Шаманизам

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Поимот шаманизам опфаќа традиционални верувања и пракси што ја вклучуваат способноста да се дијагнозира, лечи, и понекогаш да се предизвика човечко страдање заради посебна врска или контрола над духовите. Се верува дека шаманите се способни да го контролираат времето, да контактираат со боговите, да објаснуваат сништа, да изведуваат астрални проекции, како и да патуваат низ горните и долните светови. Оваа традиција постои насекаде низ светот уште од предисториски времиња.

Поимот шаманизам се однесува на верувања дека со светот владеат непознати сили и дишите на умрените (слично на анимализмот), со кои може да општи само посебно надарено лице, односно шаман, и на низа постапки со кои лечи болести, ја упатува заедницата да принесува жртви и да ги испраќа душите на умрените на другиот свет. Се верува дека тоа се постигнува со преоѓање преку оската на светот и со створање на посебни односи со духовите или здобивање контрола над истите. На шаманите им се припишува способност за управување со временските прилики, гатање, толкување сонови, астрални проекции, патување низ „Вишите“ и „нижите“ светови. Шаманистички традиции постојат ширум светот, на сите континенти, уште од праисториски времиња, дури од времето на палеолитот.

Шаманизмот е прастара техника на екстаза. Една од главните црти на шаманското мистично искуство е тежнеењето кон рајот, кон преовладување на на издвоеноста во која се наоѓаат човечките суштества. Паѓањето во екстаза (транс) и духовното патување во горниот и долниот свет се превзема поради обраќање кон духовите за помош и заштита. Остатоци од шаманизмот се наоѓаат на сите континенти, а феноменот е денес најприсутен во средна Азија и Африка и во делови од Јужна Америка.

Шаманот е свештеник, нешто како лекар и духовен водач на племето. Шаманите одиграле важна улога при одбрана на заедницата од мрачните сили и злите духови. Зборот шаман доаѓа од тунгузиски јазик, кој преку рускиот влегол во другите јазици во светот. Често какосиноним за шаман се користат волшебник, врач, или „medicine man“. Единствено шаманите денес го разбираат тајниот јазик на природата и јазикот на животните. Ги гледаат духовите и разговараат со душите на умрените.


Митот за падот
Митот за падот освен кај шаманските народи се среќава во скоро сите светски религии. Се нарекува уште и мит за изгубениот рај. Суштината на митот за падот е дека првите луѓе биле среќни, живееле поблиску до природата, поблиску едни со други и со божјото и го разбирале јазикот на животните. Но еден ден човекот се свртел против природата за да покаже колку е моќен, дека може да ги уредува работите по своја волја. Тогаш целиот универзум се променил и многу знаења биле тргнати од човечките очи. Од тогаш луѓето и животнИте веќе не се разбирале а единствено мртвите и шаманите имале контакт со боженственото. Но за разлика од првите луѓе денешните шамани не можатда се воздигнат на небото во својата телесна форма, туку само духовно. По враќањето од своите астрални патувања, шаманите им раскажуваат на останатите за тоа каков е стварниот светзад овој кој го познаваме.


Шаманска иницијација
Два најчести начини на станување шаман се следните: Наследно пренесување на звањето шаман или со вродена дарба. Иницијацијата најчесто започнува со состојба налик на душевни болести и паѓање на шаманите во повеќедневен транс. Често идниот шаман сонува иницијациски сонови во кои добива порака дека ќе стане шаман. Кај многу народи во Северна и Јужна Америка, Африка и Индонезија присутно е и иницијациско парчосување на тело. Симболиката на тој ритуал е во тоа да шаманот се откаже од старото тело и своето минато како единечна особа и да стане духовен воин, шаман. Обредите на иницијација како качување на дрво, возвишување со помош на виножито, астрални патувања во транс и т.н. симболизираат воздигнување на идниот шаман на небото. Ако успешно ја помине иницијацијата, шаманот станува станува единствено (unique, извинете за превод) човечко битие кому му се познати патиштата во горниот и долниот свет и кој може да патува по нив. По враќањето од едното и другото патување, шаманот исцрпно ги запознава присутните за своите доживувања, ги запознава со расположението на боговите, како и со приликите во царството на мртвите.


Шаманска екстаза
Свесно и самоволно достигнување на духовна екстаза е тоа што е најизразито за шаманите. Во некои племиња екстазата се постигнува со духовни вежби и со напор на волјата, додека кај некои се постигнува со помош на разни помагала. Така во цел Сибир е позната екстазата со помош на интоксикација со печурки. Во други краеви екстаза се постигнува со наркотици или тутун. Кај некои шаманот седнува во најтемниот дел на куќата и свири на гитара. Кај Алтајците екстазата е виша состојба на инспирација. Шаманот гледа и слуша духови, во екстаза патува во далечни краеви, но не е без свест.
Суштината на шаманската екстаза е воздигнување на небото и симнување во долниот свет. Кога шаманот ќе се врати од трансот, тој мора да биде способен да раскаже и евентуално да протолкува што видел и доживеал.


Шаманска облека
Шаманите секогаш имаат специфична облека каде и најмалото делче облека симболизира нешто. Најчести делови од облеката се крзно, капа, стап, маска, тапан и разни магични предмети како коски, пердуви и сл. Понекогаш и потполна голотија може да е шаманска „облека“. Шаманската маска се користи поради полесно надминување на сопствениот идентитет како поединец. Шаманскиот тапан се користи за паѓање во транс со помош на повторување на ритамот.

Шаманско лечење
Шаманското лечење најчесто се обавува магиски а се состои во тоа да шаманот пробува да ја повика душата на болниот да се врати во телото или со техники на напуштање на телото да оди да ја побара залутаната душа и да ја врати назад. Шаманот свири на тапан или на гитара додека не падне во транс. Неговата душа во таа состојба го напушта телото во потрага по душата на болниот. Ваквото лечење наликува на обредот за истерување на духови. Покрај магиските техники на лечење шаманите користат и лековити треви и напитоци, кои одлично ги познаваат.


Тоа би било накратко за шаманизмот, но би сакал да додадам еден писател кој доста ги има истражувано шаманите во Јужна Америка. Станува збор за Карлос кастанеда. Еве еден краток осврт за него.

Карлос Кастанеда (25 декември 1925 - 27 април 1998) бил американски автор со перуанско потекло. Започнувајќи со книгата „Учењето на дон Хуан“ во 1968 година, Кастанеда напишал серијал на книги во кои го опишува традиционалниот шаманизам. Неговите книги се продадени во повеќе од осум милиони копии, преведени на 17 јазици.

Книгите на Кастанеда, како и самиот тој, со години се контроверзни. Приврзаниците велат дека философијата и практиките кои се опишани во книгите се вистински техники за подигнување на свеста, додека останатите сметаат дека книгите се измислица. Сепак, неговата трета книга со наслов „Патот во Икстлан“ е призната како негова докторска дисертација, на УКЛА, универзитетот Лос Анѓелес, Калифорнија.

Во книгите, Кастанеда раскажува во прво лице еднина, затоа што тие претставуваат негови лични искуства додека бил ученик на индијанскиот шаман од племето Јаки, господинот Хуан Матус (Кастанеда го именува со шпанскиот збор за «господин» — „дон“), кого го сретнал во 1960 година, додека студирал антропологија. Кастанеда во своите книги вели дека Дон Хуан Матус ја забележал неговата енергетска конфигурација која соодветствува на онаа на еден „нагуал“, чиј дух може да стане лидер на група пророци. Тој го користи терминот нагуал да го означи делот на перцепцијата кој се наоѓа во границите на непознатото, но сепак дофатливо за човекот, тврдејќи дека, во неговата група пророци, Дон Хуан е на некој начин врската со непознатото. Кастанеда често пати ова непознато го нарекува „невообичаена реалност“, што покажува дека тоа е всушност реалност, но дијаметрално спротивна на вообичаената реалност која луѓето, кои се длабоко понесени од секојдневните активности, ја доживуваат.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Истражувал Кастањеда. Кастањеда е шаман а Хуан Матос е личност одсликана по негов карактер :icon_lol:.
--- надополнето: 6 септември 2012 во 14:58 ---
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
баш така, а јас сум Мајка Тереза :P
Атеист,

а да ни‘ наведеше и податоци за тоа, кои све „стимулативни средства„ ги користат шаманите, за да си ја „прошират свеста„ и преку то, да стапат во „контакт„ со „духовите„ (читај: демоните...).

Ај чкртни некоја реченица и за то...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.808
Поени од реакции
11.425
Имав прилика да упознаам шаман летово во турција, и да поминам со него еден чанга ритуал. Неопишливо искуство.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Атеист,

а да ни‘ наведеше и податоци за тоа, кои све „стимулативни средства„ ги користат шаманите, за да си ја „прошират свеста„ и преку то, да стапат во „контакт„ со „духовите„ (читај: демоните...).

