Црниот дроб (hepar) е орган кој е многу важен во човековиот организам. Без него човекот не може. Тој е прочистувач на крвта и е прв орган кој страда од неправилна исхрана, алкохол...
Најчести заболувања од кои страда црниот дроб се хепатит А, Б, Ц, цироза...
Доколку овие заболувања не се третираат може да дојде до негово големо оштетување , а самиот имун систем во најголем број случаи не може да се избори самостојно , па потребно е и одредена терапија.
Драги мои затоа не занемарувајте ги тегобите кои укажуваат на проблеми со црниот дроб и веднаш посетете го вашиот матичен лекар.
Најдобро е да направите ехо преглед , а уште подобра и поточна метода е фиброскен кој со точност ја одредува фазата од негово оштетување.
Освен терапијата препишана од хепатолог (кој никако не смеете да ја прекинувате) постојат и природни начини за негова брза регенерација (обновување). Како на пример: чај од комбуха, или нектар од грозје (има продавница покрај кеј на вардар кај оние што продаваат книги на старо, продавницата е на тиквеш) и се пие по една чаша наутро растворена со вода.
Многу е важно да се внимава и на исхраната
Мој совет е да си го чувате и негувате црниот дроб бидејќи неговата функција е доста важна , а неговата обнова е доста тешка.
(ова е кратка верзија за црниот дроб се надевам ќе ви биде од корист)
поздрав
д-р