Цени на производи кај нас vs остаток од светот

Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
кретени дека се се затоа што трпат се! само бојкот на лакоми трговци и производи му е лекот, како може од кина да ти пратат нешто што е под еден долар <60 ден на домашна адреса без да ти наплатат дополнително а од амц да купам нешто онлине со цена од 3999 ден треба да им доплатам 300 ден.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Верувам дека секаде во свет има пристојни услови за живот. Ако имаш работа освен дан,све, и ...
.не баш, ако исклучиме кокодакање и друго јадење трици од инает овде мин 80% од светот живее во полоши услови од МКД, ако под услови подразбираме се што не опкружува.
Маркерите кои се земаат за компарација на подобро.., се само горниот слој на тие 20%. Ние... на жалост наша , сме некаде на самото нивно дно , ама сепак во истото буре.... :) :) :)
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Не знам што ти е крива државата...ако ти е за месо дојди јас ке ти дадам месо.
Абе тиквар , зборувам за просечно Македонско семејство.. не за мене. Мисли малку со тиквата, пред да се направиш мангуп на форум.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
хммм..не ми е јасно зошто ги окривуваш трговците , кога купувачите се клучните кретени??? што не купиле кога цената била ниска т.е. пред празникот??? :) :) Тезгаџииве си ја имаат класичната логика на микро пазар...не гледаат подалеку од носот.
Тоа само кажува едно: малите економии можат да функционираат само како плански. Поимот ПЛАН во денешно тотално компјутеризирано време не е исто со она што си замислувале наивно комесарите на Ленин, така да не треба да се меша со таквите промашаи...Реално и глобалниот систем работи плански, но без да го интересира како се одразува тоа на оние на кои им ја крои капата. Го интересира само неговиот профит т.е. добробит. Другото влегува во трошок кој треба да се минимализира.
Затоа што немам намера вината да си ја префрлам на себе како потрошувач.
Мене како потрошувач прв и последен интерес ми е цената на производот (под претпоставка дека квалитетот е сличен кај повеќе понудувачи). Цени на производи варираат и во светот поради разни причини, но во никој случај не се зголемуваат за 200% преку ноќ, само 7 дена во годината со цел брзо и лесно збогатување. Нормално дека не го постигнуваат тоа, ама се трудат барем. Истото тоа во нормална пазарна економија би било погубно за понудувачот.
Тоа со пазарџиите е само најпрост пример. Ако разгледаме и други примери, како мобилни телефони, лаптопи, цена на телефонски разговори, сооднос цена/квалитет на понудени услуги, тогаш Македонија е доста скапа земја за живот.
Мобилен телефон да купиш во Македонија, од некој од провајдерите, дури и со 2-3 илјади попуст на цената за продолжување на договор (и тоа телефон кој ќе биди кодиран), е за неколку илјади денари поскап отколку истиот преку Амазон да се порача во Германија, со боја по избор (а не во салонот да ти речат: извини ама само црн има) и некодиран. Лаптопите такоџе се со неколку илјади поскапи, со застарени конфигурации или без оперативен систем... исто и за телевизори, хај-фај уреди итн.
На крај пак мислам дека сето се сведува на тоа: микро пазар. Премал број на потрошувачи со многу ниска куповна моќ. Долевање масло на огнот е и тоа што нема никаква заштита на потрошувачите, нема инспекции, контрола на производите, стандарди нема никакви. Сето тоа доведува до тоа трговците да ја злоупотребуваат состојбата до максимум.
Сигурен сум оти мнозинството од форумов имаме искуство со купени производи кои што требало да се вратат или заменат, или пак дефектни за време на гарантен рок, па еден куп проблеми околу гаранцијата, продавачите на секој начин се обидуваат да заобиколат за да не овозможат поправка или замена на нивни трошок. Доверба се нема никаква во фирмите. За разлика пак, во Германија имаш законско право од минимум 14 дена (повеќето и до 30 дена нудат) да го вратиш производот без никакво објаснување. Не мора да е дефектен, едноставно не ти се бендисува и го враќаш, парите ти се враќаат на сметка. Било гардероба, мобилен телефон, лаптоп, телевизор... било што.
Сите овие детаљи ко ќе се сумираат, го прават искуството како потрошувач добро, има конкуренција, натпревар и со самото тоа и битка за цени.
Мое мислење е дека во многу подобра ситуација би дошла Македонија доколку се отворат границите, безцаринска трговија се воведи (барем на Балканот во почеток ако не пошироко), онлајн-шопингот стани широко достапен (Амазон пример да влези на пазарот), брза и сигурна достава... Само онлајн шопингот ако се подобри и прошири ќе придонеси за голема конкуренција и битка за подобри цени и квалитет, ама тоа ко шо пишав треба да биди пропратено со сигурна и брза достава.
 