Ај чкртни некоја реченица и за то...
Ayahuasca, 100% природен лек, а сепак нелегален.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Дали шаманите прават магии што лечат Рак, СИДА, Ебола, Полио, Дијабетис и други неизлечиви болести?
Ако можат, како и дали има евиденција дека некогаш некој шаман навистина го направил тоа?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Дали шаманите прават магии што лечат Рак, СИДА, Ебола, Полио, Дијабетис и други неизлечиви болести?
Ако можат, како и дали има евиденција дека некогаш некој шаман навистина го направил тоа?
Да и тоа лечат. Ако и таму не успее, право кај Иван од Куманово. Тој ти е главен шаман на овие простори. :pos:
 
M

Muranyi

Гостин
Не сум воопшто запознаен со шаманизмот,се што знам е постираниот текст од Атеист.Туку,друго ми беше муабетот.Одамна,пред можеби некои две години гледав едно интервју на господин Дејвид Ајк со шаманот Кредо Мутва.Знам дека многумина од вас се скептици во однос на учењето и предавањата на Дејвид,меѓу нив сум и јас но сепак човекот во многу работи има поента и за многу работи ја кажува вистината,без разлика што некој сака да го прикаже како лудак и слично.
Да не одам офтопик,сепак темата е за шаманизам.Она што успеа да ми остане во сеќавање,од интервјуто со шаман Кредо,тој кажа дека порано луѓето,пред многу многу години,биле во хармонија со природата.Не постоела вербална комуникација помеѓу луѓето,комуницирале телепатски меѓусебно,а истотака комуницирале и со животните и со нив се рабирале.Никогаш не убивале животни,го почитувале животот на секое битие на Земјата,во природата,се хранеле само со плодови(овошје,зеленчук).И така луѓето биле среќни и живееле во хармонија,се додека од небото не се симнале чудни направи(вселенски бродови)и од нив излегле суштества кои луѓето ги сметале за Богови.Боговите на човекот му ја подариле можноста за вербална комуникација и оттогаш кај човекот се развил говорот.
Шаманот раскажа и свое искуство со овие хуманоидни суштества,кои ги имало наводно повеќе видови(некои биле со рептилоиден изглед,некои ги опишуваше со големи глави итн.),бил киднапиран и не се сеќава точно колку време го немало,кажуваше како му вршеле некои испитувања и слично.Исто рече дека овие суштества се хранат со негативни емоции(вибрации,сето ова е дел од теоријата на Ајк) и порача ако некогаш сретнете такви суштества а сте во друштво со припадник на спротивниот пол веднаш да почнете да водите љубов,на самото место и тие ентитети ќе ги снема:D
Малку забегав со прикаската,можеби и сум оффтопик но сакав само да споделам какви се размислувањата на еден шаман од Африка.Ако некој сака да го погледно цело интервју,го има закачено на јутуб или нека ми пише ПП,со задоволство ќе му го пратам линкот.
 
D

Daedalus

Гостин
Не сум воопшто запознаен со шаманизмот,се што знам е постираниот текст од Атеист.Туку,друго ми беше муабетот.Одамна,пред можеби некои две години гледав едно интервју на господин Дејвид Ајк со шаманот Кредо Мутва.Знам дека многумина од вас се скептици во однос на учењето и предавањата на Дејвид,меѓу нив сум и јас но сепак човекот во многу работи има поента и за многу работи ја кажува вистината,без разлика што некој сака да го прикаже како лудак и слично.
Да не одам офтопик,сепак темата е за шаманизам.Она што успеа да ми остане во сеќавање,од интервјуто со шаман Кредо,тој кажа дека порано луѓето,пред многу многу години,биле во хармонија со природата.Не постоела вербална комуникација помеѓу луѓето,комуницирале телепатски меѓусебно,а истотака комуницирале и со животните и со нив се рабирале.Никогаш не убивале животни,го почитувале животот на секое битие на Земјата,во природата,се хранеле само со плодови(овошје,зеленчук).И така луѓето биле среќни и живееле во хармонија,се додека од небото не се симнале чудни направи(вселенски бродови)и од нив излегле суштества кои луѓето ги сметале за Богови.Боговите на човекот му ја подариле можноста за вербална комуникација и оттогаш кај човекот се развил говорот.
Шаманот раскажа и свое искуство со овие хуманоидни суштества,кои ги имало наводно повеќе видови(некои биле со рептилоиден изглед,некои ги опишуваше со големи глави итн.),бил киднапиран и не се сеќава точно колку време го немало,кажуваше како му вршеле некои испитувања и слично.Исто рече дека овие суштества се хранат со негативни емоции(вибрации,сето ова е дел од теоријата на Ајк) и порача ако некогаш сретнете такви суштества а сте во друштво со припадник на спротивниот пол веднаш да почнете да водите љубов,на самото место и тие ентитети ќе ги снема:D
Малку забегав со прикаската,можеби и сум оффтопик но сакав само да споделам какви се размислувањата на еден шаман од Африка.Ако некој сака да го погледно цело интервју,го има закачено на јутуб или нека ми пише ПП,со задоволство ќе му го пратам линкот.
Поентата е дека сите тие искуства и знаења се измислени.
Освен интересни приказни кои се добри за правење на серија која ќе парира на Game of Thrones останатото е фантазија. Секако вакви суштества кои постојат во астралниот свет, оваа "energija" koја постои во природата и сите останати ствари стануваат реални при дејство на ДМТ, марихуана, ЛСД или друг вид на халуциногени дроги. Меѓу другото ако си навистина со отворен ум на оваа тематика и сакаш да ги погледнеш двете страни од аргументот, можам да ти препорачам некоја скептичка литература.
 
M

Muranyi

Гостин
Поентата е дека сите тие искуства и знаења се измислени.
Освен интересни приказни кои се добри за правење на серија која ќе парира на Game of Thrones останатото е фантазија. Секако вакви суштества кои постојат во астралниот свет, оваа "energija" koја постои во природата и сите останати ствари стануваат реални при дејство на ДМТ, марихуана, ЛСД или друг вид на халуциногени дроги. Меѓу другото ако си навистина со отворен ум на оваа тематика и сакаш да ги погледнеш двете страни од аргументот, можам да ти препорачам некоја скептичка литература.
Јас сум ионака скептик во врска со тоа,не заземам страна,не тврдам дали е вистина или не,само го пишав колку да дадам придонес кон темата.А баш ме интересира,колку што ми е познато,зошто сите тврдат дека при астрална проекција,се сретнуваат со некојси ентитет,ако не сум грешка Азазел или слично се викаше.И тоа голем процент од тие што имале АП,тврдат дека имале средба со него.Случајност или не,не знам.
 
M

Muranyi

Гостин
Не знам дали во Македонија воопшто постојат шамани,но јас затоа ќе ви пишам за првиот српски шаман.

Антропологот Жељко Јокиќ мораше да стане домородец во венецуелската прашума,а потоа и шаман во племето Јаномами за да напише докторска дисертација.
Роден е во Белград,пред 42 години.Првин стана научник,а потоа шаман.Живеел во Сиднеј и во Амазонија,а потоа се врати во родното место како доктор по антропологија.Има објавено и книга иако одамна не учествува во шамански ритуали,сепак вели дека никогаш нема да го заборави времето поминато со племето на југот на Венецуела.
Тој вели дека шаманот е исцелител и духовен водич,шаманот има семејство,оди во лов и учествува во земјоделските работи,а дополнителна функција му е заштита на племето од болести и зли духови.Скоро по правило се секогаш припадници на посилниот пол,иако во последните 60 години во тоа племе имало и неколку жени-шамани,кои сепак не се иницирани докрај поради нивната женска природа-се плашат од духови.
Јаномами шаманите користат халуциногени супстанци,добиени од кората на некое посебно дрво и таа се меле во прав.Шаманите со посебни трски да дуваат супстанцата во носот на друг шаман.Пред овој ритуал,шаманот мора да пости.
-Одеднаш почнуваш да се потиш,срцето силно ти чука,сетилата ти се изоструваат а светот и се околу тебе добива жолтеникава боја,како стара фотографија.Свеста ти се шири,сетилата се толку остри што чувствуваш дека сите луѓе околу тебе се едно,дека свеста се соединила а телата(физички)исчезнале.На почетокот паѓав во несвест,но други шамани се грижеа за мене.

-Секој шаман има своја песна која му се јавува на сон или некои зборови,кои му ги пренесува друг шаман.Шаманот,со таа ритуална песна ги повикува своите духови(на јагуар,папагал,дрво,Сонце,Месечина итн.).Искусен шаман,после после неколку минути,влегува во транс.

-Мојата иницијација траеше три недели и ми стигаше вистинска поворка на духови.Духовите првин доаѓаа кај главниот шаман.Не се тоа духови какви што ги гледаме по филмовите од Холивуд,но сетилата се изоструваат и ги чувствував како енергија,како ветар да ми поминува низ телото.Така во мене влезе дух,а јас како шаман морав да го контролирам,инаку не би бил шаман.
Српскиот шаман станал престојувалиште и за зли духови,кои ги користел за лечење на луѓето.
-Добив натприродни способности,како на пример рендгенски вид.Ги гледав внатрешните органи кај луѓето и така можев да лечам.Еднаш ми дојде една старица,со оток под пазувите.Го искористив духот на јагуарот да со канџите ја тргнам болеста и духот на ветерот за да го закрпам астралното тело.Нејзе и спадна отокот после 5 дена,а дали навистина јас имав удел во тоа или отокот сам од себе се повлече,не би можел со сигурност да тврдам.

Инаку се има борено со зли духови,кои доаѓаат со ветерот,пред дождот.Вели дека тоа се случува на различно ниво на свеста,на друго енергетско ниво.Пристигнал ветрот,а тој против својата волја,како да бил контролиран го земал мечот и почнал да мафта со него и да урла и тогаш почнало да паѓа дожд:D

Од Венецуела отпатувал во Австралија и докторирал,а во Србија ја има објавено книгата "Со шаманите во амазонската прашума".Вели дека му недостасува тоа време поминато со племето,имал чувство како времето таму стои,не минува,му фали чувството на единство и припадност и не е сигурен дали некогаш би можел да се врати повторно.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Зошто шаманизам?
Шаманизмот како систем од духовни учења и практики е претходник на сите религии и духовни учења кои настанале покасно. Посебно влијание имаат врз далекуисточните религии (хиндуизам) од кој пак настануваат другите источни религии (Будизам, Таоизам, Шинто, Џаинизам, Конфучијанизам. и др.).

"Бидејќи не е организирана религија како таква, туку спиритуална пракса, шаманизмот зема дел во сите вери и убедувања, достигнувајќи високи нивоа на анцестралната меморија. Како исконски систем на верување, кој претходи на организираната религија, тоа има свои симболи и космологија, населена со луѓе, богови и тотеми, кои покажуваат слични карактеристики иако тие се појавуваат во различни форми, во зависност од нивните места на потекло. "
~ Џон Метјус, Келтски Шаман
Шаманизмот е духовна пракса што може да се најде во култури низ целиот свет од античките времиња до денес. Прво и основно, шаманските практики се практични и флексибилни. Овие практики коегзистираат над милениуми со различни култури, системи на владеење, и организираните религиозни практики.

Многу формални религии, од хиндуизмот до исламот, потекнуваат од древните шамански корени и се уште носат шамански теми на длабока врска со божественото во сите нешта. Но, шаманизмот сам по себе не е формален систем на верувања или идеологија. Напротив, тоа е група на активности и искуства споделени од страна на шаманите во културите од целиот свет. Овие практики се прилагодливи и коегзистираат со различни култури, системи на владеење, и организираните религиозни практики.


Индивидуални практики

Денес, во не-домородни култури, шаманизмот се изучува и практикува како животен пат. Според шаманистичката перспектива, поединци се стремат да бидат во врска со духот во сите нешта. Тие сакаат да ги искорист информациите и насоките од не-обичената реалност со намера да формираат свое животно искуство.

Ова гледиште не е инхерентно контрадикторно на било која религиозна пракса, која му овозможува на едно лице да биде во директна врска со она што тие го доживуваат како повисока сила.

Исто како во старите времиња, современите луѓе се консултираат со модерно-временските шамански лекари за практични и прагматични решенија за проблемите во секојдневниот живот, од лични болести, професионални предизвици, или семеен раздор до анцестрални прашања.

Шаманите работат во доброволнa, екстатична транс состојба, која ја менува нивната свесност и им овозможува да патуваат во царството на невидливите светови. Нивната способност да се здобијат со информации и да прават промени во овие царства зависат од односите кои ги развиваат со духовите таму. Во оваа смисла, Шаманизмот е пракса базирана на релации кои прават промени во невидливите светови за да можат да лечат луѓе или цели заедници во светот на обичната реалност.

За некои луѓе ваквата шаманистичка пракса е дел од нивната доминантна култура, додека за други сосема спротивното. Некои индивидуи се интуитивно наведени да бараат помош од шамани, најчесто кога сите други можности се исрпени, без притоа да разбираат што е шаман или како тој работи.
--- надополнето: 11 септември 2012 во 11:22 ---
Браво колега одличен пост на темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom