Честит 8. март - Интернационален ден на жената

Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Им го честитам 8 Март на сите жени,девојки,дами,госпоѓи,госпоѓици,домаќинки,деловни жени...
На сите припаднички од понежниот пол.
Напредок,просперитет и рамноправност за сите.Имајте прекрасен ден.
1392833B1409.jpg
 
A

AnFem

Гостин
Не сум сигурна дали има оваква, па спојувајте ако е вишок...

Ајде малку историја, а воедно и да бидеме свесни зошто се слави овој ден (иако мене сеуште не ми е до прослава). Да се вратиме назад во 1857 година, 8-ми Март, во Њу Јорк, каде се оддржал голем протест против лошите услови за работа и ниски плати, во организација на жени вработени во текстилната индустрија. Тоа бил голем напредок и за развојот на општеството како целина, како и за почетокот на еманципација на жените, кој сеуште е во тек. Во 1908, повторно на 8-ми Март, во Њу Јорк, 15 000 жени марширале низ градот сакајќи пократко работно време, поголема плата, права на глас и забрана на детската работа. Протестирале под слоганот „Леб и рози“, каде што лебот е симбол на економската безбедност, а розите претставувале подобар квалитет на живот. Подоцна, истата година, последната недела во февруари, била донесена одлука да се одбележи Националниот ден на жените, во период од 1909 – 1913 год.
Приказната продолжува во Данска, каде на меѓународна конференција, се сретнале социјалистички организации, и каде што Клара Цеткин, германска социјалистка, предложила Меѓународниот ден на жените да го одбележи протестот во 1857. Повеќе од 100 жени, од различни земји, веднаш го прифатиле предлогот, но точен датум не бил избран. Следната година, меѓународниот ден на жената е одбележан на 19-ти Март, во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија, каде што мажите и жените го бараат правото да гласаат, да бидат избрани и да се забрани дискриминацијата на жените на работа. Крајниот настан значаен за историјата на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, се одржа во Русија 1917, кога руските жени почнале протест . Ги постигнале своите цели и добиле право на глас. Конечно, 1975, Обединетите нации го прогласиле 8-ми Март како официјален ден за прослава на долгата женска борба за еднаквост во светот, базирано на патријахатот.
Tажно е што била потребна борба од таков вид, бидејќи тоа значи дека имало големи причини за започнување на истата. А имало причини. Сите тие се директна последица на угнетената положба на жените во текот на историјата, за која, сигурна сум, повеќето се свесни.
Меѓутоа, истото мнозинство можеби и го одобрува феминистичкото движење, кое го постигна основниот напредок во 20 век, но за ставот дека феминизмот денес е потполно непотребен, можеме да ја обвиниме погрешната интерпретација на идејата. Не се работи за непотребни приговарања, се работи за свесност за опкружувањето во кое живееме.
Многу мажи се дел или ја поддржуваат оваа идеја за еднаквост, бидејќи тие сфаќаат дека очигледно нешто не е во ред. Не се ли жените денес сеуште главни жртви на физичко и сексуално насилство? Не се ли во „неразвиените“ делови на светот сеуште во понижувачка позиција, бидејќи немаат право да прават ништо без дозвола на мажите, кои „се должни“ да ги почитуваат? Не се бројни во трговијата со луѓе? Не се ли сеуште претежно жените домаќинки? Не се ли женските списанија полни со празна пропаганда која создава стандарди што на крајот ќе донесат профит за оние кои ги поставуваат тие стандарди? Не продава ли женското тело се’ ? Примери има многу. Се разбира, тоа не може да се негира дека има многу промени во текот на минатиот век, но родовата нееднаквост и понатаму е присутна и видлива денес, како и знаците на напредок, како подобра едуцираност на жените, грижа за здравје и многу други.
Целосната еманципација ќе се постигне само со смртта на шовинизмот, кој сеуште е присутен во општеството, без оглед на тоа колку би сакале да го сметаме за развиен.

Еднакви права за сите!


 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.325
„Жените кои сакаат да бидат еднакви со мажите, имаат недостиг на амбици“ - Тимоти Лири.
Ама жени, ви посакувам среќно тресење салце по кафани вечер. Пошо сепак, Роза Луксембург и другарките за тоа се бореле : ))
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Протестирале под слоганот „Леб и рози“,
Каранфилите се по 50, мимозите исто само побрзо прецветуваат...розите се изгор, сто

Него на темава треба да се честита или да се протестира. Ако се протестира, за што?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се радувам што од ден на ден гледам се поголем број на жени кој се високообразовани, финансиски стабилни и независни. Во тоа е клучот на рамноправноста. Македонија во овој поглед има драстичен напредок од нејзиното осамостојување до денес. Епа жени нека ни е честит 8 Март.
 
A

AnFem

Гостин
Него на темава треба да се честита или да се протестира. Ако се протестира, за што?

За сечените клиториси, за затворањата во изолирана и темна просторија поради лишување од пмс, за фереџињата кои се носени поради страв, за домашното насилство, за робувањето во куќа, за трговијата, за сеуште присутната дискриминација на работа... Доволно, или да продолжам?

Можеби овие работи не се распространети подеднакво во светот, но не значи дека не постојат. Искрено, овде, каде што се наоѓам моментално, повеќе би организирала протест за правата на мажите, затоа што, од моја гледна точка, тука мажите се дискриминирани. Ама сепак, ќе присуствувам на настаните што се организирани, чисто за да им ја подзатнам муцката на „феминисткиве“, затоа што сум изиритирана од некои невкусни работи што ги слушнав(за мажите) и да им објаснам колку им е смешно и безсмислено денешното парадирање по улиците, на овие простори.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
За сечените клиториси, за затворањата во изолирана и темна просторија поради лишување од пмс, за фереџињата кои се носени поради страв, за домашното насилство, за робувањето во куќа, за трговијата, за сеуште присутната дискриминација на работа... Доволно, или да продолжам?
А кај го има ова во Македонија? За китови и слонови, и тие се загрозени створови...војните на Блискиот Исток, злоупотреба на работна сила, искористување на малолетници...ако сакаш да протестираш за секој проблем низ светот тогаш колку време ќе ти остане за семејството, работата, секојдневието? Продуктивноста ќе отиде во мајчината...а тие антифа, анархиклубови и феминистички движења нема да ми ја наранат фамилијата.

Башка ако денеска жената кај нас е дискриминирана, ја тука сум најтенок. Не зборам за изолирани случаи. Генерално, овде жената е дури и повеќе од слободна.
 
A

AnFem

Гостин
А кај го има ова во Македонија? За китови и слонови, и тие се загрозени створови...војните на Блискиот Исток, злоупотреба на работна сила, искористување на малолетници...ако сакаш да протестираш за секој проблем низ светот тогаш колку време ќе ти остане за семејството, работата, секојдневието? Продуктивноста ќе отиде во мајчината...а тие антифа, анархиклубови и феминистички движења нема да ми ја наранат фамилијата.

Башка ако денеска жената кај нас е дискриминирана, ја тука сум најтенок.
Значи реков: Овие работи не се подеднакво распространети во светот, што не значи дека не постојат.

Ако сакаш да најдеш време, можеш да одвоиш за работа, за фамилија, за одмор и за активизам... Дури и времето ќе ти биде супер потполнето, ќе немаш време да се депримираш :icon_lol:
... Во спротивно човечноста ќе отиде во мајчината...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Каранфилите се по 50, мимозите исто само побрзо прецветуваат...розите се изгор, сто

Него на темава треба да се честита или да се протестира. Ако се протестира, за што?
Има едни од платно направени рози - ко вистински се, јас зедов една пред... 4-5 години и само кје ја исперам ден два пред осми март.... вчера баш ја најдов гледам изгледа од годините нешто ми обледна, се мислам да ја ишприцам ми остана тро бела спреј боја.... ил да побарам металик нешто...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Башка ако денеска жената кај нас е дискриминирана, ја тука сум најтенок. Не зборам за изолирани случаи. Генерално, овде жената е дури и повеќе од слободна.
Се согласувам целосно. Во Македонија жената е повеќе од слободна, се зависи само од нејзината глава. Ако она се чувствува како потчинета тогаш во неа е проблемот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom