa ЈАР, Зaмбијa, Нaмибијa и тaквите кaкo нив...
Не викaм декa е дoбрo кaј нaс, дaлеку oд тoa aмa не е тoлку црнo кo шo сaкaш ти дa претстaвиш

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
@dzonyb

Секогаш се прашувам зошто ве снемува на вакви теми. Не верувам дека ви се досадни. Па сакам да ве прашам што мислите сега? Оти барем еден коментар не оставите како мажи во стил погрешив во проценка или како можеше криминалецов да го бранам и ред други ствари. Зошто вие двајца барем во една тема не побарате одговорност политичка, морална било каква?
Видов ништо не испадна од инвестицијава и се кријам сеа :) Од темава а и од форумов, ме снема многу пред да се исподеси ова со раскинување на договорот, искрено не ни следев што се дешава многу околу темава. Ако прочиташ убаво ќе видиш дека бранев став дека нема што да изгубиме со индиецов, а ќе добиеме ако се остварат макар и 10% од најавите, а ако не ќе се активира банкарската гаранција, што и всушност се деси. Дека изгубивме нешто не сум прочитал, додуша не се ни потрудив да побарам. И не знам зошто ме завлекуваш да коментирам на тема политика и да барам одговорност, нит ќе величав некој ако се оствареше, нит ќе плукам сеа коа не се оствари, не ми чуе, има за тоа дежурни на форумов и од двете страни.;)
 
Последно уредено:
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ние сме најочајниот народ во цела Европа па и пошироко. Од што сме сиромави и глупави кој сака може да манипулира со нас.
Во најпрост пример, да се ставите во ситуација каде некој непознат ви продава ум за да се збогатите на лесен и брз начин, 99% ќе загризите на неговите измами. Сето тоа е резултат на нашата бедотија, лакомост, мрзеливост и минималната едукација.
Така бидна и со овој случај, даваат лажна надеж на народот за излез од оваа црна дупка, добиваат избори и после ја користат најзаштитната стратегија напишана низ стиховите од Балашевич: ако су лагали мене и ја лажем вас.
За времето на Југославија, народот користел една фраза која гласела: во војска ти го перат мозокот...што е факт, а во денешно време е многу полошо, уште во основните училишта ти го перат мозокот.
Се извинувам за офтопикот, сакав само индиректно да ја претставам ситуацијата на која паднавме.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Малце апдејт на темата, од 4 милијарди долари вредни инвестиции на Субрата (потомокот на александровите војници и спасителот на Македонија) ќе бидеме среќни ако по судски пат извадиме 100.000 евра одштета
http://sdk.mk/index.php/makedonija/sinot-na-subrata-roj-na-sud-za-100-000-evra-dolg-za-dhumajlija/
До сега од целиот владин бизнис со Субрата остварени се дестина кила грашок кој остана несобран на нивите....
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Малце апдејт на темата, од 4 милијарди долари вредни инвестиции на Субрата (потомокот на александровите војници и спасителот на Македонија) ќе бидеме среќни ако по судски пат извадиме 100.000 евра одштета
http://sdk.mk/index.php/makedonija/sinot-na-subrata-roj-na-sud-za-100-000-evra-dolg-za-dhumajlija/
До сега од целиот владин бизнис со Субрата остварени се дестина кила грашок кој остана несобран на нивите....
Си направија реклама тогаш, еве правиме.
Тие си земаа Мк пасоши.
вин-вин
 

Kajgana Shop

На врв Bottom