Незнам дали си забележал, ама границите на Македонија се одамна отворени за сите олјевци и долјлевци од цел свет, посебно од Европа.., што нормално не е случај за нас бидејќи нивните таму се добро замандалени со разноразни стандарди и прописи кои ние ни во сон не можеме да ги исполниме , едноставно затоа што се апсолутно неисполнливи или нивното исполнување чини колку и целиот бизнис .
Затоа ни останува да бидеме ЛОН робови, а такви дечиња како тебе да се радуваат дека на Амазон или АлиЕкспес ќе купат пет пати поевтино...
Но за да купиш треба да заработиш, а за да заработиш треба да продадеш со заработка.
Бидејќи тоа не го можеш затоа што неможеш, незнаеш, или едноставно несакаш, зошто мали ти се парите кои ги заработуваш..останува НЕКОЈА ВЛАДА да зема кредити и бидува најголем вработувач, т.е. делач на сиромаштија , претежно на нишачи на врата-земачи на плата или само земачи на плата....па ти оди види и понатака раскажувај ми за конкуренција на пазарот, еднакви можности, растење или паѓање на цени преку ноќ...итн.итн.
И немој одма со некои случаи кои го потврдуваат правилото , гледај ја ГОЛЕМАТА слика на нашата состојба.... :) :)
 
Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
.не баш, ако исклучиме кокодакање и друго јадење трици од инает овде мин 80% од светот живее во полоши услови од МКД, ако под услови подразбираме се што не опкружува.
Маркерите кои се земаат за компарација на подобро.., се само горниот слој на тие 20%. Ние... на жалост наша , сме некаде на самото нивно дно , ама сепак во истото буре.... :) :) :)
Не ти е лоша тезата ама за во 1977 година, а за сеа HDI index и пљус најголем јаз меѓу радничка класа и сељачиштата инфантилни, скоро први во свет сме :)

ЗА КОКОДАКАЊЕ И ЈАДЕЊЕ ТРИЦИ ОД ИНАЕТ ТРЕБА ДА НЕ ПОСТОЈАТ ФАКТИ.

АКО ГЛЕДАМЕ НАДВОР ОД КОЦКАТА ИЛИ ТРКАЛОТО- НЕ У ЕУ :))))
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не ти е лоша тезата ама за во 1977 година, а за сеа HDI index и пљус најголем јаз меѓу радничка класа и сељачиштата инфантилни, скоро први во свет сме :)

ЗА КОКОДАКАЊЕ И ЈАДЕЊЕ ТРИЦИ ОД ИНАЕТ ТРЕБА ДА НЕ ПОСТОЈАТ ФАКТИ.

АКО ГЛЕДАМЕ НАДВОР ОД КОЦКАТА ИЛИ ТРКАЛОТО- НЕ У ЕУ :))))
...некако ми заличуеше на неискусно јагненеце, немој сеа да испаднеш HDI индексно теле..., пак ли се фаќаш на тие удици за кленови???? :)
 
Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
...некако ми заличуеше на неискусно јагненеце, немој сеа да испаднеш HDI индексно теле..., пак ли се фаќаш на тие удици за кленови???? :)
ехххх :), некако ми е испод част да расклапам и да се расфрлам на форум со убави зборови како ...
и да расклапам теми

И ме подсети ова с0 кленови и онака не пратам политика ама ова мене ми изгледа како од штабче муабетот- чаршиски.

Не ми беше тоа муабетот, страшна корозија имам под лево тркало хахахаха.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Нешто си грешка, другарче.
Тешко дека квалитетен концетрат како храна за крави било пониско од цена на жито. Од причина, нели што цената на концетратот ја дигаат другите работи во составот.

Кога разговараме за цена на месо, млеко во МК и споредба со други држави - првиот проблем е немање храна за животните т.е. имање скапа храна. Од целата храна за животни (како суровина) 80-90% се увезува !
Македонија едноставно не е способна да си произведе храна !

Ако знаеш дека трошокот за храна ти е 60-80% од сите вкупи трошоци - тогаш јасно е дека ние не можеме да имаме евтино месо или млеко.
Зашто е ова вака -долга приказна.....

Пред 10 години беше и 28, ама тоа е нереална цена.
Кога имаш висока цена - пак имаш проблем : висока цена на суровина значи и скап краен производ-сирење, кашкавал, пакувано млеко. Е сега, не сме ние затворен систем- штом имаш скап домашен кашкавал ( или млеко) , тогаш на пазарот ке навлезе поевтин увозен. Тогаш ке ти се јави проблем за пласман на домашните млекари, кои пак проблемот ке го префрлат кај сточарите , со поголемо намалување на цена, или намалување на откуп.
На крај таа висока откупна цена пак ке доведе проблем кај сточарите...

На малопродажната цена на млекото влијаат многу фактори, најмалку алчноста на газдите.
Прво, трошоците за преработка и пакување, струја,амбалажа, се многу поскапени од пред 15 години. Понатаму, трошоци за дистрибуција ( бензин) исто се пакачени. Понатаму, под притисок на ЕУ, имаш многу дополнителни трошоци за задоволување на ХАЦЦП стандарди...
Сето ова носи повисока цена отколку пред 15 години
Друже, муабетот ми е ако е поскапено околу задоволување на стандарди на ЕУ, или трошоци за амбалажа, не мора за тоа веднаш камшик по грб да добиваат земјоделците и сточарите т.е најниската класа. Нека трпат газдите на млекарите.
Си погледнал ли, газдите на млекарите за овие 15-16 години збеснаа од пари. Си имаат накупено скапи автомобили, скапи куќи, направено викендици.
Како тоа газдите на млекарите воопшто не ги имаат почувствувано поскапувањата околу амбалажа на млеко и слични трошоци?
Напротив газдите го зголемиле својот имот и заработка.
Па ќе го зголемат богатството кога млекото од 24-25 денари ќе го откупуваат сега за 7-8 до 10 денари поефтино од литар.
А притоа цената на млеко во супермаркети и продавници е денес повисока од пред 15-16 години.
Дури граѓаните сега мислат дека штом е повисока цена на млеко во супермаркет дека тогаш сточарите имаат и повисока откупна цена на млекото а тоа нема врска со мозок.
Газдите на млекарите се огромни бизнис мафијаши, поефтино го откупуваат млекото а поскапо го продаваат во супермаркети од пред 15-16 години.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718

Не се разбираме, другарче.
Прво , збориме за бизнис , не за сентименталност. Не гледам зашто сопственикот на бизнис( млекара) би трпел затоа што на сопствникот на друг бизнис ( крави) не му одела математиката ?

Друго, само јас знам за 3 млекари во Скопје ( + Сведмилк ) што пропаднаа и затворија во последните 5 години.

Понатаму, кога викаш дека газдите се “огромни бизнис мафијаши“, мојот став е дека не се ништо помафијаши од било кој газди во други бизниси ( изградба на станови, аптеки, бензиски или сл.) Сите ги интересира профит. Еве ти, на пример, вложи твои пари и биди газда, па одговори си, дали би трпел за други да заработат ?

Кажав, не може да споредуваш цена на млеко во маркет сега и пред 15 години. Цената на суровина ти учествува со 60%. Другите 40% ти се други трошоци - а тие се покачени. Цена на гориво за откуп и транспорт, цена на струја за производзство, цена на амбалажа, цена на бруто плата на вработени, цени на анализи и др.ХАЦЦП барања - се е отидени нагоре. Следствено на тоа е покачена и цена на млеко во маркет
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Ориз
- Македонија 47 ден за 900г
- САД ( Дакота) 150 ден за 1кг
Брашно тип 400
- Македонија 24 ден за 1кг
- САД 140 ден за 1кг
Шеќер
- Македонија 38 ден за 1кг
- Сад 90 ден за 1кг
Млеко
- Македонија 38 ден за 1л
- САД 100-120 ден за 1л
Сончогледово масло
- САД 180 денари
- Македонија 65 денари
Компир
- Сад 200-350 денари
- Македонија 25 денари
Кашкавал
- САД 400-600
- Македонија 350-370
Пилешки гради
- САД 500-700
- Македонија 400
Мешано мелено месо
- САД 500-700
- Македонија 240
Јајца
- САД 75-100
- Македонија 50

Според намирниците наведени во првиот пост, вака се цените во САД т.е во Северна Дакота.
Колку се плаќа мин. за работен час во Северна Дакота?
Колку се плаќа месечна кирија за стан или куќа?
Како се со цени: кафичи, фитнес центри, кино, ресторани?
 
K

Kacar

Гостин
Колку е мин. работен час ов Северна Дакота? Колку се плаќа месечна кирија за стан или куќа?
Како се со цени: кафичи, фитнес центри, кино, ресторани?
Ispod 11 $ ne sum videl rabota, jas bev platen 12.50 $, cena smestuvanje primer vo komplex stanovi so kunja I toalet opremeno vo Apartments e studio 500 $, stan so edna spalna 600 $, so dve spalni 750 $ so tri spalni 850 $ mesecno.Samo mebel treba da nabavis. Nie bevme trojca vo dvo spalna apartment po 250 $ mesecno ni se fakjase.
Ceni na toa so imas nabroeno Kako I segde po Usa, nema nekoja razlika.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Ispod 11 $ ne sum videl rabota, jas bev platen 12.50 $, cena smestuvanje primer vo komplex stanovi so kunja I toalet opremeno vo Apartments e studio 500 $, stan so edna spalna 600 $, so dve spalni 750 $ so tri spalni 850 $ mesecno.Samo mebel treba da nabavis. Nie bevme trojca vo dvo spalna apartment po 250 $ mesecno ni se fakjase.
Ceni na toa so imas nabroeno Kako I segde po Usa, nema nekoja razlika.
Извини, а за каква работа ако не е тајна е 12.5 долари, бидејќи со ваква саатница на тие трошоци не знам како сите го живеат „Американскиот сон“, на крај на месец дали ќе ти останат 300-400 долари. Другари мои што отидоа преку work&travel и останаа таму возат камиони и се фалат дека земаат над 5к месечно, истерувале и до 6500 долари, еве ги за 2 години колку што се таму, купија свои џипови, камиони, се сликаат по луксузни забави....е сега или работат по 20 саати на ден, а не кажуваат, или пак возење камион е екстремно добра платена работа?
Според огласи за мојава професија гледам дека за инженери нудат околу 65-70 к годишна плата, е сега не знам дали е тоа бруто или нето...ако е нето веќе збориме за добра плата за овие цени, а ако е плата 2000 долари на вакви цени, тогаш треба да трпиш за да ти остане некој долар на крај на месец.
 
Vsusnost tamu e najpovolnp.
Rabotev dishwasher.
Po 60 saati nedelno.
Okolu 3000 dolari mesecno, 2500 -3000. Minus 250 za stan, minus najveke 500 za hrana I nes obleka ti ostanuvaat dobri pari Kako za student.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom